Gwendolin
|
Моево бебе има 9 и пол месеци и заспива исклучиво со цицање. Само 2-3 пати ми има заспано во количка на шетање. Уште од многу мала пробував и да ја оставам во креветче и цуцли и нишање и што не, никако не успеваше. После стрикното применување на методата со плачењето (од книга + читање на форумов), не сакаше да заспива до 3-4 сабајле, плачеше цело време. И баталив се, решив дека е најбитно здраво да расте без стресови и сега си заспива пак со цицање. Имав период кога никако не сакаше во креветче, па спиеше до мене, ама почнав пак да ја ставам (инаку спиеше во креветче од првиот ден). Сега сеуште се успиваме со цицање, понекогаш во раце, понекогаш на кревет, па ја префрлам во креветче. Денски спие малку (ете сега) околу 1 час или час и половина и толку. Другото време е играње, шетање, играње, шетање...Навечер не заспива никако пред 11 часот и добри сме, ја намаливме границата, порано не заспиваше пред 4, па пред 1...ете сега заспива после 11 и тоа со маки ја фаќам во раце да цица и многу често сака да ми побегне од раце, плеска со рачињата, сака да игра...се разбудува понекогаш за цицање, но некогаш си спие до 7-8. А може да се разбуди во 6, да си игра, плеска со рачиња, си пее и пак со цицање да презаспие до 8-9. Многу се нервирав зашто не успеав да и воведам некоја рутина точно да станува и да заспива, ама и ова не е лошо, битно да е наспана и среќна.
_____________________________
Само Вселената и човечката глупост се бескрајни. Всушност, за Вселената и не сум толку сигурен. - Ајнштајн
|