Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Да му помогнеме на малиот Марко Шиндиловски. 14.4.2010 21:43:57
pacuvce
ИЗВОРНА ПОРАКА: Enika
Драги мои да ве известам дека бројот на Оне за кој беше пишано дека е измама сега е пренасочен за Марко, така да според групата на фб средтсвата донирани на тој број одат кај Марко.Не било за џабе сепак, мн ми е мило.Продолжете да донирате за малото срце на следните броеви:
RE: Да му помогнеме на малиот Марко Шиндиловски. 19.4.2010 16:46:08
Mila na mama
Сакам да ве потсетам да донирате за Марко. Наместо да дадете 100 ден да пиете кафе на ул. Македонија јавете се на телефоните и донирајте. Собрани се само 2000 евра а требаат дури 35 000 фунти само за да го примат во болницата.
RE: Да му помогнеме на малиот Марко Шиндиловски. 21.4.2010 13:46:28
Enika
Баш пред некој ден се прашував колку пари се собрани....родителите треба да платат 35 000 евра само за да го прегледаат Марко, а после ке се константира колку ке треба плус со двете операции
Ајде луге да му помогнеме на ова слатко бебе...да оздрави што побрзо
RE: Да му помогнеме на малиот Марко Шиндиловски. 29.4.2010 11:23:39
Enika
Да ве потсетам дека на Марко сеуште му е потребна вашата помош, така да можете да донирате на броевите или пак на жиро сметката. Да му овозможиме на Марко нормален живот
RE: Да му помогнеме на малиот Марко Шиндиловски. 29.4.2010 11:33:43
ripce
Донирање на Жиро сметка:
За Марко Шиндиловски 53050002427112- Охридска Банка.
еве најдов... јас ќе донирам во Охридска, зашто не знам колку сметка на тел, направив овој месец... Ние може да дадеме 100 денари за глупости, алишта, играчки, ама некому можат многу да му значат!!!
_____________________________
"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."
RE: Да му помогнеме на малиот Марко Шиндиловски. 29.4.2010 12:36:08
Enika
Извини Рибче не успеав да ти напишам каде да уплатиш..ама иам проблем со интернет на работа тек сега видов...таа е сметката...ја имам напишано во првиот пост...на Марко мн му е потребна помош со оглед на тоа дека мн пари се потребни за да се прегледа , а тек после ке се знае целосната сума за операцијата која е мн скапа, а неговите не се во можност да ја платат...целата надеж е во донациите и хуманите луге.
RE: Да му помогнеме на малиот Марко Шиндиловски. 29.4.2010 12:47:29
macci
вака бавно оди со телефони...собрани само 2000 евра. треба да се побара од големите компании како т-мобиле,космофон,вип,есм и слични на нив кој може да одвојат поголеми суми на пари
RE: Да му помогнеме на малиот Марко Шиндиловски. 29.4.2010 13:05:40
Enika
ИЗВОРНА ПОРАКА: macci
вака бавно оди со телефони...собрани само 2000 евра. треба да се побара од големите компании како т-мобиле,космофон,вип,есм и слични на нив кој може да одвојат поголеми суми на пари
И јас тоа викам...впремнпари само со вртење да се собираат...треба да се организираат хуманитарни настани, големи фирми да учествуваат со поголеми донации
RE: Да му помогнеме на малиот Марко Шиндиловски. 15.5.2010 23:23:00
Bogdancanka
сега го погледав видеото ах леле сонце го објавив и на мојот фб се надевам дека сите ќе донират по колку можат,дај боже што побрзо да се соберат средства......ајде сите добри лиге да си ги отвориме срцата и да донираме за малиот Марко
_____________________________
Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........
RE: Да му помогнеме на малиот Марко Шиндиловски. 31.5.2010 21:27:05
Bitolcanka
Само што донирав 100 денари на вип. Направете го тоа и вие. Помогнете му на едно мало, невино детенце да се излекува и да има детство какво што заслужува
070/143-123 077/143-123 075/143-123
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
RE: Да му помогнеме на малиот Марко Шиндиловски. 31.5.2010 22:03:18
Viktori
нема проблем Мелоди, за тоа сме тука Дај Боже да се соберат доволно пари. Мислам дека прочитав на фејсбук некаде дека само 21% од парите се собрани....
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.