elenak
|
Мајки ај некој нека ми објасни што значи систематски преглед на дете? Што точно им прегледуваат, што бараат од вас? Ние денес имавме некаков преглед што секако не беше систематски, тоа ми е јасно. Јас не знам дали секаде е исто, еве нашиот изледаше вака: Имавме прво боцкање за крвна слика, па одење на забар. Забар немаше, имаше една сестра која не мрдна од стол, ме праша колку заби има ќерка ми, запиша на ливчето што ни го дадоа и ни рече ,,обично ги мачкаме со еден гел (или не знам што точно) ама сега во моментот немаме,, Добро, и ја прашувам јас дали може да се консултирам со доктор околу запчињата нели, за миење, за одржување, и ми вика ,, па доктор нема, едниот е на боловање, другиот на одмор, ако сакаш дојди во понеделник,, Не викнале на систематски, замислете. А можеа само слика да ми побараат, ќе завршевме работа. И ок, отидовме да ја прими вакцината и таму исто д-р кој не мрда од стол, седејќи ја наслуша и и го виде грлото, ја измерија (висина, тежина) и и дадоа вакцина со лажичка. Ете толку. Кога излеговме само си реков, Господ да ја чува, од нашево здравство аир нема.
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
|