|  Julie1   
   | И .. сака.. 
 Беше девојче..
 
 Нејзината руса коса
 се прелеваше на сончевата светлина.
 Ја гледаше ко капка роса
 во цветна градина.
 
 И Ја сакаше!
 
 Полна со живот беше Таа.
 Од нејзиното лице насмевка зрачеше.
 Неговите очи Ја милуваа
 крај него кога ќе минеше.
 
 И Ја сакаше!
 
 А Таа не ни знаеше
 дека Тој постои.
 Едностраната љубов траеше,
 ко лузна што стои.
 
 И Ја сакаше!
 
 Беше девојка..
 
 Преполн со радост
 кога ќе ја здогледа.
 Сега се другари во нивната младост,
 делат иста креда.
 
 И Ја сакаше!
 
 Заедно лудуваа,
 но Тој ништо не и откри.
 Убави работи им се случуваа,
 но чувствата од Неа ги сокри.
 
 И Ја сакаше!
 
 Таа беше со друг,
 но секогаш тажна кога беше
 креираше за Неа магичен круг
 и да ја насмевне успеваше.
 
 И Ја сакаше!
 
 Со друга беше Тој,
 за да ја заборави,
 да ја остави на спомените свои,
 друга љубов да се појави.
 
 И Ја сакаше!
 
 Повторно беше сам.
 Почна женски срца да крши
 без нималку срам.
 Никоја неможеше да го задржи.
 
 И Ја сакаше!
 
 Се немаа видено долго време.
 Секој по свој пат, секој различно почна да пати.
 Таа бараше нешто да ја крене,
 повторно во живот да ја врати.
 
 И Ја сакаше!
 
 Одеднаш јасно и беше се.
 Сакаше да го види неговиот лик.
 Солзи и навреа на очите две.
 Се мачеше да не пушти вик.
 
 И Го сакаше!
 
 Животот и се сведе
 на неговата потрага.
 Спомените со себе ги зеде,
 да ја крепат додека трага.
 
 И Го сакаше!
 
 Ништо неможе да ја сопре
 жената која љуби.
 До најдалечното место ќе допре,
 само човекот свој да не го изгуби.
 
 И Го сакаше!
 
 Потрагата вредеше.
 Го најде во едно планинско село.
 Целата трепереше
 од средбата со Него.
 
 И Го сакаше!
 
 Влезе во куќичката мала
 и го здогледа легнат на кревет.
 Помисли, судбината и го дала
 на дланка целиот свет.
 
 И Го сакаше!
 
 Тој скокна од кревет
 кога ја здогледа.
 Од неговиот сакан цвет,
 имаше само слика бледа.
 
 И Ја сакаше!
 
 Не веруваше на очите свои
 дека Таа е тука.
 Му рече: “Сакам да ги бакнам усните твои.
 Срцево мое за тебе чука.”
 
 И Го сакаше!
 
 Го бакна нежно и кратко.
 Времето запре во тој миг.
 Се гледаа вљубено, слатко.
 Пред двајцата беше саканиот лик.
 
 И Го сакаше!
 
 Да можеше некој да го распара
 неговото срце распламтено,
 никој веќе не ќе требаше љубов да бара.
 Ќе имаше доволно за секое срце, напатено.
 
 И Ја сакаше!
 
 Почнаа да се бакнуваат,
 а тој низ плач ја отфрли од себе.
 Чиниш ѕидовите почнаа да тагуваат,
 кога и рече: “Неможам да бидам со тебе.”
 
 И Ја сакаше!
 
 “Но, јас Те сакам”.
 Се чу низ плачот нејзиниот глас.
 “Долго ми требаше да сватам
 дека неможам да живеам без тебе, јас”.
 
 И Го сакаше!
 
 Повторно да го бакне сакаше,
 а Тој со последните сили
 од намерата ја одвраќаше.
 Неможеше да гледа во нејзините очи мили.
 
 И Ја сакаше!
 
 Чиниш некој, најтежок товар му фрлил
 и врз градите му притиска.
 Ко сиот воздух од себе да го исфрлил.
 Со последниот здив почна да вреска.
 
 И Ја сакаше!
 
 “Умирам! Имам сида!”
 Ја отвори вратата и почна да бега.
 Се срушија врз неа сите четири ѕида.
 Крикот на двајцата, го слушам и сега.
 
 И Се сакаа!
 
 _____________________________
 
 And this is my beautiful life ...
 |