Hopeful RR
		   
		
		   
		  
		   
		 | 
	  
		
		
		 Девојки, конечно ја сменив матичната и сега сум кај Снежана Миленкова, и сум презадоволна!          Толку фино ме прими што си викам баш сум била будала да идам кај онаа Мицевска, смор од човек! Откако вчера ми се испонаша, ме одби и беше толку цинична што дури и до карање дојде, ми пукна филм и денес закажав кај Миленкова, која работи во ординацијата на д-р Коруновски.       Докторката е супер - разговаравме, ме ислуша, ме испраша се по ред, се посвети максимално, се заинтересира, притоа позитивна и реална, што многу ценам. Немаше никакви негативни реакции и коментари за тоа што сум била во Систина, дури и напротив, рече супер, и останавме на тоа дека некои работи што мора да се направат на приватно ќе ги правиме, а ќе гледаме друго што не мора да искомбинираме на државно, исто како што сакав и јас, и ако некој се мисли во моментов, баш ја препорачувам. А Мицевска стварно мислам да ја пријавам, тоа не е доктор. 
			
								
			
			 
  _____________________________
  Обиди 2,5 години   HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)    2015           
				  	
		  
		  
		  
		 |