Felly RR -> RE: Систематски преглед (5.10.2011 9:00:58)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: mis. Денеска за Мартин бевме на систематски преглед(на 5 год) и очекував некој детален прегед во смисла посета на очен лекар,стоматолог оториноларинголог...но добивме само мерење на висина тежина диши диши,му го видоа грлцето и упут за лабараторија за проверка на крв.Дали вие бевте повикани на таков систематки и од што се состоеше тој? ИЗВОРНА ПОРАКА: big_mama817 RR истото прашање и мене ме интересира дали само одредена група во градинките им се прави систематски преглед или на сите групи почнувајки од јасли па понатака во нашата градинка вакво нешто досега не е спомнато ИЗВОРНА ПОРАКА: mis. Оваа не е во градинка туку таму кај што ги вакцинираме децата.Нели на месец дена од раѓањето на бебето одиме на 2 на 3 па на 6 месеци на 9 на годинка па еве и на 5 месеци од амбулантата ни стигна покана за систематски.Во градинката секој октомври и феврусри му мерат висина и тежина. Мене ме изненади што кога внук ми во Гвгелија бил повикан на систематски добил и преглед кај стоматолог.За сите градови изгледа различно е. ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR Ние бевме на систматски преглед, со ќерка ми скоро, таа има 6 годинки. Секоја чест на докторите, во какви супстандарни услови работат, а цело време беа насмеани. Имаше преглед диши-диши , грло, видот им го прегледуваа, тоа баш и не ми се допадна затоа што 1,4 и 7 на таблата не се баш напишани како што децата ги знаат, па пола добија упат за очно без потреба. Тест на урина и хемоголобин. + висина и тежина и стапала. Инаку останато е она, 30 деца по гаќички во една соба (на аушвиц ме потсети), ама тоа е. Инаку мислам дека е добро што има систематски од училиште, затоа што како растат децата, ние родителите некогаш се забораваме, па еднаш кога требаше син ми сируп да пие и ме прашаа колку кила има, јас поим немав.
|
|
|
|