|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Тумори во детската возраст
29.1.2010 14:47:21   
ripce
Малигните тумори во детската возраст се ретки. Тие претставуваат 1% од сите малигни неоплазми кај човекот. Малигните тумори во детската возраст се разликуваат од оние кај возрасните по тоа што се брзорастечки и агресивни тумори, но подобро реагираат на стандардните терапии, посебно на хемотерапијата. Малигни тумори во детската возраст се:
  • леукемии - 30%,
  • мозочни тумори - 18%,
  • лимфоми - 14%,
  • нефробластом - 9%,
  • невробластом - 6%,
  • рабдомиосарком - 5%,
  • коскени тумори - 5%,
  • ретинобластом - 2%,
  • карцином на црн дроб - 1%,
  • други малигноми – 11%.



_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Тумори во детската возраст
29.1.2010 14:48:33   
ripce
Wilms-овиот тумор (nefroblastom) е најчест примарен малиген тумор на бубрегот во детската возрсат.Wilms туморот учествува со 6% до 7% од сите малигни тумори кај децата. Годишната инциденца изнесува околу 10 случаи на 100 000 деца, на возраст до 15 години. Wilms туморот потекнува од емрионалното бубрежно ткиво. Тој се развива како поседица на малигната трансформација на клетките на бубрегот. Преку 80% од туморите се јавуваат пред 5-тата година од животот. Ретко се сретнува после 10-тата година од животот. Wilms туморот во ретки случаи се јавува почесто фамилијарно. Генетските фактори на ризик имаат поголемо значење за појава на Wilms-ов тумор, со истовремено присуство и на конгенитални (вродени) аномалии на урогениталниот систем. Во помалку од 5% од случаите заболуваат двата бубрега. Кај најголем број на, инаку претходно здрави деца, случајно се открива голема тврдина (тумор) во абдоменот на детето. Други симптоми кои може да се јават, но и немора се: крв во мочката, општа слабост и малаксаност, покачена телесна температура или болка во стомакот. За поставување на дијагнозата се користаат повеќе дијагностички постапки, како: ехотомограски преглед на абодменот, компјутерска томографија и магнетна резонанца на абдоменот. Овие неивазивни дијагностички постапки се доста прецизни и дават јасна слика за присуство на карцином, така да хистолошка анализа, т.е претходна биопсија, може да не биде потребна. Wilms-овиот тумор се вбројува во оние видови на тумори, кај кои во тераписки цели успешно се користат хирургијата, радиотерапијата и хемотерапијата. Често овие расположиви тераписки опции се комбинираат меѓусебно, т.е најчесто се применува мултидисциплинарен тераписки пристап. Сите деца во почеток најчесто примаат предоперативна комбинирана хемотерапија (полихемотерапија -комбинација од повеќе цитостатици), која кај повеќето пациенти доведува до значително намалување на туморот, кој потоа може полесно хируршки отстрани. Одлуката за примена на постоперативна хемотерапија и радиотерапија се донесува врз основа на клиничката и патохистолошка класификација на туморот. Денес е можно излекување кај околу 80% од пациентите. Иако, Dr. Jessop прв ја извел нефректомијата (оперативно отстранување на бубрег) кај пациент со нефробластом во 1877 година, туморот го добил своето име по Dr. Max Wilms, кој во 1877 година го опишал овој тумор кај децата. Радиотерапијата кај пациентие со неуробластот е воведена како тераписка опција во 1915-тата година. но прогнозата на бооеста значително се подобрила во 1956-тата година кога Dr. Faber за прв пат го вовело актиномицинот како хемотерпаија. Денешната стапка на 5-годишно преживување изнесува преку 90%, а тоа е постигнато со комбинирање на сите расположиви тераписки модалитети: хирургијата, радиотерапијата и хемотерапијата.

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 2
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?