Еца -> Прекин на ин витро во болница во Њу Орлеанс (29.9.2009 2:27:29)
|
Прекинато ин витро оплодувањето во болница во Њу Орлеанс. Откако се открило дека околу 100 пациентки носат ембрион од погрешен донатор директорот на болницата решил да го прекине вештачкото оплодување. Доктор Квинлан изразил длабоко жалење поради настанатиот инцидент. Центарот за Ин витро оплодување направи грешка во еден значаен дел, во етикетирањето и броењето на замрзнатите ембриони. Разочарани сме од самите себе и длабоко жалиме за последиците,за вознемиреноста и стравот предизвикан кај нашите пациенти, изјави д-р Патрик Квинлан – директор на болницата Ошнер, Њу Орлеанс. Жртвите на мешањето на ембрионите правдата ќе ја бараат на суд. Едно семејство веќе покрена постапка со која ќе го тужи одговорниот ембриолог,како и центарот за оплодување. "Твојот генетски материјал бил измешан." – и било соопштено на идната мајка. Центарот го контактирал семејството. Им било соопштено дека нивниот замрзнат ембрион бил помешан и дека одговорните во болницата не се во можност да им кажат кој ембрион на кого припаѓа. Семејството сега треба одново да го почне процесот за ин витро оплодување, вели Кара Самуелс – адвокат. Со донесувањето на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување и Македонија е дел од земјите каде што се спроведува ин витро оплодувањето. Извор: тајм.мк
|
|
|
|