Neurotoxin RR -> RE: Температура (24.7.2014 8:38:02)
|
Ти благодарам, од дамна сакав да се зачленам и да пишувам со вас, толку ве имам читано што ве чувствувам како блиски и како да ве познавам [sm=smiley36.gif] Нема правило кој е подобар, дејството им е малку различно но и двата се користат при покачена температура и болка, обично бруфенот го даваат при поголема температура и кога парацетамолот не делува. Секој организам различно одговара на лековите, па од таа причина јас дома имам и парацетамол и бруфен, некогаш едното и делува другото не. Во секој случај ако се одлучиш да дадеш нека биде на температура над 38, да не биде гладен, раскомоти го и нека одмара. Но во секој случај, секако обиди се да провериш од каде температурата, мојата на секој заб креваше температура, секогаш мислев дека е од забот, ама кога ќе направев испитувања и секогаш беше нешто друго или вирус, или грлото и сл. Драго ми е што не качил т вчера и што сетоа тоа било лажна тревога, ако има потреба да одговорам на некое прашање, слободно пишете ми, откако станав мајка сакам да го споделам искуството и советите без да очекувам нешто за возврат [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|