Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Ако веќе сте го разгалиле, тогаш намалете со добрината и покажете малку авторитет. Никој не сака разгалени деца - а уште помалку разгалени возрасни.
Ова се 10 знаци дека сте претерале:
1. Постојано има напади на гнев
Ова е еден од најчестите знаци по кои може да препознаете разгаленост. Детето постојано вика плачејќи, без разлика дали сте дома или во јавност.
2. Никогаш не е задоволно
Разгалените деца честопати не можат да изразат задоволство за она што го имаат. Ако видат дека некој друг има нешто поубаво, тие веднаш ќе го посакаат и тоа.
3. Не помага
Ниедно дете не сака да чисти, но кога веќе ќе наполни 3 години, детето треба да има желба да помага со помали задачи – како средување на играчките и соблекување на чевлите.
4. Се обидува да ги контролира и манипулира возрасните
Разгалените деца честопати не прават разлика меѓу нивните врсници и возрасните. Тие очекуваат дека сите ќе ги слушаат во секое време.
5. Постојано ве посрамотува во јавност
На секое дете му се случува да направи сцена во јавност, но тоа е еднаш или двапати, но кога ве посрамотува јавно и намерно само за да добие внимание, тогаш ситуацијата е поинаква.
6. Не сака да споделува
Еден од најтешките концепти за децата е споделувањето. Без разлика што треба да споделат, малечките дечиња ретко дека ќе се осудат да го направат тоа. Но, кога веќе ќе наполнат 4 години тие треба да имаат волја да ги споделуваат своите играчки со нивните пријатели и браќа или сестри.
7. Мора да го молите
Родителот или старателот е фигура на авторитет и треба да биде послушан кога тој/таа нешто ќе побара. Вие никако не смеете да го молите детето за да направи нешто – тоа само треба веднаш да ве послуша.
8. Ве игнорира
Ниедно дете не сака да го чуе зборот „не“, но не смее да ве игнорира кога му зборувате.
9. Не сака да игра само
Кога детето веќе има полни 4 години треба да има желба и волја да си игра само одреден период. Потребата од родител или некој со кој може да си игра само ја демонстрира неговата желба за внимание.
10. Мора да го подмитувате
Родителите не треба да го подмитуваат своето дете користејќи пари, играчки, храна или било што друго за да го натераат нивното дете да направи нешто.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Во време на брзи промени, дигитална оддалеченост и зголемен стрес, емп...
Пренатални витамини и зачнување: мит или реалност?
Пренаталните витамини често се доживуваат како клучен чекор кон полесн...
Кога се обидувате да забремените, често се поставува прашањето дали се...
Добрината како најголема човечка вредност
Добрината не е слабост, туку свесен избор што ја гради човечката поврз...
Животен стил и социјални фактори
Бременоста не се одвива изолирано, туку е силно поврзана со секојдневн...