Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Промените на грлото на матката се сметаат како спореден, додатен метод за утврдување на овулација и тесно се поврзани со промената на цервикалната слуз. Како што цервикалната слуз во текот на овулација ја менува својата структура (провидноста, густината), така и грлото на матката ја менува својата положба и поинакво е на допир. Овие промени настануваат како последица на промените на нивото на естроген во организмот.
Веднаш по завршување на менструација, грлото на матката е цврсто и суво. Тоа се наоѓа ниско во вагината, што значи дека е близу и лесно може да се допре со прст, но самиот “влез” во матката е непристапен и тесен, бидејќи има малку цервикален секрет. Како се приближува овулација така и грлото на матката станува помеко и повлажно на допир и полека почнува да се повлекува подлабоко во вагината.
Во тек на овулација грлото е потполно меко и многу влажно, поради зголемениот цервикален секрет, а влезот во матката е потполно прооден. Во овој период грлото се наоѓа длабоко во вагината, далеку е и недопирливо со прст.
По овулација, потребно е помеѓу 24 и 48 часа за да може грлото да се врати во иста положба како на почетокот на циклусот.
Дел од циклусот | Грлото на допир | Положба |
Почеток на циклусот (за време на менструација и веднаш по неа) | Цврсто и суво | Ниско во вагината (близу) |
За време на овулација (се приближуваат плодни денови) | Меко и влажно | Длабоко во вагината (тешко да се напипа) |
По овулација (по плодните денови) | Цврсто и суво | Ниско во вагината (близу) |
За да ја проверите состојбата на грлото на матката користете еден или два прста, како ви е полесно. Доволно е само со врвот на прстот нежно да го допрете грлото. Важно е рацете да ви бидат чисти и суви и да немате долги нокти. Грлото на матката треба да се проверува секој ден во исто време и телото треба да биде во иста положба (на пр. додека стоите со едната нога подигната на кревет или када). Овие промени не можат лесно да се препознаат, доколку ова не сте го правеле порано, но не се откажувајте, бидејќи по само три до четири циклуси ќе стекнете доволно искуство за да ги препознаете овие фази.
6
4
4
2
забава Бремените
Автор: bobik
Во светот на модата постојат трендови кои доаѓаат и исчезнуваат со брз...
Нега на осетливата бебешка кожа по појава на осип
Кожата на бебињата е тенка, чувствителна и далеку помалку отпорна од к...
Влијание на тироидната жлезда врз породувањето
Тироидната жлезда е мала, но има огромно влијание врз целото тело, осо...
Трудна сум. Како да се соочам со таа нова реалност?
Постојат моменти во животот што го менуваат целиот наш свет за една се...
Како да се подготвите за родителство?
Подготовката за родителство не е листа која треба да ја „чекираме“, ни...