|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Бруксизам кај децата (чкрипење со забите)
29.1.2010 13:54:24   
ripce
Бруксизмот е честа појава кај децата. Терминот „бруксизам" означува несвесно чкрипење со забите и стискање на вилиците, особено во сон и при состојби на стрес. Се смета дека бруксизмот се јавува кај околу една третина од децата, со највисока стапка на појава до 5-годишна возраст.
И покрај голем број студии направени на ова поле од педијатрите и детските стоматолози, не е позната точната причина за појава на бруксизам. Но, секако, мора да постојат одредени анатомски и физиолошки нарушувања како фактор за појава на бруксизам кај едно дете.
Во некои случаи бруксизмот е во врска со растот и развојот на детето. Кај други постојат нарушувања во положбата на горните и долните заби. Потоа, може да се јави како одговор на болка, на пример во увото или при избивање на забите. Стресот (анксиозност, лутина и страв кај детето) исто така може да биде причина. Често на промените во животот, преселба, ново училиште или нов учител, расправии со родителите и сл., децата реагираат со бруксизам. Бруксизмот особено е чест кај хиперактивни деца.  

Ефекти на бруксизмот кај децата
Генерално, бруксизмот нема позначајни последици за забите кај децата. Во најголем број случаи не се појавуваат никакви симптоми, но сепак може да постојат лесни главоболки или болки во увото, особенио наутро. Само во екстремни случаи се среќава оштетување на глеѓта на забите, поткршени заби, чувствителност на топло или студено и поизразени болки или проблеми со вилиците. Виличниот зглоб обично не е засегнат, освен во потешки хронични случаи.  

Дијагноза
Родителите се тие што го идентификуваат проблемот, односно забележуваат дека нивното дете чкрипи со забите додека спие или, пак, се жали на болки на лицето наутро. Многу често истовремено со бруксизмот постојат и други нефункционални навики како што се цицање на палецот, грицкање на ноктите, грицкање на образот и сл. Ако постои сомнение дека детето страда од бруксизам, мора да биде прегледано од стоматолог кој ќе побара знаци за оштетена глеѓ на забите, ќе ја испита сензитивноста на забите и ќе постави дијагноза. Притоа треба да се обрне внимание на емотивната состојба на детето. Ова ќе му помогне на стоматологот да разграничи дали бруксизмот е предизвикан од анатомски причини (нарушување на дентицијата) или од физиолошки причини, односно стрес. Потоа ќе се направи планирање на третманот.  

Третман

Најдобро е да се чека бруксизмот самиот да исчезне, да се надрасне. Притоа детето треба да биде под внимателен родителски надзор и под надзор на стоматолог. Така состојбата ќе биде под контрола. Во случаи кога постојат симптоми може да се препише заштитник за забите, кој се носи во спиење. Индикации за примена на ова средство се: утрински болки на лицевата мускулатура и вилиците и оштетувања на забите. Без разлика дали бруксизмот е предизвикан од физички или психички нарушувања, опуштањето и релаксацијата на детето пред спиење може многу да помогнат во контролата на бруксизмот. На пример топла бања пред спиење, слушање тивка пријатна музика, читање и слично го смируваат детето. Секој родител треба да најде соодветна релаксирачка активност што ја сака неговото дете и тоа да стане редовна рутина пред спиење. Ако бруксизмот е предизвикан од стрес, треба да се открие вознемирувачката ситуација за детето и со многу разговор и убедување и со давање личен позитивен пример да се работи на надминување на проблемот. Ако проблемот со емоционалната состојба на детето е посериозен, можеби ќе биде потребна и стручна помош од психолог.  

Траење

Обично детскиот бруксизам се надминува, спонтано исчезнува најдоцна до адолесценцијата. Најголем број деца престануваат со чкрипење кога ќе ги загубат млечните заби. Само кај мал број бруксизмот продолжува и во адолесцентниот период. Ако стресот е основна причина за бруксизмот, состојбата ќе трае се додека трае и стресот. Превентивно може да се дејствува единствено во контролирање и избегнување стресни емотивни ситуации, додека некои форми на бруксизам се природен одговор на детето на растот и развојот и не можат да се превенираат.

< Поракaта ја уредил ripce -- 29.1.2010 13:55:00 >


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Бруксизам кај децата (чкрипење со забите)
29.1.2010 14:07:17   
mis.
Ваква тема има еве кликни тука

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Бруксизам кај децата (чкрипење со забите)
29.1.2010 14:23:47   
ripce
Се извинувам, јас не можев да најдам па ја прашав Еца и таа мислеше дека ја нема. Ок затворај ја... Може јас да си го напишам ова погоре напишаното во веќе постоечката тема, а вие да ја затворите оваа тема?

< Поракaта ја уредил ripce -- 29.1.2010 14:24:01 >


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 3
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Пелени.
пеперутка16

Кога почнавте да го одвикнувате вашето бебе?