|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Солариум - да или не?
7.8.2009 17:30:59   
Еца
Стручњаците од Европската Унија објавиле предупредување дека солариумот го зголемува ризикот од рак на кожата и препорачуваат дека не треба да го употребуваат лица помлади од 18 години како ни особи кои се особено загрозени од оваа болест, односно оние со бледа кожа, со многу пеги или случаи со рак на кожа во членови од фамилијата.
Но сепак ако не можете да си одолеете да одите на солариум, барем направете убаво е да ги знаете овие работи:
*Не би требало да посетувате солариум почесто од два пати неделно, дури и да ја имате најотпорната кожа не останувајте под солариумот повеќе од 20 минути. Тоа што прилично ќе настрада на солариумот е вашата коса (која ќе стане кршлива и ќе го изгуби својот сјај и виталност)-но затоа добра идеја е да ја завиткате со памучна крпа или капа.
*Слаба точка се и усните,бидејки кожата на усните не создава меланин,кој има заштитна улога. Доколку не сакате вашите усни да се исушат и изгубат природната боја, намачкајте ги со балзам за усни со UV заштита. UV зраците се  штетни и за мрежницата на окото (дали сте сигурни дека се уште сакате да одите во солариум). Тука нема да ви помогне дури и да затворите очи или пак да имате црнатрака преку нив-штетните зраци и понатаму продираат. Добра идеја е да ставите очила со UV заштита како да сте отишле на право сончање.
*Пред солариумот треба да ја измиете кожата и добро да ја избришете. Бидете претпазливи со парфемираните препарати кои подобро е и да не ги користите пред солариум, бидејки многу од нив се осетливи на вештачко сонце и можат да ви остават пигментни флеки на кожата. За време на солариумот добро е благо да ја хидритатирате кожата. По 10 саати од солариумот не е пожелно да ги користите оние средства како пилинг, алкохолни лосиони , и креми за длабинско чистење.

Јас лично никогаш не сум била на солариум, бидејќи некако не сум за ваков начин на потемнување, не дека сонцето е многу корисно, но ова ми ептен несигурноuser posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Солариум - да или не?
7.8.2009 20:22:53   
mami
не сум била и не ни планирам да одам, мене ми е тоа толку вештачки...

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Солариум - да или не?
7.12.2009 10:40:08   
ripce
Солариумите канцерогени како и арсенот

Поради претераното сончање во солариумите и изложувањето на сончевите зраци, меланомот стана најчеста болест на младите девојки на 20 годишна возраст.Секоја година околу 340 девојки во своите 20-ти години од животот добиваат малиген меланом – една девојка заболува скоро секој ден во годината.

Според анкетата спроведена на 4000 луѓе, секоја трета жена барем еднаш во животот се сончала во солариум, а дури 80% пред својата 35-та година.

Меѓународната агенција за истражување на ракот, која делува во рамките на Светската здравствена организација, оцени дека солариумите и ламбите за сончање се „канцерогени за луѓето" и со тоа ги вброи во најопасната, прва група заедно со цигарите, арсенот и азбестот.

Претходно солариумите беа означувани како „веројатно канцерогени", но последното истражување, кое беше објавено во научниот часопис „Lancet Oncology medical journal" покажа дека користењето солариуми го зголемува ризикот за развој на меланом и тоа за 75%, и тоа посебно кај помладите лица, под 30 годишна возраст.

Поради резултатите од ова последно истражување, Светската здравствена организација (СЗО) предупредува да не се користат солариумите. На малолетните лица во Германија во иднина ќе им биде забрането користење на солариум, одлучил Германскиот парламент со мнозинство на гласови.
„Кој пред својата 30-та година редовно посетува солариуми го зголемува ризикот од рак на кожа за 75%", стои во извештајот на Германското здружение за борба против ракот (Deutsche Krebshilfe).

Во некои земји, како што е Шкотска и одредени сојузни американски држави, на тинејџерите веќе им е забрането да користат солариуми или пак тоа е дозволено само со лекарска или родителска согласност. Во Австралија на децата им е потполно забрането користење на солариуми.

< Поракaта ја уредил ripce -- 7.12.2009 10:41:06 >

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Солариум - да или не?
7.12.2009 10:45:40   
profesorica
никогаш не сум посетила солариум и воглавном сум против.често ќе приметам некоја девојка или жена во зимски месеци а исончана гламја црна.многу ми е вештачки.

значи сум против!!!

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Солариум - да или не?
7.12.2009 10:48:00   
arh_diz
Jas isto sum protiv solarium .Steten e premnogu za kozata . Jas sum bila samo ednas od radoznalot se razbira.user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Солариум - да или не?
7.12.2009 10:49:39   
Enika
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

никогаш не сум посетила солариум и воглавном сум против.често ќе приметам некоја девојка или жена во зимски месеци а исончана гламја црна.многу ми е вештачки.

значи сум против!!!


потпишувам..плус воопшто не е здраво...незнам што мислат тие што се искварцани цела годинаuser posted image

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Солариум - да или не?
7.12.2009 11:18:08   
STRUMFETA
Definitivno -NE

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Солариум - да или не?
7.12.2009 11:42:37   
Палешка РР
Би отишла...еднаш, двапати, за дискретна боја.
Симпатично ми е.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот STRUMFETA)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Солариум - да или не?
7.12.2009 11:43:46   
ripce
Јас сум ПРОТИВ!

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Солариум - да или не?
7.12.2009 11:47:41   
tereza
дефинитивно не.Моја другарка одеше на солариум и потоа кога и се направија флеки на рамената,вратот со ништо неможе да ги отстрани мака мачи со нив а на кожен доктор и рекоа дека само од солариумот е последица на кожата. сепак од природен тен нема ништо подобро. 

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Солариум - да или не?
7.12.2009 11:54:11   
profesorica
да и моја братучетка се зезна пред апсолвентската вечер беше на солариум и се направија како флеки.лошо.затоа избегнувајте вакви работи!!!

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот tereza)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Солариум - да или не?
7.12.2009 11:56:00   
Iva
Никогаш до сега не сум отишла на солариум, но некако ми е слатко се додека е дискретно затемнувањето. И мене не ми се допаѓа кога во зима ќе ги видам црни поцрнети, да премногу е ваштачко. 

(Одговор на членот tereza)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Солариум - да или не?
7.12.2009 11:58:11   
Iva
Не се сеќавам кој ми кажа за една случка. Една девојка била на турбо солариум баш пред да оди на одмор. Ама не да се испекла, претерала. Утредента дечко и и вика, што ми мириса на изгорено, а таа да ги изгорела внатрешните органи и за два дена умрела.user posted image

(Одговор на членот Iva)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Солариум - да или не?
7.12.2009 12:02:54   
profesorica
ИЗВОРНА ПОРАКА: Iva

Не се сеќавам кој ми кажа за една случка. Една девојка била на турбо солариум баш пред да оди на одмор. Ама не да се испекла, претерала. Утредента дечко и и вика, што ми мириса на изгорено, а таа да ги изгорела внатрешните органи и за два дена умрела.user posted image


лелеееее...се наежив, како бреuser posted image user posted image user posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Iva)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Солариум - да или не?
7.12.2009 12:04:19   
arh_diz
Jas isto znam edna moja prijatelka pred odenje na odmor ocite gi izgore . Posle toa dolgo se lecese sega e ok

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Солариум - да или не?
7.12.2009 20:30:21   
Bogdancanka
не сум била а и не ми треба имам тен не сум баш од белитеuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Солариум - да или не?
7.12.2009 23:01:01   
Bogdancanka
ДОКТОРИТЕ СО ИНИЦИЈАТИВА ДА СЕ ЗАБРАНАТ СОЛАРИУМИТЕ
Да се забранат солариумите
Кожните доктори велат дека сончањето во солариуми може да доведе до појава на најтешкиот рак на кожата - меланом, кој во 98 отсто од случаите завршува со смрт. Сончањето во солариум доведува до предвремено стареење на кожата, таа веќе не е свежа и ел

user posted image Ретко која девојка барем еднаш не била на солариум. Вештачкото сончање последниве години е тренд. Козметичките салони, посебно со доаѓањето на летото, се преполни со девојки кои сакаат да добијат чоколадна боја на кожата, сметајќи дека така се поубави, подобро им стојат кратките летни фустанчиња, мини-здолништа и разголените блузи. Цените кои ги нудат салоните за еден третман се релативно ниски, и тоа е дополнителна причина за масовната посета на солариумите. Но ретко која од девојките што се кварцаат знае за штетноста од вештачкото сончање. Кожните доктори велат дека сончањето во солариуми може да биде кобно за животот, односно да доведе до појава на најтешкиот рак на кожата - меланом, кој во 98 отсто од случаите завршува со смртност. Затоа дел од нив сметаат дека солариумите треба да се забранат со закон.
"Страшно е ова што се случува денес со масовната посета на солариумите. Кај народот не постои свест за опасноста од зрачењето во солариум. Секојдневно сме бомбардирани со реклами по телевизиите за турбо солариуми, но никој од газдите на козметичките салони не им кажува на девојките за штетноста од нив", вели директорот на Кожната клиника Небојша Пешиќ.
Тој објаснува дека ламбите кои се поставени во апаратите за потемнување зрачат УВА-зраци. На овие УВА-зраци направени се испитувања и, поради степенот на штетно влијание врз клетките на човековото тело, за нив се
почесто се употребува терминот УВА-радијација.
"Тоа што светски експерти солариумското зрачење го нарекуваат радијациско, докажува колку се тие штетни. Апсурдно е тоа што девојките одат на солариум да се разубават, а, всушност, тој ги огрдува. Сончањето во солариум доведува до предвремено стареење на кожата, таа веќе не е свежа и еластична туку сува и опуштена, па затоа жените после одат и на лифтинзи за затегнување на кожата. Од солариумите се појавуваат и проширени капилари, пеги по целото тело, а се оштетува и видот", вели доктор Пешиќ.
Според него, најстрашната болест која се јавува како резултат на сончањето во солариуми е појавата на кожниот карцином меланом. За лекување на оваа болест, доколку се открие во доцна фаза, не постои лек, па затоа речиси 98 отсто од случаите завршуваат со смртност.
Токму поради штетноста на солариумите и несвесноста на граѓаните за нивните лоши ефекти, доктор Пешиќ, заедно со уште неколку доктори од Кожната клиника сакаат да поведат иницијатива за забрана на постоење на солариуми во козметиките салони.
"Во неколку држави во Америка солариумите се забранети со закон. Јас сметам дека тоа треба да се направи и кај нас, но знам дека тешко ќе се изведе. Ако тоа не може да се направи, тогаш треба да постои регулатива според која може да работат солариумите. Во секој салон треба да работи доктор кој ќе и ги каже сите штетни ефекти на девојката пред да реши таа да се сонча. Потоа ќе одреди кој тип кожа има, со што ќе се знае како на неа влијае вештачкото сончање. Ако има тип на кожа 1 или 2, џабе и е сончање. Таа кожа тешко потемнува и девојката треба да се отепа од одење по солариуми за да ја добие посакуваната боја. А сето тоа доведува до потенцијална можност за добивање рак. Задолжително при влегувањето на солариум треба да се стави заштитен фактор на телото, но девојките тоа не ги прават поради желбата што побрзо да потемнат", објаснува доктор Пешиќ.
Со цел да видат како работат солариумите, доктор Пешиќ и уште неколку доктори од кожната клиника биле во контрола на козметичките салони кои имаат вакви апарати. Се сретнале со тотално нестручен кадар, кој воопшто не знае како работат и како дејствуваат апаратите врз младите девојки.
"Повеќето од нив не ни беа заинтересирани колку време девојките ќе се сончаат во солариумите. Разговарав со едно девојче кое го правеше вториот третман, и го прашав зошто и колку време се сончаше. Тоа се насмеа и ми рече дека газдарицата му рекла само да си го вклучи апаратот и девојчето си го наместила на 15 минути за да добие побрзо темна боја. Во салоните забележавме и девојчиња од 13 до 14 години, а тоа е ужасно. Никако не смее да им се дозволи на девојчиња под 18 години да се сончаат во солариуми", раскажува доктор Пешиќ.
Според докторите, лошо е тоа што кај нас народот не знае за доста. Ретко која девојка оди на солариум само неколку пати во годината за да добие малку потемна боја на кожата. Речиси сите се сончаат во текот на целата година, а тоа доведува до можност, по неколку години, да заболат од рак на кожа.
"Кај мене доаѓале пациентки, меѓу кои и познати личности, кои во текот на целата година одат на солариум и се ќумур црни. Јас ги предупредувам и им објаснувам дека со таквото темпо има големи шанси да добијат рак на кожа, ама џабе. Тие си тераат по свое, сакале да бидат како чоколади. Да, ама ние не сме поднебје со чоколадна боја на кожата и ако сакаме нешто вештачки да добиеме, за тоа ќе мора да платиме, а во случајот тоа може да го платиме и со живот", вели доктор Пешиќ.
Според него, соначањето во солариумите не може ни од далеку да се спореди со природното сончање, но вели дека и надвор од солариумите сонцето треба да се избегнува. И природното сончање ја гори кожата, па затоа Пешиќ препорачува луѓето да не се изложуваат на сонце во периодот од 11 до 16 часот, а на солариум и да не помислуваат.
Ана Антевска

***

За козметичките салони солариумите не се штетни

Во козметичките салони во кои се јавивме за да прашаме дали тие знаат за степенот на штетност на солариумите и дали за тоа ги предупредуваат муштериите, не сакаа многу да разговараат на оваа тема. Сите кратко ни одговараа дека нивните апарати за сончање не се штетни бидејќи девојките во нив лежат само 2 минути и оти неколку третмани годишно не можат штетно да влијаат на кожата. Во козметичките салони ни тврдеа дека досега немале ниту еден случај некоја од девојките да добие изгореници или алергија по телото од сончањето во солариумите.

***

Годишно 100 лица заболуваат од рак на кожа

Во Македонија бројот на лица кои заболуваат од рак на кожа во текот на една година се движи од 70 до 100. Голем број од овие случаи се регистрирани во доцна фаза, кога веќе нема лек за лекување на болеста. Докторите велат дека очекуваат оваа бројка во иднина да расте бидејќи ракот на кожа се јавува после неколку години од изложувањето на сончевите или зраците од солариум. Со оглед дека последниве неколку години масовно се оди на солариум, докторите очекуваат тоа за неколку години да доведе да зголемен број заболени од рак на кожа.

***


(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Солариум - да или не?
7.12.2009 23:30:21   
BEBICA
100% sum protiv solarium

_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Солариум - да или не?
7.12.2009 23:34:38   
lidijas
Jas licno ne bi otisla na solarium iako imam bel ten a na sonce mnogu goram no ne patam za potemnet ten. Znam deka e steten i sum protiv toa, no sekoj so svojot pamet ili kako sto veli narodot so svoj kamen po svoja glava.

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Солариум - да или не?
8.5.2012 23:59:52   
Natuska85
Женски одите во солариум бе?user posted image

< Поракaта ја уредил Natuska85 RR -- 9.5.2012 0:00:09 >


_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот lidijas)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Солариум - да или не?
9.5.2012 7:37:15   
kikicka
Мене искрено ме фака паника,кога ке легнам и крцка тоа пластиката,стегната,и неможам од филмот фајнал дестинејшн ме уплашиuser posted image ,ама ова лето има да отидам барем малку да фатам боја.

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Солариум - да или не?
9.5.2012 9:05:44   
Pepelaska *
Не би одела,прво не ми се даваат пари за тоа, второ одма ме фаќа сонцеuser posted image

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Солариум - да или не?
9.5.2012 9:23:53   
Mihaela 2010
Jas sum bila ednas i sakav da idam uste ednas koga pravev svadba,ama bidejki bev trudna ne otidov...i mislam deka nikogas nema da odam,premnogu mi e vestacki,ne prirodno,ednostavno so sila ubavina ne biduva...povekje sum za soncanje mada i ova nasevo sonce vekje e sve po stetno i po stetno...

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Солариум - да или не?
9.5.2012 9:37:00   
Beatris
Јас редовно одев секое лето на турбо солариум, стоечки, по едно 5-10 пати пред одмор, колку да добијам подлога зошто ептен сум бела, и тоа е тоа. Е за ова лето не знам баш колку ќе успеам да одам.

Дека е штетно, штетно е, се согласувам, ама мислам дека 10 пати во годината по 10-15 мин, немаат којзнае колку штетно влијание. Не чини да се претерува како и со се друго

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Солариум - да или не?
9.5.2012 10:36:07   
temjana
Од кога ми изгоре задникот па цела недела ми беше црвен ко на мајмун повеќе не одамuser posted image Одев додека бев зелена студентка испробував се и сешто незнам турбо солариум, па оние што те фарбаат солариуми како со туш, па незнам мезо терапии, хемиски пилинзи се имам испробано и не велам дека нема повторно да пробам но некако веќе солариумот ми нема смисла. Особено што многу повеќе ми се допаѓа белиот снежен тен отколку црно вештачки испечено

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цуцла.
пеперутка16

До кога вашето дете имало цуцла?