|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Апсолутни знаци дека ќе бидете прекрасна мајка

Редакција Рингераја, 15.9.2014
Ако се наближува времето во кое почнувате да размислувате за дете, веројатно се прашувате дали ќе бидете добра мајка. Секоја жена си го поставува ова прашање. Родителството е одговорност која ги плаши повеќето луѓе и овие прашања се целосно природни

image
/11


 

Има некои знаци кои ќе ви помогнат да сфатите дали ќе бидете добра мајка. Кои се тие?

Се радувате на децата

Радувајќи се на децата, вие на најприроден начин ја изразувате желбата да имате потомство, а тоа е сигнал дека сте подготвени. Тешко е да се каже дали една жена која изразува неподносливост кон деца кои врескаат и трчаат наоколу, ќе биде добра мајка, иако и тоа не е веродостоен критериум. Многу жени созреваат за мајчинство дури откако ќе имаат свое дете.

Постојано добивате комплименти за тоа колку ве бидува со деца

Ако луѓето околу вас ја забележуваат вашата дарба да разговарате со децата, тоа е сигурен знак дека ќе бидете прекрасна мајка. Многу возрасни не умеат да комуницираат со туѓите деца на соодветен начин, а некои дури и не можат да воспостават силна емотивна врска со сопствените деца цел живот.

Штом лесно воспоставувате контакт со туѓите деца и другите тоа го забележуваат, веројатно нема да имате проблеми.

Сте имале искуство со деца

Ако не сте имале претходно искуство со мали или големи деца, тоа не значи дека нужно ќе се судрите со тешкотии во одгледувањето на вашите сопствени деца. Но секогаш искуството е од корист. Ако сте имале контакт со децата на вашите блиски, сте ги чувале додека се нивните родители зафатени и тоа без проблеми, сигурно имате дарба.

Живеете самостојно

Веќе живеете во сопствен дом, имате одлична професија - што чекате? Многу луѓе ги чекаат овие достигнувања цел живот. Ако сте уредиле пристоен живот, тоа е силен знак дека сте способни да си обезбедувате стабилност. Речиси е сигурно дека ќе се справите со родителството.

 

Одговорни сте

Одговорноста е важна доблест што се однесува до децата. Што и да велат блиските, децата се приоритет број еден, штом веќе ги има.

Тоа понекогаш значи да се игнорираат сопствените потреби, за да им обезбедите на децата должно внимание и да ги задоволите нивните потреби. Ако ова не ве плаши, значи сте целосно подготвени.

Трпеливи сте

Трпението е апсолутно неопходно за сите родители. Дури и ако имате мирно дете, трпението ќе ви треба во други насоки, тоа не се однесува само за непослушни деца. Ако умеете да го  задржите темпераментот, да слушате, да објаснувате со часови, да одговарате на илјадниците прашања кои се раѓаат во малата детска глава, вие имате челична трпеливост и ќе бидете одличен родител!

Знаете како да поставувате граници

Балансирањето и трпението одат рака под рака. За воспитувањето е важно да се постават граници. Не такви кои ги сечат крилјата на децата, но такви кои ќе ги научат на значајните социјални вештини.

Освен тоа, ќе можете да внесувате стабилна и балансирана атмосфера во домот, што е многу важно за квалитетен живот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Платив 720 фунти за своето бебе...
Иако го носела своето бебе девет месеци, како и сите трудници, нема генетска поврзаност со ќерка и. Нејзината ќерка е ро...
3
Псевдоциеза - лажна бременост
Псевдоциеза е медицински термин за лажна бременост. Псевдоциеза, уште позната под терминот “хистерична бременост”, може ...
3
Вонтелесно оплодување (ИВФ)
Отако ќе се воспостави дека вонтелесното забременување е единствен начин да забремените, треба да почнете да ја планират...
3
Феномен! Забременила на 60 години
Деновиве во Србија се рашири веста за новиот медицински феномен.Имено, шеесет годишната Љ.М. од Смедерево е најстарата ...
3




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?