Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Промените во количината и структурата на цервикалниот секрет се едни од важните показатели на овулацијата, поточно фази на вашиот циклус. Овие промени настануваат како последица на промената на нивото на естроген во организмот.
Методот на пратење на структурата и количината на слузта нема нападна природа. Од вас само се бара секретот кој излегол од вагината да го избришете со тоалетна хартија, да го земете со два прста (на пр. со казипрстот и палецот) и да се обидете да го развлечете како мастика. За некои жени ова е незамисливо, бидејќи не се воспитани во тој дух, “да пипаат таму долу” , но тоа е природен и прекрасен метод со кој жената го запознава сопственото тело и начинот на кој тоа функционира.
На почеток на циклусот (менструацијата и веднаш по неа) цервикалниот секрет е сув, матен, густ, леплив и малку го има. Како се приближува овулацијата , цервикалниот секрет станува влажен, бел, полеплив и лесно пука помеѓу прсти.
Пред самата овулација, количината на цервикален секрет значајно се зголемува, станува бистар, влажен и многу растеглив (често се споредува со изгледот на свежа белка од јајце). Една од неговите најважни задачи е да им олесни влез на сперматозоидите во матката. Последниот ден на овој исцедок, жената е најплодна- тогаш настапува овулација и шансите за зачнување се големи. Во овој период, сперматозоидите можат да преживеат и до 72 часа во цервикалниот секрет, што е најдолг период на нивниот живот.
По завршување на овулацијата, количината на исцедокот пак се намалува и тој повторно станува густ и леплив.
Дел од циклусот | Количина на секрет | Структура на секретот |
Почеток на циклусот (за време на менструацијата и веднаш по неа) | малку |
Сув, густ, матен, леплив и не се растегнува |
Околу овулацијата (се приближуваат плодните денови)
| многу | Бистар, мазен, леплив, растеглив како свежа белка од јајце |
По овулацијата (по плодните денови) | малку | Густ, леплив, не се растега |
|
|
|
Најдобар начин да се пратат промените во количината и структурата на цервикалниот секрет е да се запишуваат од ден на ден, за време на неколку циклуси. Така ќе имате најдобар преглед на вашите плодни денови.
И прочитајте повеќе за Пратење на овулацијата и плодните денови
забава Бремените
Автор: bobik
Детството е периодот кога учиме да го разбираме светот и сето она што ...
Зошто бројката на вагата не е најважна?
Колку повеќе навлегуваме во светот на фитнесот и здравјето, толку пове...
Штукнувањето кај бебињата е сосема нормално
Ако сте нов родител, веројатно сте веќе сведоци на најслаткото нешто: ...
Во денешно, опкружени со технолошки и културни промени, комуникацијата...
Зошто децата ги грицкаат ноктите?
Многу често ќе забележите како вашето дете мирно седи, изгледа како да...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: