Ikana
|
Па не можеш баш секогаш да дешифрираш што ти кажува потсвеста. Значи ти кога сонуваш, тоа е потсвесно преживување на настаните во денот итн... значи исто ако организмот се бори со нечто во моментот или му фали нешто, потсвесно ти дава знаци во сонот, само што ретко можеме да ги препознаеме. Еве ти од Википедија нешто за потсвеста: Потсвест е она што ни е скриено од нашиот моментален мисловен процес, но и покрај тоа потсвеста него го диктира. Свеста ни диктира што во моментот ќе работиме, зборуваме, правиме, но, свеста и потсвеста комуницираат тајно, свеста ја имплементира состојбата на потсвеста. Влезните стумулуси што ги прима човек, кога ќе ги согледа потсвеста, врз основа на конфигурацијата на потсвеста, претходно здобиени мемории и претходно стекнато искуство, дава, изнесува, одредена реакција на мозокот, на свеста, дава одреден излезен стимулус. Сепак, во секојдневниот говор и во современиот пишан збор, терминот многу често се сретнува како несоодветна замена на изразот несвесен ум, кој, според мислењето на Фројд, означува складиште на социјално неприфатливи идеи, желби или копнежи, трауматски сеќавања и болни емоции, кои се потиснати во умот, преку механизмот на психолошко потиснување. Од психолошки аспект, несвесноста е сила која може да се препознае преку нејзините последици – таа се изразува преку симптомите. Несвесните мисли не подлежат на самокритика но, постои можност да бидат “набљудувани” и “протолкувани”, со помош на специјални методи и техники, како што се медитација, анализа на сонови, грешки во говорот (познато како Freudian slip), кои се испитуваат и водат за време на психоанализа. Карл Јунг го унапредил овој концепт. Тој го поделил несвесното на два дела: лична несвесност и колективна несвесност. Личната е ризница на реалноста, која некогаш била свесност но, била заборавена или потисната. Идејата за “потсвесното” како моќно и силно средство, овозможила терминот да стане значаен во Њу Ејџ и во литературата за самопомош, кои го сметаат за предност неговото истражување и контролирање. Њу Ејџ заедницата верува дека техниките како автосугестија и афирмација ја користат моќта на потсвеста за да влијаат на животот на една личност, дури и дека можат да излечат болест. Скептичните истражувачки магазини го критикувале недостатокот од точна определеност и тестирање на овие тврдења. Физичарот Али Алуси, на пример, ги критикувал како нешта кои се немерливи и се сомневал во веројатноста дека мислите можат да влијаат на нешто што се наоѓа надвор од главата. Покрај тоа, критичарите тврделе дека доказите се обично субјективни и дека поради субјективната природа на позитивните извештаи, тие се чувствителни на потврдна и селективна пристрасност.
|