vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
За сите времиња во кои стоеше покрај мене
За целата вистина која ме натера да ја видам
За сета радост која ја донесе во мојот живот
За тоа што ме научи исправена да бидам
За сите соништа кои направи да се остварат
За сета љубов која ја најдов во тебе
Ќе ти бидам вечно благодарна драг мој
Ти си тој кој ме држеше
И никогаш не дозволи да паднам
Ти си тој кој го најде најдоброто во мене.
Ти беше мојата сила, кога бев слаба
Ти беше мојот глас, кога не можев да зборувам
Ти беше моите очи, кога не можев да гледам
Ти го виде најдоброто во мене.
Ме подигна кога не можев да дофатам
Ми даваше верба, бидејќи веруваше во мене.
Јас сум тоа што сум,
бидејќи ти беше до мене.
Ти ми даде крилја и ме научи да летам
Допирајќи ја твојата рака, можев да го допрам небото
Изгубената верба, ти ми ја врати
И рече дека ниту една ѕвезда не е недостижна.
Кога стоеше покрај мене, бев во небесата
Ја имав твојата поддршка, имав се.
Благодарна сум за секој ден кој ми го подари
Можеби не знам многу, но едно знам
Благословена бев, додека беше покрај мене.
Ти беше мојата сила, кога бев слаба
Ти беше мојот глас, кога не можев да зборувам
Ти беше моите очи, кога не можев да гледам
Ти го виде најдоброто во мене.
Ме подигна кога не можев да дофатам
Ми даваше верба, бидејќи веруваше во мене.
Јас сум тоа што сум,
бидејќи ти беше до мене.
Ти секогаш беше за мене
Нежен ветар кој ме води
Светлост во мојот мрак,
осветлувајќи го мојот живот со својот ореол.
Ти беше моја инспирација
Мојата вистина, преку сите лаги
Мојот свет е подобро место,
само заради тебе.
Ти беше мојата сила, кога бев слаба
Ти беше мојот глас, кога не можев да зборувам
Ти беше моите очи, кога не можев да гледам
Ти го виде најдоброто во мене.
Ме подигна кога не можев да дофатам
Ми даваше верба, бидејќи веруваше во мене.
Јас сум тоа што сум,
бидејќи ти беше до мене.
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како стерилитетот влијае на самодовербата?
Стерилитетот не влијае само врз физичкото здравје и можноста за зачнув...
Мастите во исхраната и плодноста
Квалитетот и видот на мастите во исхраната може да имаат улога во репр...
Телото по породувањето не е исто. Еве што е нормално
По породувањето, телото поминува низ голем број нормални физички и хор...
IVF (ин витро оплодување) се препорачува кога постои проблем со зачнув...
Што е себум и зошто и е потребен на кожата?
Кога ќе слушнеме „себум“, често помислуваме на мрсна кожа, сјај на лиц...