|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

5 работи што мајките ги забораваат по породувањето

Редакција Рингераја, 31.5.2020
По раѓањето, многу мајки забораваат на себе, на своите потреби, нивното здравје. Целото нивно внимание се посветува на бебето и грижата за него
Клучни зборови:

image
/11


Ова е совршено нормално, но важно е и секоја мајка да одвои време и за себе, затоа што тоа ќе ја натера да се чувствува подобро, повеќе исполнето за себе и за своето бебе.

Без разлика дали штотуку сте се породиле или сте се породиле пред извесно време, вашето тело претрпува огромна промена. Лишувањето од сон, навиките во исхраната, недостаток на време за одржување на изгледот и физичката активност, сите имаат негативно влијание. Можеби веќе сте навикнати да бидете мајка со полно работно време која не се шминка, не заработува пари и нема време за нејзините омилени активности, но време е да го смените тоа.

Еве што е важно да се запамети по раѓањето на вашето бебе:


Користете маски за лице

Пред да се роди вашето бебе, вие се одржувавте, сакавте да одржите здрав дух во здраво тело, посетувавте СПА центри. Откако ќе се роди бебето, нема причина да престане да го правите тоа. Дури е важно да одвоите време да ги извршите овие третмани, бидејќи тие не само што ќе ви помогнат да ја вратите вашата самодоверба и сјајност, туку и ќе ве опуштат и смируваат.


Јадете редовно

Грижата за вашето новороденче го привлекува вниманието на младите мајки кои често забораваат да се хранат. Не им останува време, а вознемиреноста околу бебето го одвлекува вниманието. Со цел да се вратите во формата пред бременоста а и да имате доволно хранливо млеко, важно е да јадете добро. Запомнете да јадете редовно и да подготвувате здрави оброци.


Поминувајте време со партнерот

Многу мажи се чувствуваат запоставени заради промените што ги предизвика бебето. Честопати, тие остануваат во позадина затоа што вниманието и грижата на мајката е зафатено со бебето, особено во првите месеци по раѓањето. Бидете сигурни да обрнете внимание и на вашата половина. Како нему, исто така му треба време поминато заедно како двојка, без разлика дали веќе сте родители, уморени.


Пијте го кафето топло

Топлото кафе е нешто што мајките на новороденче тешко можат да го запомнат. Вие правите топло кафе и вашето бебе започнува да плаче. Вие менувате пелени, се капете, го облекувате новороденчето, го храните и одеднаш се сеќавате дека не сте го пиеле кафето и веќе е ладно. Познато сценарио што го споделуваат многу жени. На секоја мајка и треба топло кафе. Не го заборавај тоа.


Спијте кога вашето бебе спие

Времето во кое можете да се одморите треба да биде соодветно со часовите за спиење на вашето бебе. Наместо да се прашувате што да направите прво додека спие, добро одморете се. Заспијте еден час. Ќе бидете видите колку повеќе енергични и одморени ќе се чувствувате ако го следите овој режим.

Заздравување по вагинално породување
После 9 месеци од бременоста во кои доживеавте многу физички и емоционални промени, конечно сте благословени со бебе. По...
34
Рецепти за први оброци на бебето
После 17-тата недела, односно после наполнети 4 месеци од животот, време е за воведување на нови намирници и дополнителн...
17
Есенски пијалок за силен имунитет
Променливото време сe повеќе не потсетува дека е време да почнеме да го зајакнуваме имунолошкиот систем
6
Што да направите кога доенчето има запек и...
Запекот и коликите се дигестивни функционални тегоби кои се јавуваат кај 5–20% од доенчињата. Понекогаш се појавуваат и ...
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

vkusovi
bilbilce

koj vkus go obozavate najmnogu

blago (48%)

soleno (26%)

kiselo (24%)

luto (2%)


Број на сите гласови: 66

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!