|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Avicii бил во тајна врска со чешки модел

Редакција Рингераја, 30.4.2018
Авичи пред смртта живееше подалеку од очите на јавноста, па малкумина знаеја дека тој беше во тајна врска со моделот Тереза Качерова. Преку фотографии и емотивен текст, убавата Чехинка сподели моменти од врската со славниот диџеј
Клучни зборови:

image
/11


Драг Тим,

Ги поминав изминативе денови чекајќи да се разбудам, чекајќи некој да ми каже дека ова е некаква одвратна шега, некаква ужасна грешка. Мислам дека конечно се помирувам и сега навистина никогаш повеќе нема да те видам.

Првите неколку дена ги малтретирав твоите пријатели (дали се СИГУРНИ ДЕКА Е ВИСТИНА?!, барајќи доказ, КАДЕ СИ СЕГА?!) и пребарував статии на Google да прочитам дека погрешиле. Секојпат кога ќе видев „RIP“ и „Avicii“ заедно во една реченица или крајната дата на твојот живот, чувствував шок, повторно и повторно. Кога видов дека ги промениле твоите податоци на Wikipedia од „е“ во „беше“, липав. Со минути зјапав, обидувајќи се да разберам зошто пишуваше дека си умрел на 20 април 2018. Немаше смисла. Ти си премлад и прекрасен и јас те сакам премногу за тоа да стои напишано до твоето име. Не се будам со твојата глава на моите гради и со Лука на моето рамено. Наместо тоа, секое утро одвлечена сум од сонот во реалноста со наплив на анксиозност и забрзано срце. Дали тоа се обидува да чука двојно, за нас двајцата?

 

1

2

 

Денот кога почина, отидов во твојата куќа за да те почувствувам околу мене. Лежев под тушот долго време и кога излегов и се свртив кон спалната, ти не ме чекаше. Не седеше во средината потпрен на таа ужасна сива перница. Легнав и ги немав твоите гради под моето лице и не можев да ти наредам да ме галиш по грбот непрекинато и подобро.

Ти кажував дека Лука нема да се сеќава на живот без тебе. Сега се надевам дека тој ќе го памти неговиот живот СО тебе. Јас ќе бидам таму да го потсетувам. Ќе му покажувам видеа во кои постојано те повикува.

Последниот пат кога те видов, ми ја врати книгата „Лолита“ затоа што ќе ? ја давав на Маја и знаев дека никогаш нема да ја прочиташ. Ти инсистираше дека ќе ја прочиташ... и сега никогаш нема да ја прочиташ... Како што и никогаш нема да му читаш чешки книги на Лука за јас и тој да ти се смееме на изговорот. Како што и никогаш нема да те слушнам како свириш на пијано пред да влезам во куќата и никогаш повторно нема да ја прекинеш музиката за да станеш и да ме бакне за „здраво“.

 

3

4

 

Секогаш кога ќе помислам на нешто кое нема да го завршиме, чувствувам физичка болка во моето срце. Никогаш не завршив да те убедувам дека името на нашата ќерка МОРА да биде Серафина. Ти никогаш не ја доврши тетоважата на раката во која на подлактицата ќе имаше лице кое случајно ќе наликуваше на моето.

Единственото нешто поубаво од твоите раце беше твојата душа. Срцето ме боли што знам дека никогаш повеќе нема да го почувствувам твојот допир, никогаш нема да те слушнам како се смееш, никогаш нема да ја видам твојата рака испреплетена со мојата непосредно откако ќе ги отворам очите. Никогаш повеќе нема да ја бакнам таа убава уста.

Ќе ми недостига да ја гледам твојата љубов за Лука...

 

5

6

 

Еднаш ми кажа дека мразиш, МРАЗИШ да ме слушаш како плачам. Дали сè уште те растажува тоа таму горе?

Мислам дека веќе реков извини за сите грешки кои ги направив додека бевме заедно, но не реков извини за сите нешта за кои не ми беше жал. Извини што те убедив дека имаш рак на кожата и те измачував со тоа додека не му дозволи на татко ми да ти ја отсече и испадна дека е само обична бемка. Извини што скоро секоја моја менструација оставаше крв на твојот кревет. Извини што само еднаш се дотерав за тебе во текот на целата наша врска.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Заради Хурем сите турчинки станаа црвенокоси!
Турските фризери мораа да набават црвена боја за коса каква што има Meryem Uzerli. На Хуремовата нијанса на косата фризе...
4
Фотографии од свадбата на Филип Миркуловски
Ракометарот на Металург Филип Миркуловски се ожени со долгогодишната девојка Благица, ќерка на претседателот на Уставнио...
4
Секојдневна грижа за интимната хигиена
Интимната хигиена е дел од секојдневната грижа за здравјето, но токму тука често правиме најмногу грешки.
3
Јоксимовиќ, Брена и Грашо на ПИВОФЕСТ во П...
Лепа Брена, Жељко Јоксимовиќ, Џеј Рамадановски, Есма Реџепова, Петар Грашо, Влатко Стефановски, Кирил Џајковски се дел о...
3




Анкета

Како да се ослободите од цуцла?
Admin

Мојата ќерка (23 месеци) користи цуцла само навечер кога си легнува. Во градинка, таа беше одвикната од цуцлата со попладневна дремка, па мислам дека е време целосно да се ослободи од цуцлата. Како му помогнавте на вашето дете да се ослободи од цуцлата?

Постепено ја скратувавме цуцлата со ножици сè додека детето не се згрози од неа. (100%)

Еден ден само рековме дека некој ја зел цуцлата. (0%)

Нешто друго - напишете во коментарите. (0%)


Број на сите гласови: 1

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!