Палешка РР
|
Го најдов овој текст објавен во дневниот весник "Дневник" Здравата трудница може да оди на одмор Пред да се испланира летувањето треба да се изврши гинеколошко-акушерски преглед Летниот период им наметнува дилема на бремените жени, а најчесто, дали можат да одат на одмор, со каков превоз, дали е дозволено пливање... Секоја здрава трудница може да се однесува како и пред бременоста. Мојата препорака за нормалните бремености е дека се е дозволено што не е претерано. Пред да се испланира летувањето треба да се изврши гинеколошко/акушерски преглед. Се прегледува грлото на матката и се гледа дали е затворено. Ако постои инфекција се зема брис, за да се даде терапија според антибиограм. Според последната менструација и претходните прегледи се регистрира динамиката на растот и развојот на плодот. Се прави и контролна лабораториска анализа на трудницата, контрола на крвниот притисок, регистрирање на порастот на телесната тежина. Ако анализите се во граница на нормала слободно може да го реализирате одморот. Доколку се присутни компликации (историја за повеќе спонтани абортуси или предвремени породувања или други акушерски компликации, крвавење, ако грлото на матката е скратено и отворено, имате контракции или ви е покачен крвниот притисок, како и постоењето на други болести што бараат редовна терапија и лекарска контрола), летото поминете го дома. Најдобро е одморот да го поминете на некое место што е поблиску (по можност, во матичната земја). Ако патувате во странство, пред патот заинтересирајте се за правата и обврските што може да ги имате како потенцијален пациент. Патувањето за трудниците не е пријатно. Во зависност од избраната дестинација, изберете најбрзо и најкомотно превозно средство. Ако патувате со автомобил, најдобро е да не возите сама поради можните циркулаторни нарушувања. Пожелно е по неколку часа да се прават одмори со лесна прошетка и со консумирање течности. Патувањето со воз е удобно пред се поради комоцијата. Доколку сте склони кон манифестирање мачнина и повраќање (симптомите најчесто се потенцираат кога сте бремени), слободно пред патот земете таблетки против мачнина и повраќање. Најлош избор за превозно средство е автобус. Доколку одберете подалечна дестинација, можете да летате со авион. Новите генерации авиони имаат регулатори на притисокот и обезбеден кислород, што летовите ги прави безбедни за трудниците. Но и во авионот е потребно протегнување на нозете и прошетка на секој час. Обично повеќето авиокомпании дозволуваат летање на трудници до 34 гестациска недела (често и со наод и мислење од гинекологот). Се препорачува за летување да изберете место во близина или дестинација што има добра комуникација со поголемо место и, секако, со здравствена установа. Објектот во кој сте сместени треба да е во близина на плажата, за да не пешачите долго на жештините. Добро би дошло ако на плажите има сенки и лежалки, кои се извонредно решение за трудниците. Не заборавајте креми, масла за сончање и средствата за по сончање. Освен стандардните витамини, железни препарати и слично, понесете и средства против комарци, како и против убоди од други инсекти. Немојте да ги заборавите лековите против пролив, болки, антипиретици (против температура); превентивни антибиотици, како и други средства и лекови ако ви ги препорача лекар. Сончање се препорачува во претпладневите и попладневните часови (пред 11 и по 16 часот). Препорачливо е пешачење низ водата, заради поволното дејство врз циркулацијата и мускулатурата на нозете. Слободно пливајте, но без скокање во вода или нуркање. По капењето задолжително сменете сув костим. Одберете комотен дводелен костим што ќе ви обезбеди слободен стомак, а со тоа и поголема комоција. Консумирајте лесни оброци - варен зеленчук и месо и, секако, риба. Предност дајте им на водестите овошја: лубеница, дињи, праски, кајсии, цреши, јаготки, вишни, ананас, јаболка. Покрај обична и газирана вода, консумирајте што повеќе свежи сокови незасладени со шеќер.
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 13.6.2014 16:26:56 >
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
|