|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Блог: Да се биде на растојание од мама е тешко

Билјана Мартиновска, 9.3.2021
Прекрасен фб статус по повод 8-ми март објави авторката Билјана Мартиновска

image
/11


"Времето кое сакаме да го поминеме со нашите мајки никогаш не е доволно. 

Се сеќавам колку сакав да „украдам“ дел од нејзиното време само за да си поразговарам со неа, а таа растргната помеѓу обврските кои после работното време чекаа на неа во домот, сепак наоѓаше време да ме сослуша.

“Сакаш да си позборуваме во твојата соба?“ Кога ќе ги слушнев овие зборови, необична, неопишлива радост ме обземаше. Во тие мигови, мама беше само моја и само јас имав апсолутно право на неа. Да зборувам со неа, макар и кога немав нешто посебно да кажам, за мене беше среќа најголема!
Изминатата година беше посебно тешка. Потребна беше дистанца од сите, но се чини најтешка беше онаа што моравме да ја одржуваме со нашите родители. Заради општото добро на сите, најмногу заради нивно добро. Незамисливо беше да не се посетуваме, но неопходно беше. Несфатливо ни беше тоа што го доживувавме, а немавме друг избор. 

Да се биде на растојание од мама е тешко и тука годините немаат никаква врска. Го знаев тоа тогаш, како дете, го знам и сега, како возрасна личност. Најскапоцениот дар којшто може да ? се подари на мајката е времето. И она што им го даруваме на нашите деца како мајки. 
Порано или подоцна, го сфаќаме тоа. 
Времето не смее да биде фактор кој ќе ни го ограничува животот, а уште помалку фактор од кој ќе зависи нашата посветеност на најважните личности во живот! На оние кои растат побрзо одошто сме свесни, побрзо одошто и самите се свесни. На оние кои се зеницата на нашите очи, сонцето на нашите животи и смислата на нашето постоење, воопшто. 

„Уште сме на распуст, мама?“ – ми рече мојата Дарија едно утро додека бевме во карантин. „Не сме на распуст, злато...“ – почнав јас. „Добро, знам, ама мене ми е како распуст... најубавото нешто е што ти си секогаш тука кога ќе се разбудам и имаме цел ден за да правиме нешто заедно!“ Овие нејзини искрени зборови ми го осветлија утрото, ми ја осветлија личноста, зашто знам дека од нејзиното срце излегуваа! Зашто знам колку ? недостигав и колкава промена видов кај неа откако останавме дома. Свесна ли бев колку ? недостигав, знам често да се запрашам?  

Ако мене толку многу ми значеше времето кое мајка ми го одвојуваше за мене додека растев, со кое право јас им го кратев тоа време на моите деца? Секој миг е важен, затоа што мајките, жените заслужуваат многу повеќе од еден ден за да им го подариме нашето време и внимание. Не заборавајте го тоа!
Среќен празник, неверојатни суштества, наречени жени!" 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Срамно е да го нахраниш своето бебе во јав...
Денес налетав на објава од една мајка каде што имаше постирано како го дои своето дете во јавност една прекрасна група ...
5
Кога немаат интернет, децата се тажни!
Половина деца, помали од 12 години изјавуваат дека би биле тажни кога би немале интернет, а секое петто дете кажува дека...
4
Разговор со мајката на Јана - жртва на лог...
Деновиве актуелна е веста за тригодишното девојче кое е жртва на насилство од страна на логопедот со кој работело. Р...
4
Уртикарија кај децата
Црвени дамки, чешање и оток, појавата на осип кај детето може да изгледа алармантно. Уртикаријата, е честа појава кај де...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali ste tip sto ogovara?

Da (0%)

Ne (0%)

Ponekogas (100%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!