|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Бебе од 12 месеци: Развој и достигнувања

Редакција Рингераја, 25.5.2025
Поминаа цели 12 месеци. Доаѓа возбудливо време за вашето бебе исполнето со многу љубопитност за откривање нови вештини, откривање на околината и зголемена самостојност.

image
Бебе 12 месеци
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Што можете да очекувате во овој период во однос на растот, развојот и однесувањето.

Когнитивен развој (се однесува на процесот преку кој децата и возрасните учат да мислат, учат, помнат, решаваат проблеми и развиваат интелектуални способности)

  • Кај вашето бебе се развива сознанието дека постојат предметите, тоа знае дека работите постојат и кога не ги гледа.
  • Почнува да имитира дејства како што се ракување, мавтање со рацете, претворање дека зборува на телефон, танцување итн).
  • Почнува логички да размислува, отвора кутии, доаѓа до скриени играчки, мести коцки итн.
  • Разбира едноставни инструкции како „дај ми ја топката“ или „не“.

Комуникација и јазик

  • Вашето бебе веќе може да каже неколку 1 до 3 едноставни зборови како мама, тато, чао и разбира многу повеќе.
  • Често брбори со ритам и интонација што наликува на вистински говор.
  • Почнува да го препознава своето име и познати гласови.
  • Покажува на предмети што ги сака и одговара со гестови или звуци.

Моторика

  • Може да се исправи и да се придржува за мебел.
  • Некои бебиња ги прават и своите први самостојни чекори.
  • Користи таканаречен пинцетен фат (фат со палец и показалец) за да земе мали предмети.
  • Почнува да се храни самостојно со прсти, но пробува да користи и лажичка.

Социјален и емоционален развој

  • Бебето на оваа возраст почнува да покажува силна врска со родителите или негувателите.
  • Понекогаш може да има страв од разделба или да е срамежливо пред непознати лица.
  • Сака и ужива во интерактивни игри, како што се пљескање рачиња, криенка итн.
  • Покажува различни емоции , радост, лутина, наклонетост.

Исхрана

  • Во овој период вашето бебе од доење преоѓа на формула или кравјо млеко (по препорака на педијатар).
  • Почнува да јаде различни меки и здрави намирници, овошје, зеленчук, житарки, итн.
  • Учe да пие од чаша или поилче.

Сон

  • Бебињата на оваа возраст спијат 11–12 часа ноќе, а може да дремнат и неколку пати во текот на денот.
  • Но некои може да одбива дремка поради зголемената самостојност.

Здравје и прегледи

На прегледот за 12 месеци, педијатарот вообичаено:

  • Го мери растот(висината), тежината и обемот на главата
  • Го следи целосниот телесен и психички развој
  • Разговара за вакцинација (МРП, варичела, хепатит А итн.)
  • Дава совети за исхрана, спиење, безбедност и дополнителни активности на бебето

Совети за родители

  • Секогаш охрабрувајте го вашето бебе да истражува, но претходно обезбедете го домот.
  • Читајте книги, зборувајте и пејте секој ден за да го поттикнете развивањето на говорот.
  • При одредени активности како на пример во исхраната нудете му избор („сакаш банана или јаболко?“) за да го поттикнете развојот на независност.
  • Бидете трпеливи со вашите емотивни испади, бебето ве гледа, апсорбира и на тој начин учи да ги изразува емоциите.

Ако некогаш се грижите за развојот на вашето дете, не двоумете се да се консултирате со педијатар.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

ЛОГОНА ОРГАНСКА нега за бебиња
Логона колекцијата за бебиња е произведена од вниматено одбрани природни органски состојки кои ја хранат и штитат чувств...
3
Колострум – првото млеко
Колострумот, познат како „првото млеко“, е вистинско богатство што мајките го даруваат на своите бебиња веднаш по раѓање...
3
Мали стомачиња, големи грижи
Запекот кај бебињата е чест проблем, особено во првите месеци кога дигестивниот систем сe уште се развива.
3
Календар на вакцинација
Вашето дете треба да се вакцинира за да неговиот организам стекне имунитет на некои од тешките заразни болести. Вакцинат...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali koga ste doma so svoite deca gi igrate so niv nivnite igri?

Da (67%)

Ne (0%)

Ponekogas (33%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!