|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Со второ дете е секогаш полесно???
1.12.2013 10:09:31   
AneLav RR
Значи јас немав време да размислувам за второ дете(трето), близнаците ми се првоuser posted image . Мене се ми е дупло уште од првиот ден и си викам сега после нив да имам уште едно на трчање ќе го исчувам и се нервирам кога мене некој ми се жали со едно дете, а да речеме има помош од полно страни. Јас си ги исчував сама со најголема помош од мм. Од почеток бев многу смирена и сталожена и имав сила каква што никој мислам не би можел да има. Сега после точно година ипол попуштив со жеивците, викам и многу сум избулива, Значи второ(трето) не никогаш....

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Со второ дете е секогаш полесно???
1.12.2013 14:41:26   
Felly RR
Од мој аспект гледано, мислам дека ќе ми биде полесно. За М не можеш да искористам породилно боледување, и одма се вратив на работа, па морав да ги комбинирам работата и секојдневните обврски околу бебето. Имав помош доста, но кога ќе си дојдев од работа, обврските сите беа на мене. А сега, здравје Боже, кога би имала user posted image ќе можам 9 месеци да седам дома, самиот тој факт што по цел ден ќе бидам дома и ќе можам да се постветам на двете ми дава сила дека нема да биде воопшто тешко. За носење/земање од градинка кога би било потребно ќе има кој да помогне. М не е воопшто љубоморна, и тамам е поголема, па си велам дека нема да имам проблеми од нејзина страна во однос на љубомора.
Се е погодено, уште user posted image да пристигне.user posted image


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Со второ дете е секогаш полесно???
1.12.2013 14:54:27   
vezilka RR
Тоа дека вторите сами растат секако дека е узречица и не е вистина, ама се однесува на тоа дека иако сите бебиња имаат исти потреби, не има обрнува истото внимание. Е сега прашањето е дали првото нзвистина имало потреба од толку внимание, или ние бидејќи сме немале други обврски, па сме им посветувале повеќе од потребното.Дека се дупло обврски не се сложувам, ама повеќе се. Јас познавам еден куп мајки на две деца кои имаат време да излезат и кафе да пијат, значи не е толку страшно. Секој следен нов чекор во животот е потежок од претходниот од самиот факт што е нов, така и второто дете. Ама исто е факт дека има и олеснителни околности. Јас кога ми го дадоа Никола не знаев пелена да му сменам, па што останува за сите други работи кои ме потресуваа и ме фрлаа во стрес. Сега мислам бидејќи сум во шемата влезена, полесно ќе си го организирам времето. Како и да е откако ќе се породам ќе се вратам на темава.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Со второ дете е секогаш полесно???
1.12.2013 15:47:21   
Martins mom
Фели, теоретски е едно, а во пракса сосема друго. И Мартин не беше љубоморен, туку заедно се договаравме како ќе го чуваме бебето, ама ништо од договорот. Иако сум повеќе со него, тој сепак е љубоморен и само гледа начин да привлече внимание или како крлеж е запиен за малата и внимавам да не ја плесне. А за помошта што сите ми ја ветуваа, никаде ја нема. Свеки одвај чекаше да земам породилно за да се одмори.Кога одев на работа барем 7 часа го чуваа, а сега никаде ги нема...user posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Со второ дете е секогаш полесно???
1.12.2013 17:21:28   
niki
malku ke vi go svrtam muabetot na troa podolgorocno od peleni menuvanje
na primer momentot skoluvanje koga navistina se duplo mora da se obezbedi, ne mozes so 1 moliv da gi pratis pa da si go delat ili vo eden par patiki, so edna bluza, edna jakna...
nitu pak na ednoto da mu pomagas vo ucenje a vtoroto da go ostavis samo da se snaoga od prv den
i uste podolgorocno koga ke stane zbor za studii koi ne se besplatni a na toa dodajte i ako treba da se odi vo drug grad (od ova mene mi e strav najmnogu, vo nikoj slucaj ne bi mozele da skoluvame dve deca odednas ili so mala vozrasna razlika, iskreno neznam i ova ednovo kako ke go isturkame ako ostaneme ovde kaj sto sme da ziveeme)
i za ova nikoj ne nudi pomos i koga ke im kazes ke ti odmavnat so komentar pa ne mora site uceni da bile
e pa ne mora ako decata ne sakaat ama ako sakaat...?...

taka doagam do zaklucok deka sekoe dete si e tovar za sebe koj treba da se nosi dolgi godini bez ogled na redosledot po koj e rodeno, na dnevnata rutina se naviknuvas i turkas, nesto ke propustis, nesto drugo ke te opsedne i poveke ke obrnes vnimanie, no ona sto e sustinski bitno e da si vo moznost sekoe dete da go naucis da stane samostoen covek sposoben da se grizi za sebe si na nacin koj ke go cini sreken i zadovolen

se nadevam deka ke bideme tuka dovolno dolgo za da vidime kakva razresnica ke imaat ovie nasi segasni dilemi



_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Со второ дете е секогаш полесно???
1.12.2013 22:55:15   
rina13
Многу е тешκо κога човеκ ρазмислува долгоρочно,сеκаκо се согласувам со тебе Ниκи.Човеκ многу често ќе си ρече деκа ете ќе се помачи ќе се жρтвува за две,тρи деца ќе се занемаρи себе своите потρеби ,но што е со финансиите.Ќе ρечете е од ова од она ќе сκρатиш,исти алишта ќе носи помалото, иста опρема ќе се κоρисти.Но, што понатаму,ете јас κоја сум втоρо дете ги носев алиштата од пρвото,ама аκо веρувате одвρатно сум се чувствувала κога сум носела нешто што ниту сум го саκала, ниту ми било соодветно за мојот физиκус во смисла на големина на κρајот на κρаиштата нема дете κое не саκа ново, дете κое нема да се изρадува на нешто што го посаκало а вие сте му го пρиуштиле.
Дρуг сегмент е стамбеното пρашање,не можете да игρате на таа κаρта деκа децата апсолутно ќе се согласуваат и со задоволство ќе делат се. Споρед мене сеκоја личност заслужува свој личен пρостоρ па маκаρ и неκолκу κвадρати.
Е сега обρазованието κое баρа доста финансии не може да се занемаρи со опρавданието не моρа да се сите учени.Да не моρа κога е личен избоρ,κаκо ρодител сеκој е должен да му го овозможи тој избоρ на детето.Можеби може да се сκρати од многу нешта но од ова не може.
Впρочем од моја гледна точκа аκо цел живот си κρатиме ние κаκо ρодители од најосновните нешта само за да имаме две или тρи деца,јас ρадо би си останала на едно,па κолκу и тоа да изгледа себично од стρана. Не ми е поентата да изгледам ρазмазено дете пρезаситено од се, туκу дете со основни пρиуштени услови,κои да бидам исκρена денес е многу тешκо да се обезбедат.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Со второ дете е секогаш полесно???
11.12.2014 14:40:10   
Bethany
Ха, темава user posted image

Е па живи, здрави, наскоро да видиме.

Јас се искрено надевам дека ќе ми биде полесно од аспект на растење на бебе. Со првото сами, нели на се се стресуваш, какаше ли, јадеше, затрепка со очите, кивна, што му стана, да не е болен? user posted image Повеќе се притресуваш бидејќи не знаш, немаш искуство.
Па во тој поглед се надевам дека ќе бидам порелаксирана, дека ќе сакам повеќе да уживам, помалку да се замарам.
А и највероватно ќе немам толку време да се замарам, бидејќи пак ќе треба да балансирам помеѓу две деца.

Од друг аспект треба да се најде баланс, двете деца, различни потреби, дупли обврски, тоа сигурно ќе е потешко, верувам посебно првите две години додека бебето не порасне, па после кога малку се осамостали, влегуваш во форма, тие можат сами нешто да се занимаваат и слично.

Од финансиски аспект дефинитивно е дека се зголемуваат трошоците. Ајде не во почетокот толку бидејќи имам креветче, кадиче, други пропратни бебешки елементи, ама тргнувајќи од облека, бидејќи е женско, па се друго, итекако ќе се дупли трошоци.
Јас сега на Јаков му купувам чизми и патики од 2000 денари, после ќе бидат трошоци пута два, па сега или ќе имаме или ќе мораме да наоѓаме поефтина варијанта. а тек понатаму, еххеее нема крај user posted image


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Со второ дете е секогаш полесно???
11.12.2014 14:51:14   
Mihaela 2010
Ete cukna na vrata i ova...za nekoj mesec i op vtoro deteuser posted image
si vikam samo neka e zdravo i zivo,a za obvrskite..pa ke vidime kako ke bide
ke bidat razlika tocno 5 god,M vekje e svesna deka ocekuvame nov clen,voljna e za pomos,iako znam deka koga ke se rodi ke si ja pokaze ljubomornata strana
Bidejki i ova e zensko,od finansiski aspekt za pocetok imam obleka , rekviziti od prvoto,ama kako sto kaza nekoj pogore koga ke porasne ke si saka i toa novo,ama zdravje ima vreme
Uste od sega si razmisluvam kako ke bide,primer M vo gradinka,do 2.30 jas sama so bebe,pa posle ke si ja zemam od gradinka,mm ke se pojavi od rabota i ke terame nekako
ajde ke pisam naknadnouser posted image

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Со второ дете е секогаш полесно???
11.12.2014 14:53:42   
Mila mamicka
Темата ја отворила Михаела2010, прва одговорила Бетани, а сега и двете, како и јас, се бремени со второ. Какво е Вашето размислување сега, се плашите ли од обврските што ќе ги имаме по дома со две деца, сметате ли дека ќе можеме да постигнеме се? Јас некако воопшто не се притресувам, цело време сум позитивно расположена, и кога некој ќе ми рече - ќе видиш сега како е со две, некако не се загрижувам многу. Сметам дека со добра организација ќе можам се да постигнам, па ќе видиме како ќе биде. Со првото дете поминав многу лесно, едноставно ми се погоди детето. Беше како по книга да е порачано. И сега цело време си викам, второто да се роди живо и здраво, и да биде исто како бато.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Со второ дете е секогаш полесно???
11.12.2014 14:59:24   
Bethany
Хехе Мила мамичка, и моето бебе не беше захтевно, плачеше кога ептен имаше некоја мака. Беше задоволно и смирено.
Е а тука настанува малку проблем кога ми дојде на ум мисла: што ако биде некое ептееен плачливо бебе, што не се смирува user posted image
ама некако длабоко во срцето чувствувам дека ќе биде и тоа среќно, насмејано и мило user posted image

Со обврските ќе се снајдам, добар сум организатор, веќе кажав дека ми е многу олеснително тоа што веќе поминав со првото, имам искуство, посебно тие првите месеци на бебето. Се надевам нема да бидам паничар и ќе бидам многу поопуштена, па и обврските (физички) нема да ми тежат толку.

Е сега малку за баланс помеѓу две деца на различни возрасти, различни потреби, ама тоа е, ќе треба да се навикнуваме на бебето, а и тоа на нас. user posted image

< Поракaта ја уредил Bethany -- 11.12.2014 15:04:16 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Со второ дете е секогаш полесно???
11.12.2014 15:03:43   
Mihaela 2010
Pa deka se plasam ne se plasam,edinstveno se tesam deka mozebi polesno ke gi simnam kilogramiteuser posted image ,neli demek pogolemi obrvski
pred nekoj den mi bese drugarka so bliznacinjata,2 godisni i se,i bukvalno ne sednaa ni taa ni maz i,celo vreme bea na strek da ne skrsat nesto,da ne iskrtaat po zidot,ama bliznaci,vikam alal da vi e kako uspevata,kaj nas ke bide podrugo,so taa razlika,ne deka nema da si baraat vnimanie,ama edno e da zborime drugo e praksa

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Со второ дете е секогаш полесно???
11.12.2014 15:12:50   
Malecka23
Ete sme i nie vo ovaa prikazna.Vtoro detence na pat a razlika so M ke bidat nepolni 3god.I ke ni bide disko:)
M sega za sega super se prifaka no ne znam kako ke bide koga ke dojde bebeto i ke treba mama da ja deli.I iskreno s enadevam deka do april M ke prifati da odi vo gradinka pa nekako ke bide polesno.Vo pogled na obvrski mislam deka ke se snajdam posto ete vtoro dete veke si u toj film menjanje peleni stanuvanje navecer itn.Nego jas imam golem strav bidejki e ova masko dete.Moze ke zvuci smesno ama jas vo zivot ne sum drzela masko bebence malecko.E samo okolu tie nekoj rab sto treba da se obrne vnimanie mi e malku strav i stravot mi e okolu doenjeto.Se molam da ne mi povtori istata prikazna ko so M.A vo delot na finansii nikogas dosta.Za pocetok imam rekviziti od M se i se nalutiv ne kupuvam dr kolicka ke si ja koristime rozevata na M zasto epten mi se pogodi.Da potkupam nesto obleka i toa e toa.Nekako ic ne se zamaram duri mm mi vika deka mn skrzava sum stanala na se kratamuser posted image .A za ponatamu za skoluvanje za iskacanje ima vreme ke vidime.Ako gledav jas taka nikogas nemase da se osudam na prvo a ne pa na vtoro dete.Da sme zivi i zdravi moze mama ke i se ispolni zelbata za rab tato ke postigne toa sto saka pa primanjata ke se zgolemat pa moze i na loto ke dobieme ako nekogas uplatimeuser posted image

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Со второ дете е секогаш полесно???
11.12.2014 15:23:23   
Mila mamicka
Да ти кажам право Бетани, бидејќи со првото дете си поминав, а и сеуште си поминувам многу лесно, понекогаш се прашувам дали ќе знам да се справам со плачливо, раздразливо бебе. Имав слушнато една изрека која вели - Среќна (смирена) мајка, среќно (смирено) бебе. И се покажа како точна со првото дете. Како ќе се покаже со второто, ќе видиме за некој месец. А за финансискиот аспект, не се замарам многу, затоа што ако така гледш, можеби нема ни прво да родиш, а не па повеќе. Сега за сега, сакам 3 деца, па ќе видиме како ќе размислувам кога ќе го родам и второто.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Со второ дете е секогаш полесно???
11.12.2014 15:24:23   
Bethany
Malecka, bas pisav i vo druga tema... Kako tebe so masko, mene mi e problem so zensko dete.
Sum odrasnala so maski deca okolu mene, ne znam okolu zensko kako sto treba okolu higiena i slicno user posted image

I isto taka mnogu, mnogu bi sakala da mi ova bebe bide na ekskluzivno doenje do 5 meseci i da uzivame i dvajcata vo toa user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Со второ дете е секогаш полесно???
11.12.2014 15:26:12   
Mihaela 2010
Среќна (смирена) мајка, среќно (смирено) бебе. И се покажа како точна со првото дете.


veruj ne e sekogas taka,jas so prvoto si bev doma ,na patoloska,si ucev faks,si idev na kafinja si bev srekjna i vesela i raspolozenauser posted image , si legnuvav rano,ne akav nesto posebno ,ama deteto mi se rodi zverce.
e sega ke vidime,so ova idam na rabota,pogolemi obvrski po doma,po nervozna sum,pa ke vidime sto ke iskoci na krajuser posted image

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Со второ дете е секогаш полесно???
11.12.2014 15:34:00   
Mila mamicka
Не мора да значи дека секогаш е така, ама во голем број примери од мојата поблиска околина, оваа изјава е точна. И не мислев за периодот кога си бремена, туку откако ќе се роди бебето. Ако мајката е нервозна, раздразлива, бебето сето тоа го чувствува, и станува исто нервозно, раздразливо и плачливо. Доколоку мајката е смирена, исполнета, лесно се справува со обврските околу бебето, мислам дека тоа ќе придонесе бебето да биде мирно и задоволно. Барем во мојот случај, се покажа како точно. И бременоста си ја терав ептен кул, и откако се породив бев цело време исполнета и позитивно расположена, и мислам дека и тоа придонесе син ми да биде мирно бебе. Истиот совет и го дадов и на мојата најдобра другарка, старосватицата моја, и после 4 и пол месеци откако се породи, ми рече дека навистина сум била во право. Некој сега можеби ќе рече дека ни се погодиле бебињата, ама ете тоа е моето размислување. Е сега, секогаш има и исклучоци, нели? Се надевам дека второто бебенце нема да ми биде исклучок.user posted image  

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Со второ дете е секогаш полесно???
11.12.2014 15:36:32   
Mila mamicka
И само да кажам дека ме расплака текстот на Палешка, што е поставен на првата страна од оваа тема. Алал да ти е Палешка, значи многу убаво пишуваш.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Со второ дете е секогаш полесно???
11.12.2014 15:46:10   
Malecka23
Ohoo ako bilo taka znaci vtorovo koga ke se rodi ke bide zverce nevideno.Posto mama e premnogu nervozna rastrcana na site strana nenaspana itn..i znam da vikam i koga treba i koga ne,Ama ajde pak ke recam da sme zivi i zdravi pa dr ke se snaogame bitno mi e da cica ako cica mama ke leta od radost i spokojstvo:)

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Со второ дете е секогаш полесно???
11.12.2014 22:58:43   
mama_06
Моиве деца се разлика 1 година и 7 месеци. Значи, кога се роди второво, првото уште беше со пелени и со свои потреби. Во глобала беше и уште е ок човече. А второво....не е ѕверче , туку ѕвер! Јас во мојов живот немам видено полошо дете. Значи ништо не му е погодено. Никогаш не е задоволен, само плаче, сака да е центар на внимание. Прооде на една година, лазеше од 6 месеци и од тогаш не е застанат, а кога сака да одмори бара да го држиме. Уште цица, и единствени 2 збора кои ги знае се: ..Не`` и ,,Цице``. Додека бев на породилно се потрудивме со поголемиов да ги тргнеме пелените, успешно. А откако почнав на работа ми е многу тешко. Големово од мало имаше ред и за спиење и за јадење и за се.Малово исто има ред, ама тотално погрешен. Откако е роден нема врзано во континуитет 4 саати спиење,ни дење ни ноќе. Дење не спие, навечер легнува во 11 а буден е во 6 сабајле. Одма плаче и ми го буди брат му. Се буди 2-3 пати за цицање, млеко не сака да види, пробав демек да му дадам кога бара навечер да цица, ама јок.Го позна и плачеше до 100. Значи мене со второво ми е потешко. На крајот си викам, нека се живи и здрави ќе пораснат и моите како другите деца.

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Со второ дете е секогаш полесно???
12.12.2014 9:21:47   
Aleksx2Leon

ИЗВОРНА ПОРАКА: mama_06

Моиве деца се разлика 1 година и 7 месеци.



Lele, jaka ti dusa, i moive zdravje tolku ke bidat razlika i me fakja panika bidejki seto toa sto go dozivuvas user posted image
jas SAMO sto si go zamisluvam i mislam ke poludam a zamisli vo realnost koga ke go pocustvuvam,aiiiiii user posted image i mene prvovo super detence mi e, sea,si ima svoi potrebi neli, ke zaplace,nekogas izveduva ama vo granici na normala ali drugovo ne znam kakvo ke izleze user posted image ma da i zensko ke e, iako toa ne pravi nekoja razlika, kakvi zenski deca poznavam..kosa da ti se krene, se na se, kako sto rece ti, zivi i zdravi pa ke porasnat a dotogas celicni zivci user posted image user posted image

(Одговор на членот mama_06)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Со второ дете е секогаш полесно???
12.12.2014 13:56:41   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: mama_06

Моиве деца се разлика 1 година и 7 месеци. Значи, кога се роди второво, првото уште беше со пелени и со свои потреби. Во глобала беше и уште е ок човече. А второво....не е ѕверче , туку ѕвер! Јас во мојов живот немам видено полошо дете. Значи ништо не му е погодено. Никогаш не е задоволен, само плаче, сака да е центар на внимание. Прооде на една година, лазеше од 6 месеци и од тогаш не е застанат, а кога сака да одмори бара да го држиме. Уште цица, и единствени 2 збора кои ги знае се: ..Не`` и ,,Цице``. Додека бев на породилно се потрудивме со поголемиов да ги тргнеме пелените, успешно. А откако почнав на работа ми е многу тешко. Големово од мало имаше ред и за спиење и за јадење и за се.Малово исто има ред, ама тотално погрешен. Откако е роден нема врзано во континуитет 4 саати спиење,ни дење ни ноќе. Дење не спие, навечер легнува во 11 а буден е во 6 сабајле. Одма плаче и ми го буди брат му. Се буди 2-3 пати за цицање, млеко не сака да види, пробав демек да му дадам кога бара навечер да цица, ама јок.Го позна и плачеше до 100. Значи мене со второво ми е потешко. На крајот си викам, нека се живи и здрави ќе пораснат и моите како другите деца.


Potpolno se soglasuvam so mama_06!!Mene so vtoroto mi e potesko.Za razlika od prvoto so koe si pominav epten lesno,ova malovo mislam deka mi naplati za Se!user posted image
Od koga e roden samo za mene e privrzan,nemam minuta slobodna.So prvoto si bevme raat,ostavi ja kaj babite I setavme so mm,a Sega pak setame ama so user posted image v raceuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот mama_06)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Со второ дете е секогаш полесно???
13.12.2014 11:22:16   
ostoun
So edno kako niedno, a so dve e druga prikazna. Samo neka se zivi i zdravi.user posted image

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Со второ дете е секогаш полесно???
13.12.2014 12:50:41   
vezilka RR
Јас ја имав таа среќа второто да ми се погоди бубалче, хихи. Најтешки до сега ми беа првите два месеци додека сите да се адаптираме на новата ситуација. Додека да влезеш у шемата и да фатиш рутина. Значи не дека не е тешко после, ама си влегол у шема и не се жалиш веќе, хихихи. Факт е дека немаш веќе време за себе. Барем јас немам. Можеби не можам да се организирам како што треба, ама немам време. Додека бев на породилно со Никола си шеткав, си читав книги, баш се одмарав. Е, ама се стресував, во вистинска смисла на зборот, за се нешто. Абе да кивнеше Никола ние рипавме од кревет и се потресувавме. Тоа сега го нема, ама го нема и времето за читкање книги и слично. Сега па особено кога тргнав на работа, ич па немам време. Кога викам немам време, мислам немам време за себе, иначе за друго имам, хихи пошто времето за себе го жртвуваш. Време за да посветиш на децата ќе најдеш, па макар и да го измислиш, оти ним најмногу им треба твоето време. Се друго можат други место тебе да завршат. Иначе е воглавном се исто. И најголемата замка е да те голтне рутината и да почнеш да си го гледаш животот на „платно“ место да го живееш. Јас во моментов мислам дека се наоѓам на работ од таа замка.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот ostoun)
Непосредна врска до пораките: 48
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2]
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Оди на:






Анкета

Дали ви се менструации болни?
пеперутка16

Во последно време имам толку болни периоди што дури и се онесвестувам..итно е, ми дава инекција и толку..А сега кога стареам како што стареам. Имам 29 години, уште не сум се породила итн.