|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Прекин на ин витро во болница во Њу Орлеанс
29.9.2009 2:27:29   
Еца
Прекинато ин витро оплодувањето во болница во Њу Орлеанс. Откако се открило дека околу 100 пациентки носат ембрион од погрешен донатор директорот на болницата решил да го прекине вештачкото оплодување. Доктор Квинлан изразил длабоко жалење поради настанатиот инцидент.

Центарот за Ин витро оплодување направи грешка во еден значаен дел, во етикетирањето и броењето на замрзнатите ембриони. Разочарани сме од самите себе и длабоко жалиме за последиците,за вознемиреноста и стравот предизвикан кај нашите пациенти, изјави д-р Патрик Квинлан – директор на болницата Ошнер, Њу Орлеанс.

Жртвите на мешањето на ембрионите правдата ќе ја бараат на суд. Едно семејство веќе покрена постапка со која ќе го тужи одговорниот ембриолог,како и центарот за оплодување. "Твојот генетски материјал бил измешан." – и било соопштено на идната мајка.

Центарот го контактирал семејството. Им било соопштено дека нивниот замрзнат ембрион бил помешан и дека одговорните во болницата не се во можност да им кажат кој ембрион на кого припаѓа. Семејството сега треба одново да го почне процесот за ин витро оплодување, вели Кара Самуелс – адвокат.

Со донесувањето на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување и Македонија е дел од земјите каде што се спроведува ин витро оплодувањето.

Извор: тајм.мк

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Прекин на ин витро во болница во Њу Орлеанс
29.9.2009 2:29:00   
Еца
Замена на ембрионите може да биде само човечка грешка

Речиси е невозможна замена на оплодени ембриони при ин - витро оплодување ако оплодувањето се врши според утврдените протоколи, тврди доктор Зоран Петановски од Приватната општа болница „Ремедика“. При процесот на оплодување јајце клетките и сперматозоидите се обележуваат со името и презимето на обата родители и нивната замена може да биде последица само на човечка грешка.

Медицинската практика во земјава не познава ваков случај.. За дополнителан сигурност податоците за брачната двојка која подлежи на ин витро се внесуваат и во електронска и во пишана форма..

Во земјава бројката на ин – витро оплодувања се движи меѓу од 2 до 2 ипол илјади на годишно ниво. Според специјалистите гинеколози заинтересираноста на брачните двојки се зголемила откако здравствените установи склучиле договор со Фондот за здравство.

Извор: Канал 5


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?