|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Температура
21.8.2009 23:31:29   
mis.
Откако се вративме од одмор бевме кај моите на госи (живеат во др град)и оттогаш почна да кашла и никако да престане.Таму го носев на лекар ми викаат ништо не му е.Го однесов и на др. педијатар ми го кажа истото.Си дојдовме во Скопје го носам на матичната ми вика детето е здраво а тој постојано закашлува.На систематски на 9 месеци ми викаат супер е а јас ???????И после се се помирив мора да кашла но кога гледам синоќе температура 38,6 еве и денес е со т.Го однесов на педијатар ми вика нема грло нема ништо на плуќа и утре одиме да ги испитаме леукоцитите.Јас сум бунета и не знам што е работава.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Температура
22.8.2009 0:22:39   
garfild
Во врска со температурава,ме интересира кај деца до 1 година дали се мери само во газе,и која температура е ок за тримесечно бебе.Слушнав дека доколку се мерело температура во газе,секогаш показжувало за 0,5 повеќе,што мислите дали е точно тоа.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Температура
22.8.2009 0:31:42   
niki
Od ona sto go imam citano i se sekavam rektalnata temperatura se smeta za najrelevantna, no retko koj meri taka. Na pedijatar do godina dena koga odevme za vakcini koga i proveruvaa temperatura sekogas i merea pod miska. Inaku tocno e deka ima razlika vo temperatura koga e merena vo gaze, pod miska ili vo usta i tocno se znae razlikata, ama ne se sekavam koi bea vrednostite.

(Одговор на членот garfild)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Температура
22.8.2009 0:39:19   
Еца
Грфилд се надевам мојот пост ќе ти помогне и тебе и на останатите да го разрешат тоа прашање околу мерењето на Т.user posted image

Се препорачува стаклен (живин) термометар кој е најсоодветен, а помалку се препорачливи термометрите во форма на ленти за мерење на температурата на челото или температурата во ушниот канал. Мерењето на температурата може да биде аксиларно, орално, во ушен канал или пак кај помалите деца ректално (ставање на топломерот во ректумот, при што се става лубрикант и треба да се внимава да не се прават обиди за насилно внесување на топломерот). При тоа треба да се знае дека температурата мерена ректално е за 0, 5 - 1 степен повисока од таа мерена аксиларно (под пазуви). За дете поголемо од 4 до 5 години најдобро е да се мери орално температурата. При мерење на температурата орално потребно е да се држи термометарот во уста најмалку 3 минути, а за мерење ректална температура до 2 минути. Пред секоја употреба термометарот треба добро да се протресе. Лентите за мерење температура на челото не даваат реални вредности, но се корисни за ориентација за постоење покачена температура. За мерење температура со електронски термометар потребни се 30 секунди.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Температура
22.8.2009 0:43:50   
Еца
И Мис не те прашав дали освен Т покажува нервоза, поспаност,или се однесува нормално.Бидејќи ако детето  е поспано, апатично, вознемирено и има само температурата  може да има сериозна инфекција, обично бактериска (потребно е да се побара совет од лекар). Ако детето меѓу две фази на фебрилност е добро, расположено и е нормално активно, може да се работи најчесто за бенигни причини за фебрилноста (вирусна инфекција )

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Температура
22.8.2009 0:53:04   
Еца
И ова само да го додадам дека  покачување на температурата е кога е повисока- претпладневна над 37.2 степени или попладневна над 37.7 

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Температура
22.8.2009 12:57:42   
mis.
Бевме сабајлето на лекар,проверивме леукоцити 6,5 нормални а тој има температура 39,2 цела ниќ плаче и со ефералган сируп само се поднамалува но не се нормализира.Доктората мисли дека е сипаница и ни кажа дека може да очекувам и да се исипе по телото но еве еден ипол ден има т но не е исфрленuser posted image Му даде амоксицилин сируп и еве спие со т 37,8.Навистина не знам што му е/?????А овие сипаници?????????user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Температура
23.8.2009 15:44:38   
Еца
Мис како е твоеот синче, помина ли температурата мила?user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Температура
23.8.2009 16:02:55   
mis.
Цела ноќ имаше т и се околу 39.Цела ноќ не е спиен плаче.кенка.Сабајлето му падна до 37,5 но еве пак има.Сега спие малку се смири па ќе видам што ќе биде но еве неполни 3 дена како има т.парацетамол редовно му давам на 6 саати а и проливче имаше од сабајле па му давам и линекс.Изгледа вирус е некој само незнам уште колку време вака ќе биде некако сум многу загрижена.user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Температура
23.8.2009 16:06:55   
Еца
Мис ако потрае температурата уште два дена, мој совет ти е на преглед до Козле,не сакам да те плашам, но сепак кога Мартина последен пат беше со Т без никакви други симптоми, и траеше 7 дена и на моја иницијатива барав упат за во Козле, кога таму на слушалки ништо не слушнаа, но ја снимаа и имаше што да видат, пнеумонија.Затоа, не се плаши, но оди пак на доктор утре.Мој совет.Обично вирусот со температура трае до 5 дена, не повеќе.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Температура
23.8.2009 16:11:35   
mis.
Ток веќе 3 недели поткашлува и 4 педијатри го прегледаа и кажаа дека нема ништо но оваа веќе кулминира.Нашиот педијатар вчера ми спомена некои  сипаници и да не се плашам ако се нафрли но еве до сега нема ништоuser posted image Утре одам сигурно.user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Температура
23.8.2009 23:42:16   
Палешка РР
Истото и се случи и на внука ми Анастасија. И нејзиниот педијатар, откако не и најде ништо, рече дека можеби ќе добие сипаници, но фала Богу ништо од тоа. Температурата и помина за 5 дена user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Температура
24.8.2009 0:40:32   
mis.
Поручекта зборам со една комшивка и ми кажува дека и кај нејзиното малечко се јавил истиот вирус со т без др. симптоми.На 4 ден се исипало цело со ситни бубулици и постепано се стабилизирал.Таа ми кажа дека моментално владеел таков вирус со исипување на кожата.Тој нема ништо по телото останува да видам утре.user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Температура
24.8.2009 13:00:54   
mis.
Докторката ни споменуваше некоја сипаница дека е можно да се исфрли ми стоеше доста чудно.Си викам кај забегала докторката.Иако имам 100% доверба во неа,нема ниту еднаш утнато дијагноза но си викам сипаница не е можно.И еве од сабајле целото е исипано ситно повеќе на лицето исто како малечкото на комшивката.Викаат таков бил вирусот па со време ќе помине.Секоја чест на нашиот педијатар.user posted image user posted image user posted image user posted image Малку се утешив кога знам што му е и дека ќе помине.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Температура
13.11.2009 17:13:05   
Tanja K.
Од сабајле какостана Елена сме со температура.Најпрви бевме со 37,5 ,и само се качува и качува .и сега сме со 39,5 до пре саат време.Па намаливме на 39,1 и сега отидоа со мм на лекар.Пробав се и туширање и чорапи со оцет,и парацетамол,течности може испи 5 кг.до сега.Кутрото сонце само вика сега ме боли меше и само ми кљумка стомакот од сокот.Ке видиме што ке биде сега,што ке им кажат на лекар.А нема носе да тече нема да кашла,и тоа најмногу ме плаши.Но да бидеме оптимисти дека е само обичен грип.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Температура
13.11.2009 17:33:05   
mis.
штом нема грли,не кашла,нема проблеми со носето со висока температура сигурно е вирус.Променливото време наговестуваше на вируси.Само механички начин на симнување на т и за неколку дена колку што трае секој вирус ќе помине без антибиотик.Но мој совет е крвна слика за да се потврди дека се работи за вирус а не за нешто друго.

(Одговор на членот Tanja K.)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Температура
13.11.2009 19:01:16   
Еца
Тања што и кажале на Елена на доктор?

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Температура
13.11.2009 19:09:00   
mami
леле исто како Лука...еве го денес е супер..а пред два  дена 39 и више крена...ама н со вирусите..Тања, пиши што ви рекле

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Температура
13.11.2009 20:46:01   
Tanja K.
На дежурен ни рекоа дека не е ништо страшно туку само обична вироза,со малку црвено грло.Рекоа многу течности,витамин Ц,и аугментин апчиња,што имаме проблем за пиење.Ги дробиме,ги сецкаме и одвај.Прееска имасе 38,7,па веднаш пак туширање и веројатно конечно да се намали темп.Мислам дека вечер ке нема спиење за мене,па ке се дружиме малку повеке.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Температура
23.7.2014 16:56:22   
Melanija RR
Досега М (11 м.) немал температура ,сабајле кога го погалив по чело а некако и инстиктивно ми се виде топол.Викам ајде само што стана затоплен.После 1 саат мерев 36,7 ок не е тоа Т но кога еднаш имам мерено после вакцина били 36,5. Мерам со дигитален по 3 пати сега ми покажа од 36,5 до 36,8 , инаку буквално нема ништо стандард му е кивање,супер си јаде.Во никнување се 4ки (бело непце) а тие долго излегувале па веќе 2 месеци само се лигави и гризе се.
Вака превентивно до 38,5 недајбоже да не давам ништо,или на порано може чорапче со вински оцет,повеќе течност,???

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Tanja K.)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Температура
23.7.2014 18:38:07   
Neurotoxin RR
Здраво Меланија, веќе подолго време форумов на рингераја ми дава одговори на прашања за кои не сум стручна, денес читав стари постови на тема забременување, ми остана во меморија ти и твојата приказна, драго ми е што сте добри и двајцата и што се испадднало како што треба. Досега немам ништо пишувано иако многупати сум посакала. Се почувствував потребна да одговорам на твоето прашање, јас сум фармацевт, и мајка воедно :) почекај до 38, не давај ништо, сега е топло, истушрај го и разладувај го, давај течности и ако сметаш дека му е од забите дај му сирупче ибупрофен и тој ја намалува температурата а и помага при болка. Според ова што го имаш пишано нема температура, пиши ми дали се покачила во мегувреме. Посакувам да не качил и сега да сте излезени и да шеткате заедно :)

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Температура
23.7.2014 22:13:41   
Melanija RR
Neurotoxin добре дојде на Рингераја user posted image
Ти благодарам што се зачлениш токму сега за да ми одговориш и се надевам на взаемни совети и понатаму user posted image како мајка и фармацевт навистина твоето знаење ќе ми значи и ќе ни значи на РР .
Во 18 часот беше 36,4 па нешто подоцна бевме на прошетка ,пред да го легнам 36,5 така што во ред е user posted image Знаеш подобро е инфо порано сепак ноќе е поинаку
Дали е поисправно парацетамол (Далерон сируп) или ибупрофен, а што подобро ако се во прашање заби?

Ти благодарамuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Температура
24.7.2014 8:38:02   
Neurotoxin RR
Ти благодарам, од дамна сакав да се зачленам и да пишувам со вас, толку ве имам читано што ве чувствувам како блиски и како да ве познавам user posted image

Нема правило кој е подобар, дејството им е малку различно но и двата се користат при покачена температура и болка, обично бруфенот го даваат при поголема температура и кога парацетамолот не делува. Секој организам различно одговара на лековите, па од таа причина јас дома имам и парацетамол и бруфен, некогаш едното и делува другото не. Во секој случај ако се одлучиш да дадеш нека биде на температура над 38, да не биде гладен, раскомоти го и нека одмара. Но во секој случај, секако обиди се да провериш од каде температурата, мојата на секој заб креваше температура, секогаш мислев дека е од забот, ама кога ќе направев испитувања и секогаш беше нешто друго или вирус, или грлото и сл.
Драго ми е што не качил т вчера и што сетоа тоа било лажна тревога, ако има потреба да одговорам на некое прашање, слободно пишете ми, откако станав мајка сакам да го споделам искуството и советите без да очекувам нешто за возврат user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 23
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?