|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Транссексуалност
29.1.2012 15:30:55   
AnnaMolly RR
Транссексуалец/ка е личност која чувствува, верува дека е заробен/а во тело на спротивниот пол и има намера да преземе чекори за да започне да живее во склад со својот родов идентитет. Оваа состојба уште е позната како gender dysphoria, што значи незадоволство поради својот биолошки пол. Транссексуалците се кандидати за операцијата за промена на полот која започна со случајот на Кристин Џоргенсон.
Постојат два вида на транссексуалци: машко-кон-женско (МкЖ), кои имаат машко тело, но чувстуваат дека се жени (male-to-female transsexuals) и женско-кон-машко (ЖкМ), кои имаат женско тело, но чувстуваат дека се мажи (female-to-male transsexuals).
Имајќи ја предвид разликата помеѓу полот и сопственото доживување на полот, важно е да се забележи дека транссексуалноста не е проблем на сексуално однесување, туку на полот и родовиот идентитет. Тоа значи дека транссексуалната личност не е преокупирана со некој посебен вид на сексуално однесување, туку со желбата да биде женско ако е нејзиното тело машко, или обратно.

Овие личности се решаваат за операција за промена на полот којашто започнува со многу внимателно советување и психијатриско проценување. Следниот чекор е хормонална терапија.
Следната фаза е "тестирање во вистинскиот живот" кога од личноста се бара да живее како член на новиот пол во период од една до две години. Ова се прави за да се провери дали е личноста во можност да се прилагоди на улогите на новиот пол, а последниот чекор е самата операција.

На мажите им се отстранува пенисот, од неговата кожа се формираат вагинални усни и се вградува вештачка вагина длабока 15-20 сантиметри. Можат да бидат направени и други козметички операции, како што е фацијална феминизација и реконструкција во пределот на вратот, за да се отстрани видливото Адамово јаболко, а се прави и операција на гласните жици за да се добие посакуваниот женски глас.

Операцијата од женски кон машки пол е многу посложена и генерално многу помалку успешна и за неа има две опции.
Првата е соослободување на клиторисот и негова реконструкција за да се добие пенис којшто е целосно функционален, а може и да се продолжи мочниот канал за да се уринира од стоечка положба.
Со втората опција се прави вештачки пенис и тестиси коишто немаат никаква функција. Во некои случаи се вградува крута силиконска гума или друго помагало, така што пенисот може да влегува во вагината и на тој начин се овозможува сексуален однос.

Дефинитивната причина за транссексуалноста не е позната. Едно од мислењата е дека е можеби долг од некое пренатално изложување на хормони од погрешен пол, што предизвикало поинаква мозочна диференцијација.



_____________________________

Live and let live
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Транссексуалност
29.1.2012 15:32:29   
AnnaMolly RR
Ние живееме во едно малку построго општество, меѓутоа ваквите работи се сосема нормални во некои делови од светот.

Дали вие мислите дека ова е прифатливо и нормално однесување и дали би го осудиле и отфрлиле вашиот пријател доколку се реши на ваков чекор?


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Транссексуалност
30.1.2012 13:08:44   
JovanaJ
Ne sum razmisluvala deka moze da se najdam vo situacija da moj prijatel e transeksualec. Eve sega prv pat razmisluvam i mislam deka bi go prifatila. Nema pricina da bide sprotivnoto...
Imase pred nekoja nedela ako ne se lazam, vakov slucaj vo Tetovo ili Gostivar. Bese slucajot izlozen na televizija, na vesti. Na covekot (transeksualec) ne mu dozvoluvaa da vleze vo ambulanta za da se leci, prosto go brkaa i go navreduvaa ....E toa go osuduvam.
Kako i da e, nie ne sme tolku otvoreni po ovie prasanja i mislam deka ke naiduvaat na osuda ovie lica. Za zal...

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 3
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?