|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Семејно насилство
15.7.2009 23:16:47   
Еца
Насилството во семејството најчесто се премолчува. Во најголем дел жртва е жената, но се почесто малтретирани се и децата, а во ретки случаи и мажите.
Најприсутно е психичкото насилство и емоционалното малтретирање, иако не се ретки и случаите кога жртвите се физички малтретирани и тепани.

Стравот и срамот се најчесто причините зошто насилството се премолчува. Жртвите не зборуваат за насилството и бидејќи се економски зависни од насилникот, но и се чувствуваат беспомошни за да се заштитат од тортурите кои ги трпат во своето семејство.

Токму затоа жртвите, за насилството разговарале со своите најблиски, пријателите, а многу малку од нив за своите проблеми се обратиле до полицијата, С.О.С телефоните, како и до центрите за социјални работи.

Кои се вашите размислувања за ова?
Дали би трпеле семејно насилство и кому прво би се обратиле?


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Семејно насилство
15.7.2009 23:37:24   
mami
мислам дека е страшно тоа што се случува во некои семејства а сепак жртвата од страв или незнам од што се обидува д го прикрие тоа. ЈАс никогаш не би го трпела тоа, и мм знае дека во првиот момент кога ке крене рака на мене си одам и нема шанса за враќање назад, зоштотоа што еднаш се случило сигурно ке се слуќи уште многу пати..Многу ми е страв од тие работи а секојдневно читаме во весници за убиства во семејството, за силување, тепање..ужас. Можам само да кажам- Доколку сте жртва на семејно насилство пријавете веднаш и ке ви се помогне не мора сами да поминувате низ тој пекол

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Семејно насилство
18.7.2009 12:14:48   
milijana
Mene majka mi vaka mi kaza,,Ako te udri ednas dodeka odite..pa makar toa da bide i samar..toj ke te tepa cel zivot,, Ova e provereno tocno.Imav drugarka koja deckoto ja udril ama mislam prstite na obrazot i steja dva dena.Mi rece ,,Ama jas bev kriva, go provocirav deka ke si fatam drug decko,, i..jas ja sovetuvav so sovetot od majka mi ,,A..stom pustil toj raka na tebe, pa toj e nasilnik i neznae da razgovara,,Ama, drugarka mi ,,Neeee..on e fin, on vo drustvo e najvesel,, i se zemaa..eve ja tepa..pa ona koga me srekava laze deka padnala, deteto ja udrilo..i taka..znam deka go trpi.Nema kade, ama nema ni volja..ja gledam.Pozz

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Семејно насилство
18.7.2009 18:38:52   
mami
искрено- ги жалам жените кои се жртви на насилство и не ги разбирам како можат да кријат и да го трпат сето тоа..имам комшика која маж и цел живот ја тепа, и таа пак е со него, две деца толкави израсна ама сепак трпи котек редовно...а другарките-ги имам две такви- кои трпеа котек од дечкото не ги разбирам и не ги жалам, сами се криви- тој им е сепак само дечко, ништо повеке и нема право да ми удри шамар или било како да ме повреди, а ако го направи тоа, тогаш веке не ме гледа. Ниедна жена не е должна да трпи насилство врз неа

(Одговор на членот milijana)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Семејно насилство
18.7.2009 19:03:18   
Палешка РР
И јас имам комшивка која маж и редовно ја тепа. Еднаш дури и толку бараше помош што викнав полиција, анонимно. А кога дојдоа, им рече дека ја болел забот......
Жените кои се малтретирани, најчесто не сакаат помош.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Семејно насилство
18.7.2009 20:37:19   
milijana
Za mene vi kazav..eden samar..znaci nasilnik-maz.Toa e dokazano i provereno.Ako ne znae sto pravi neka se povredi sam-ama ne e ulav.Plus tie mazi patat od nesigurnost.Ne se sigurni vo partnerot, ne se sigurni vo nisto okolu niv..pa obicno so tupanici se reavaat.Razumen covek RAZGOVARA.Izvinete za golemive bukvi..belki ke procita nekoja nevina zrtva pa ke reagira na vreme.Ne se svesni oti moze da im se povredi nekoj organ vo teloto ili da zdobijat povredi na glavata od koi (povredi)trajno bi mozele da ostanat invalidi.Se se resava..zdravje ne se kupuva..zdravje.Koga ke gi slusnam ,,Nema kaj da odam,,Abe dve race dal gospod, dve noze , ke se izdrzi, ke rabotis, se ke se sredi.I uste eden izgovor ,,Ke se smeel narodot,, Abe koj narod..koga ti zeno maltretirana zdravje gubis, narodot od ovaa gledna tocka moze samo da te zali, a koga ke go piknes nasilnikot zatvor..on neka se sekira..i narodot..Ti ke se spasis.Moze lesno ni e nam..vaka da delime sovet.Najtesko mi e koga drugarka mi ke mi rece,,Go sakam,, Kako da go saka koga toj ja tepa.Neznam.Ako ima zakon so koj nasilnikot maz se stava vo zatvor..ne treba da se mislat maltertiranive zeni.Ama..site izgovori im se izlisni..za mene nema izgovor..koga tupanicite zboruvaat.Vo pravo sum???

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Семејно насилство
19.7.2009 9:06:48   
niki
Se e do vospituvanjeto i kolku se tie izgradeni licnosti, dali imaat samodoverba.
Ete vcera bas ja nacnavme temava so svekrva mi. Imame komsija koj po cel den se alhoholizira, a zena mu raboti na dve mesta, imaat i sin 17-18 godini. Ovoj i zenata i deteto gi tepa. Zenata ne sum videla da ja udira, a mnogupati gi slusam kako se karaat, ama deteto ednas lani na terasa so kais go mavase. Jas da sum bi mu vratila, bi se branela, bi mu viknala policija ili da sum na mesto na majkata da gledam da go tepa taka krvnicki deteto i da kutam nema sansi... Svekrva mi mi vika roditel bil ne se udiral, cekaj bre malku, da pocit kon roditelite, ama koga roditelot preteruva, koga roditelot neznae za granica, epa nekoj mora da go spreci, a oni dvajca majka i sin i kutat i trpat. I utre toj ke si ja tepa zenata i decata ili uste poloso nekoja nego ke go tepa i se toa nemu normalno ke mu izgleda koga ne se bori za sebe, za nesto podobro i koga nema koj da go nauci deka toa ne e dobro.

(Одговор на членот milijana)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Семејно насилство
19.7.2009 21:23:49   
mami
ники во право си, се и до домашното старо воспитување каде жената е должна да трпи и да му угодува на мажот без разлика што и прави, па затоа  после ке читаме по весници- го искасапила мажот, го запалила, го отрула- па тоа сигурно не е без причина, за тие жени единствен начин да се спасат е мачителот да умре

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Семејно насилство
19.7.2009 21:36:05   
niki
Kakov primer doma takov i vo zivotot ke si bides, toa sto od domasnite si go trpis i od drugi ke ti e normalno, zatoa i ziveat vo toj nekoj zacaran krug i se opravduvaat na toj nacin kaj ke odele sami, oni navistina neznaat za drugo osven nasilstvo i nikako nemozes da im pomognes se dodeka sami ne resat da si pomognat.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Семејно насилство
28.11.2009 23:59:10   
ripce
Зарем може и ова да постоиuser posted image

За време на бременост Семејното насилство за време на бременоста може да биде незабележан од страна на медицинските експерти затоа што често е претставено на неспецифични начини. Голем број земји статистички се анализирани да ја пресметаат распространетоста на оваа појава:
  • Распространетост во Велика Британија: 2.5-3.4%[23][24]
  • Распространетост во САД: 3.2-33.7% [25][26]
  • Распространетост во Ирска: 12.5% [27]
  • Стапките се повисоки кај тинејџерите [28]
  • Сериозноста и зачестеноста постнатално се зголемиле (10% преднатално споредено со 19% постнатално; [29] 21% на 3 месеци постнатално [30] )
Има голем број излагања кои може да бидат поврзани со семејно насилство за време на бременоста: одложување во врска со барањето нега за повреди; доцни резервации, неприсуствување на состаноци, самоисполнување на обврски; чести посети, неодредени проблеми; агресивен или претерано грижлив партнер; изгореници, болки, нежност, вагинални солзи, болести што се пренесуваат преку сексуален однос (STDs- sexually transmitted disease) и пометнување. Семејното насилство исто така може да влијае врз фетусот, наредните бебиња и постоечките деца:

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Семејно насилство
29.11.2009 0:15:40   
Еца
Семејното насилство во пораст
Од почетокот на годинава само во Скопје се регистрирани 227 случаи на семејно насилство, но загрижува фактот што само мал дел од нив се пријавиле во советувалиштата за да побараат помош.

„Апелираме до сите што се соочуваат со овој проблем да не се срамат и да се пријават во советувалиштата каде што, пред се', им се нуди психо-социолошки третман, а потоа се преземаат и други мерки да им се помогне на жртвите. Една од мерките што Владата ја предвидува во нејзиниот оперативен план е економско осамостојување на жртвите и тоа преку вработување. За жал, и тука заинтересираноста на жртвите е мала", истакна министерот Бајрами. Него го придружуваа и претставници на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) во Македонија.

„Податоците од теренот говорат дека секоја трета жена е жртва на семејно насилство, секоја петта на физичко, а секоја десетта на сексуално насилство. Ваквиот круг мора да биде затворен еднаш засекогаш", рече Марија Гелевска од здружението ЕСЕ. (Макфакс)

< Поракaта ја уредил Еца -- 29.11.2009 0:16:31 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Семејно насилство
24.12.2009 15:54:10   
vezilka RR
Дефиниции и видови на семејно насилство


Што е семејно насилство


(дефиниција за семејно насилство Закон за семејство на РМ)

Под семејно насилство се смета однесување на член на семејството кој со примена на сила, закана и заплашување врши телесни повреди, емоционална или сексуална злоупотреба и материјално, сексуално или работно искористување на друг член на семејството.
Како семејно насилство се смета однесување сторено:
    од едниот брачен другар врз другот брачен другар, кои живеат или живееле во брачна или вонбрачна заедница или во кој било вид на заедница како семејство или ако имаат заедничко дете;меѓу браќа и сестри, полубраќа и полусестри;над дете;над постари членови на семејството инад лица-членови на семејството чија деловна способност е делумно или целосно одземена.
(дефиниција за семејно насилство КЗ на РМ, чл.122 ст.17)

Под семејно насилство се подразбира малтретирање, грубо навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психичко или физичко насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв спрема брачен другар, родители или деца или други лица што живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, како и спрема поранешен брачен другар или лица што се наоѓаат во блиски лични односи. Семејното насилство се одредува како збир на однесувања со цел да се воспостави контрола над другите преку примена на сила, застрашување и манипулирање. Таквото одредување се однесува на најчестите облици на насилство во семејството: телесно злоставување, емоционално злоставување, сексуално злоставување и материјално/работно искористување.
Семејното насилство секогаш претпоставува злоупотреба на моќ во релации кои се темелат на нееднаквост.
Тоа не е нова појава и веројатно постои одсекогаш. Клиничките искуства и емпириските истражувања укажуваат дека, семејството како темелна единица на општеството не е само поддржувачко окружување кое овозможува емоционална, социјална и материјална поддршка на нејзините членови, туку може да биде и насилно опкружување во кое најбрутално се кршат темелните човечки права.
Со истражувањата се утврдени неколку неспорни факти:
    Поединецот може да биде изложен на насилство во семејството во текот на целиот свој живот, од детството до длабока старост. Најчести жртви на семејно насилство се жените, децата и старите лицаНасилството во семејството вклучува широк опсег на загрозувачки однесувања кои еден член од семејството ги користи за да воспостави моќ и контрола над друг член во семејството или да задоволи некои свои потреби на сметка на другиот. Затоа, во секој поединечен случај насилството претставува кршење на темелните човекови права.Последиците од изложеноста на насилство се многубројни и битно влијаат на менталното здравје на оние кои се изложени директно, но и на оние кои се набљудувачи на насилството. Најчести последици се: ниско самопочитување, напнатост, депресивност, агресивност, обиди за самоубиство, зависност, нестабилност во партнерските релации, како и намалено работно функционирање и др.Семејното насилство може да се објасни единствено преку интерактивно делување на поголем број фактори кои се групираат на три нивоа: индивидуални карактеристики, карактеристики на семејството и карактеристики на пошироката општествена заедницаПостои јасна поврзаност помеѓу присуството на насилство во семејството и количеството на насилство во општеството, вклучувајќи го и насилството прикажувано на разни медиуми.Постои меѓугенерациски пренос на насилство во семејството. Количината на насилство доживеана во детството придонесува во развивањето и користењето на насилство во возрасно доба.
  Видови на семејно насилство: Психичко насилство е дефинирано низ неколку конкретни однесувања и тоа: контрола, изолација, љубомора и емоционални страдања на жената, состојба што жените ги навредува или сопругот се однесува кон неа на начин таа да се чувствува лошо, доминација на мажот во семејството дека неговиот збор треба да биде последен, заплашување,  заканување дека ќе ја повреди неа или блиски луѓе, спречување да работи надвор од домот, омаловажување или понижување пред другите, барање дозвола  да побара здравствена заштита , инсистира да знае каде е и со кого цело време. Физичко насилство е дефинирано како: употреба на физичка сила или, пак, закана дека истата ќе биде употребена врз жената од страна на нејзиниот брачен (сегашен или поранешен) сопруг или вонбачен партнер или од друг полнолетен член од нејзиното домакинство. Сексуално насилство е дефинирано низ неколку конкретни однесувања: силување, несакан сексуален однос, понижувачки сексуален однос, присила на гледање на порнографски филмови и подведување.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Семејно насилство
24.12.2009 15:57:05   
vezilka RR
Митови и факти


Кога луѓето не располагаат со вистински факти за одредена појава, настанува специфичен облик на уверување - мит. Тие овозможуваат прикладни, но поедноставени објаснувања на сложени социјални појави. Кога се повторуваат доволно често, стануваат ,,општоприфатена мудрост,, и добиваат привид на добро втемелени факти.
Семејното насилство, особено насилството врз жените, го следат бројни митови кои се темелат на уверувањето дека такви работи им се случуваат на другите. Тешко е да се променат бидејќи се чини, содржат зрнце вистина. Обезбедувањето на вистински информации за тоа што е, а што не е вистина е важен дел од јавното делување во борбата против семејното насилство.
Се издвојуваат неколку заеднички карактеристики за сите митови за кои се смета дека го помагаат нивното создавање и одржување:
    Намалување на значењето на проблемот, одрекување на општествената одговорностПрефрлање на одговорноста на самата жртваИзнаоѓање надворешни причини со кои се објаснува насилното однесување на мажитеПрифаќање на состојбите, неверување во можноста за промена

МИТОВИ И ФАКТИ ЗА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНАТА -

МИТ:
Жртвата го предизвикува насилството
- ФАКТ: Насилството го предизвикува злоставувачот. Тој е одговорен за своите постапки

- МИТ: Жртвите уживаат во насилството. Да не е така, би заминале од злоставувачот - ФАКТ: Никој не ужива кога е злоставуван

- МИТ: Насилството во семејството и меѓу партнерите е нивна приватна работа - ФАКТ: Насилството во семејството е сериозен општествен проблем

-МИТ: Ако жртвата го напушти злоставувачот, насилството ќе престане
- ФАКТ: Повеќето жртви се во поголема опасност откако ќе го напуштат злоставувачот

- МИТ: Зачестеноста на семејното насилство е претерано нагласена, тоа и не е така голем проблем
- ФАКТ: Без оглед на статистичките показатели, семејното насилство е значаен општествен проблем

- МИТ: Жените се исто насилни како и мажите
- ФАКТ:
Мажите се значително почести сторители на насилство во семејството

- МИТ: Злоставуваните жени одбираат насилни партнери. Дури и ако го остави насилникот ќе најде друг кој повторно ќе ја тепа - ФАКТ: Иако некои од злоставуваните жени повторно наоѓаат насилни партнери, жените не ги бараат и не стремат кон насилен однос

- МИТ: Физичкиот  напад од мажот врз партнерката е изолиран настан и веројатноста за повторување е мала
- ФАКТ: Физичкото насилство е дел од сложениот образец на моќ и контрола во партнерскиот однос

- МИТ: Насилството меѓу партнерите најчесто се сведува на малку ,,подбутнување,,
- ФАКТ: Насилството меѓу партнерите вклучува разни облици на физичко загрозување

- МИТ: Ако мажот ја тепа жената, мора да е ментално болен
- ФАКТ:
Менталната болест не е предуслов за семејно насилство

- МИТ: Мажот кој само се заканува со физички напад, не е злоставувач - ФАКТ: Заканите претставуваат специфичен облик на злоставување

- МИТ: Мажите што се насилни не можат да си помогнат
- ФАКТ:
Мажите можат да го сменат своето однесување

- МИТ: Брачните тепачки не се сериозни.Тоа се случува во секој брак
- ФАКТ: Брачните тепачки се сериозни и бараат сериозно внимание на општеството

- МИТ: На децата им е потребен таткото иако е насилен кон нивната мајка. жената за доброто на своите деца треба да остане со партнерот
- ФАКТ:
Со растење во такво семејство, децата учат да бидат насилници

- МИТ:        Љубовта не исклучува насилство
- ФАКТ:
Насилството и љубовта не одат заедно

< Поракaта ја уредил vezilka -- 24.12.2009 15:58:14 >

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Семејно насилство
25.12.2009 10:41:28   
vezilka RR
Тепањето девојки не е насилство, велат младите на Балканот

Според резултатите од едно истражување спроведено во Србија, поголемиот дел од младите го осудуваат насилството врз жените, но немаат ништо против тепањето и „дисциплинските мерки", пренесува во четврток белградскиот дневен весник Политика. Меѓутоа, ситуацијата не е ништо поразлична ниту во другите балкански држави покажаа тамошните анкети
Поголемиот број анализи кои се прават на нашите простори покажуваат дека за да се биде млад на Балканот, значи да се биде непопустлив и агресивен. И покрај тоа што во целиот свет мажите се се' повеќе заинтересирани да го минат времето со своето семејство и да учествуваат и да ги поделат обврските на жените, на Балканот, за некои, ова се' уште се сметаат за нарушување на машкоста.
Последната анкета направена во Србија покажа дека младите се речиси едногласни во осудата на насилството врз жените, истакнувајќи дека истото е неоправдано бидејќи се физички послаби, но, сепак, удирањето шлаканици, тепањето и сличните „дисциплински мерки" тие не ги доживуваат како насилство. Истражувањата направени во Србија, Хрватска и во Босна и Херцеговина покажаа дека младите момчиња сметаат дека физичката сила, одбраната на честа, непопустливоста во ставовите, наклонетоста кон спортот и алкохолот, хетеросексуалноста, машкоста и отсуството на кукавичлук се особините кои го красат идеалниот маж на овие простори, објави српскиот весник Политика. За анкетираните мажи, женски приоритети се трачарењето и шминкањето. Многу е необично што младите чувствуваат потреба да ја бранат честа на мајките и сестрите, но кон девојките имаат поинаков став. Главно тие веруваат дека треба да ја задржат постојната позиција на превласт кон жените. Едногласно го осудуваат насилството врз понежниот пол тврдејќи дека истото е неоправдано, поради тоа што тие се физички послаби а истовремено сметаат дека повремените шамари, тепања или таканаречените „дисциплински мерки" не се страшни и не се насилство. Зошто?
„Агресивниот начин на комуникација владее во нашето опкружување. Од две ипол илјади анкетирани средношколци, дури 60 отсто од нив сметаат дека е оправдано насилтвото спрема хомосексуалците, а малку помала бројка од оваа го подржува насилтвото врз девојките. Повеќето сметаат дека е многу важно мажот да биде главен во женско-машките односи и дека насилството е оправдано кога се брани честа. Иако живееме во модерно време, се' уште владее патријархалното воспитување и старомодното проткаено со насилство „мачо однесување" - вели Јована Стојановски, психолог и истражувач на програмата „Иницијатива на младите за спречување на родното насилство на северозападниот Балкан".
Во Македонија веќе започна националната кампања за превенција на семејното насилство под мотото „Вистинскиот маж никогаш не удира жена" како заедничка програма на Обединетите нации (UNFPA, UNDP, UNICEF, UNIFEM & WHO) и Министерството за труд и социјална политика. Досега во јавноста кампањата наиде на огромна подршка. За само неколку недели од формирањето на фејсбук групата за поддршка на кампањата "Вистинскиот маж никогаш НЕ удира жена" таа брои над 30.000 поддржувачи , покажа второто интернет истражување на тема "Демократија преку новите медиуми", кое го спроведе Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Истовремено се појавија уште десетици за среќа помалку посетени групи кои случајно или не, сакаа да се „пошегуваат" со кампањата што е уште еден показател дека луѓето во Македонија недоволно ја разбираат сериозноста на проблемот со насилството врз жените. Имињата на некои од ваквите групи се: „Вистинскиот маж удира жена само со шамари", „Вистинскиот маж никогаш не удира жена...Без причина", „Вистинскиот маж никогаш не удира жена, он улетуе директива со шлепер" итн.
Минатиот месец на интернационалниот ден за елиминација на насилството врз жените Генералниот Секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун порача: „Во секоја земја, девојките и жените продолжуваат да бидат мета на насилство кое предизвикува огромно страдање. Нашите цели се јасни; да се спречи овој неоправдан криминал".

Преземено од Форум



< Поракaта ја уредил vezilka -- 25.12.2009 10:43:10 >

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Семејно насилство
3.2.2010 14:26:52   
ripce
Последиците од семејното насилство најмногу ги чувствуваат децата

Семејното насилство е сериозен проблем со големи размери со кој се соочува денешното општество. Тој има големо влијание врз развојот на децата што можеби самите и не биле физички малтретирани, но биле сведоци на насилно однесување меѓу родителите.

Значи, непосредните жртви на семејното насилство не се единствените што трпат и се под ризик. Секој член на семејството во кое постои семејно насилство е изложен на тој широк круг проблеми и насилство.

Децата како секундарни жртви честопати завршуваат борејќи се самите со сериозни емоционални проблеми, кои резултираат во нарушување на нивното академско, но и интреперсонално функционирање. Тие деца се во позиција да се справуваат со зголеменото ниво на стрес, што доаѓа од стравот дека ќе бидат повредени, како и од лошите родителски модели што ги имаат. Многу од децата чии родители се во конфликт и "битка" често и самите стануваат жртви на насилство. Проценките се дека меѓу 45 до 60 отсто од случаите на насилство меѓу сопружниците подразбираат и малтретирање на децата.

Кај децата што живеат во средина на семејно насилство се среќаваат некои карактеристики како постојан страв за својот живот, повисока инциденца на девијантно однесување, лажење, крадење, измама, тенденција за насилно однесување кон помладите роднини или другарчиња, лошо дефинирање на интерперсоналните врски, насилно навлегување во туѓи врски, проектирање и/или прифаќање на вината. Децата, со текот на времето на семејното насилство гледаат како на нормално случување, се обвинуваат за семејната состојба, конфликти, разделба и развод на родителите, продолжуваат со шемата на малтретирање во возрасниот период, имаат слаба способност за решавање на проблемите и притоа демонстрираат агресивност. Тие имаат несоодветен сексуален имиџ, несигурност во однос на тоа што е соодветно однесување и немаат соодветен модел за идентификација, и незрело однесување во врската. Забележан е висок ризик за самоубиство и обиди за негова реализација. Чувствуваат немоќ при донесување на одлуки, ја минимизираат или ја одрекуваат ситуацијата.

Домашното насилство создава проблеми за целото семејство, а не само за тој што е директно малтретиран. Децата што живеат во овие семејства манифестираат широк распон проблеми во однесувањето.

Со систематска превенција и индивидуална интервенција како одговор се намалува влијанието на семејното насилство не само на сегашните туку и на идните генерации. Со препознавање на семејното насилство како проблем и со работа да се прекине неговиот круг, му се помага не само на тој што се наоѓа во конкретната ситуација туку и се превенира и се намалува фреквенцијата на семејно насилство во идните генерации.

Семејното насилство е сериозен проблем со големи размери со кој се соочува денешното општество. Тој има големо влијание врз развојот на децата што можеби самите и не биле физички малтретирани, но биле сведоци на насилно однесување меѓу родителите.

Значи, непосредните жртви на семејното насилство не се единствените што трпат и се под ризик. Секој член на семејството во кое постои семејно насилство е изложен на тој широк круг проблеми и насилство.

Децата како секундарни жртви честопати завршуваат борејќи се самите со сериозни емоционални проблеми, кои резултираат во нарушување на нивното академско, но и интреперсонално функционирање. Тие деца се во позиција да се справуваат со зголеменото ниво на стрес, што доаѓа од стравот дека ќе бидат повредени, како и од лошите родителски модели што ги имаат. Многу од децата чии родители се во конфликт и "битка" често и самите стануваат жртви на насилство. Проценките се дека меѓу 45 до 60 отсто од случаите на насилство меѓу сопружниците подразбираат и малтретирање на децата.

Кај децата што живеат во средина на семејно насилство се среќаваат некои карактеристики како постојан страв за својот живот, повисока инциденца на девијантно однесување, лажење, крадење, измама, тенденција за насилно однесување кон помладите роднини или другарчиња, лошо дефинирање на интерперсоналните врски, насилно навлегување во туѓи врски, проектирање и/или прифаќање на вината. Децата, со текот на времето на семејното насилство гледаат како на нормално случување, се обвинуваат за семејната состојба, конфликти, разделба и развод на родителите, продолжуваат со шемата на малтретирање во возрасниот период, имаат слаба способност за решавање на проблемите и притоа демонстрираат агресивност. Тие имаат несоодветен сексуален имиџ, несигурност во однос на тоа што е соодветно однесување и немаат соодветен модел за идентификација, и незрело однесување во врската. Забележан е висок ризик за самоубиство и обиди за негова реализација. Чувствуваат немоќ при донесување на одлуки, ја минимизираат или ја одрекуваат ситуацијата.

Домашното насилство создава проблеми за целото семејство, а не само за тој што е директно малтретиран. Децата што живеат во овие семејства манифестираат широк распон проблеми во однесувањето.

Со систематска превенција и индивидуална интервенција како одговор се намалува влијанието на семејното насилство не само на сегашните туку и на идните генерации. Со препознавање на семејното насилство како проблем и со работа да се прекине неговиот круг, му се помага не само на тој што се наоѓа во конкретната ситуација туку и се превенира и се намалува фреквенцијата на семејно насилство во идните генерации.

ИЗВОР: ДНЕВНИК

< Поракaта ја уредил ripce -- 3.2.2010 14:27:00 >


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Семејно насилство
25.11.2010 11:16:52   
big_mama817



Со виолетова панделка против семејното насилство

user posted image Скопје, 25 ноември – „Виолетова панделка“ ќе прават граѓаните на Скопје и на тој начин, ќе му кажат НЕ на семејното насилство.

Панделката ќе се прави на улицата Македонија, пред споменикот на Мајка Тереза, точно напладне.

Насилството против жените претставува непочитување на нивните основни слободи и на нивните човекови права, се вели во соопштението на генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова.

Според неа, какви било форми на насилство над жените, се апсолутно неприфатливи.

Бокова вели дека УНЕСКО активно се бори за заштита на правата и слободите на жените во светот.

Еден од тие патишта е формирање можности за целосно и рамноправно учество на жените во процесите на развој на светот.

Статистиката на ОН посочува дека секоја трета жена во светот во животот била подложена на насилство.

Светскиот ден против насилството над жените се одбележува од 1999 година.

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Семејно насилство
21.7.2011 22:41:51   
nadica
Семејното насилство е чест проблем, жртвите, за насилството разговарале со своите најблиски, пријателите, а многу малку од нив за своите проблеми се обратиле до полицијата, С.О.С телефоните, како и до центрите за социјални работи.

Кои се вашите размислувања за ова?
Дали би трпеле семејно насилство и кому прво би се обратиле?


_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Семејно насилство
26.7.2011 13:03:31   
Maca25
ИЗВОРНА ПОРАКА: zapce

Барав во овој форум тема за семејното насислство но не најдов, па ја ставив овде ако има некаде или не одговара преместете ја.
Денеска се погласно се зборува за семејното насилство, па ако имате некаков коментар во однос на ова, познавате жртви на семејно насилство, законските процедури за грижата на жртвите на семејното насислство, можеме да ги искоментираме овде.
Да му пружиме помош на оној на кој му е потребна, да го упатиме да се запознаеме малку повеке со оваа проблематика.

ДЕНЕС  ДОБИВ ЦВЕКИЊА     Денес добив цвекиња.
Не ми беше ниту роденден, ниту беше некој посебен ден.
Сношти ја имавме својата прва караница и
Ми кажа многу сурови работи кои ме повредија.
Знам дека му е жал
и дека не го мислел она што го кажа,
Зошто денес ми испрати цвекиња. 

Денес добив цвекиња.
Не ни беше годишнина,
ниту беше некој посебен ден.
Сношти ме фрли во ѕид и почна да ме гуши.
Личеше на нокна мора.
Не можев да поверувам дека е реалност.
Наутро се разбудив сета огорчена
и модра насекаде по телото. 
Знам дека сигурно му е жал,
Зошто денес ми испрати цвекиња.  

Денес добив цвекиња,
а не беше денот на мајката,
Ниту било каков особен ден.
Сношти ме претепа.
Беше полошо од сите поранешни моменти
  Ако го оставам, што ке правам?
Како ке се грижам за моите деца?
Што со парите? Се плашам од него,
а уште повеке од заминувањето.
Знам дека сигурно му е жал,
Зошто денес ми испрати цвекиња 

Денес добив цвекиња.
Денес беше посебен ден.
Денот на мојот погреб.
Сношти конечно ме уби.
ме претепа до смрт.
Барем да соберев доволно храброст за да го оставам.
Денес не ке добиев цвекиња. 
Еднаш ми беа кажале:
Не е битно колку го сакаш тој човек, не е важно колку тој тебе те сака, но ако ја крене раката и те удри.............не е вреден да ја има твојата љубов.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Семејно насилство
26.7.2011 13:09:21   
zapce
Со измените и дополнувањето на Законот за семејството (,,Службен весник на РМ,, број 38/04) се воведува третирање на семејното насилство во граѓанско-правен пропис.
Центарот за социјална работа секогаш кога има сознанија дека во семејството постои насилство од било каков вид и дека постои сериозна опасност за животот и здравјето на член од семејството, ги презема следниве мерки на заштита:
  1. обезбедува нужно сместување за лицето-жртва на насилството, кое може да трае најмногу 6 месеци, со можност за продолжување за уште 6 месеци.
  2. обезбедува соодветна  здравствена заштита;
  3. обезбедува соодветна психо-социјална интервенција и третман;
  4. ги упатува во соодветно советувалиште;      
  5. доколку во семејството има дете кое е на редовно школување, помага за продолжување на редовното образование;
  6. го известува органот за прогон;
  7. дава секаков вид на правна помош и застапување;
  8. покренува постапка пред надлежниот суд;
  9. по потреба поднесува барање до судот за изречување на привремена мерка за заштита;
  10. презема други мерки за кои ќе оцени дека се неопходни за решавање на проблемот.


_____________________________

Ако не сум за себе - кој ќе биде за мене?
Ако сум само за себе - што сум јас?
Ако не сега - кога?

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Семејно насилство
26.7.2011 13:10:10   
zapce
Судот може на сторителот на семејното насилство да му ги  изрече  следните привремени мерки:
  1. забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство;
  2. забрана да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин комуницира со член на семејството, директно или индиректно;
  3. забрана да се приближува до живеалиштето, училиштето, работното место или определено место кое редовно го посетува друг член на семејството;
  4. да одреди отстранување од домот без оглед на сопственоста, до донесување на конечна одлука од надлежниот суд;
  5. забрана да поседува огнено или друго оружје или истото да му биде одземено;
  6. да го задолжи да ги врати предметите кои се потребни за задоволување на секојдневните потреби на семејството;
  7. да изрече задолжително издржување на семејството;
  8. да нареди тужениот да посетува соодветно советувалиште;
  9. да нареди задолжително лекување, доколку е корисник на алкохол и други психотропни супстанци или има некое заболување;
  10. да го задолжи да ги надомести медицинските и другите трошоци настанати од семејното насилтво и
  11. да изрече било која друга мерка која судот ќе ја смета за неопходна за да се обезбеди сигурност  и добросостојба на другите членови на семејството;


_____________________________

Ако не сум за себе - кој ќе биде за мене?
Ако сум само за себе - што сум јас?
Ако не сега - кога?

(Одговор на членот zapce)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Семејно насилство
26.7.2011 13:21:41   
zapce
1.обезбедува нужно сместување за лицето-жртва на насилството, кое може да трае најмногу 6 месеци, со можност за продолжување за уште 6 месеци.
ИЗВОРНА ПОРАКА: zapce


Во однос на оваа мерка за заштита од семејно насилство на повеке работилници и дебати на кои што сум била повекето не се согласуваат со оваа мерка.
жртвата на семејното насилство, да земеме за пример: жената по извршеното семејно насилство врз неа ( ако тоа биде пријавено) заедно со своите деца да се смести заедно во т.н шелтер центри. Значи жената покрај тоа што некое врме трпела закани, малтретирања, тепања, насилство сега заедно со децата треба да го менува комплетно животот да биде сместувана во центри, да и се бара нова работа, децата ако се ученици се сместуваа во друго училиште во местото каде се наога центарот ). Значи мала била траумата и за жената и за децата (бидејки и тие индиректно се жртви на семејно насилство) па уште треба да се местат од центар во центар, и комплетно да го менуваат животот.
Значи има иницијатива, т.е размислувања насилникот да се извади од домот, и да му се забрани пристап до домот и семејството па тој да се снаога како знае и умее.
Според мене ова би било правилно, кај насилник па уште и да седи во домот а жртвата, да минува пекол заедно со децата, има недоречености во нашиот закон.


_____________________________

Ако не сум за себе - кој ќе биде за мене?
Ако сум само за себе - што сум јас?
Ако не сега - кога?

(Одговор на членот zapce)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Семејно насилство
26.7.2011 13:24:58   
anedespo
Е многу. 6 месеци ке те згрижат и после што??? На улица. Со денешниве големи сметки за режиски трошоци и кирии тешко една самохрана мајка ќе издржи. Треба социјален стан каде нема да плаќа кирија и комуналии, потоа месечна парична помош. Ова не е ништо. Само тешко на оние жени кои имаат ваков проблемuser posted image

(Одговор на членот zapce)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Семејно насилство
13.9.2011 14:03:07   
rehana
малтретирање, грубо навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психичко или физичко насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв спрема брачен другар, родители или деца или други лица што живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, како и спрема поранешен брачен другар или лица што се наоѓаат во блиски лични односи. Семејното насилство се одредува како збир на однесувања со цел да се воспостави контрола над другите преку примена на сила, застрашување и манипулирање. Таквото одредување се однесува на најчестите облици на насилство во семејството: телесно злоставување, емоционално злоставување, сексуално злоставување и материјално/работно искористување.



ete, vo sekoj zbor se pronaogam jas , toa se mi se slucuva mene,moeto e pretezno psihicko i delumno fizicko ( se ima sluceno nekolku pati 3- 4).sakam da prasam dali moze da se obratam nekade da razgovaram so nekoj strucnjak ali toj da ne bide devojce koe nema osnovano semejstvo i da me sovetuva , nego zdrava licnost koj vo celost zanci sto znaci eden brak i sto znaci istiot da se izgubi.mislam na centarot za socijalni raboti ili nekoj drug organ? ako moze nekoj neka mi pise

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Семејно насилство
23.12.2011 11:45:07   
vezilka RR
Психолошко советувалиште за жртви на семејно насилство

Што претставува советувалиштето?

Советувалиштето преставува прв специјализиран вид на советувалиште кое нуди директна психосоцијална поддршка и третман за сите жртви на семејно насилство кои се подготвени да го прекинат кругот на насилство и да го променат дотогашниот начин на живеење.

Тоа е специјализирана форма на помош од страна на професионалци кои ја водат жртвата низ процесот зајакнувајќи ја нејзината независност во донесувањето на вистински одлуки. Советувалиштето нуди повеќе видови на помош и тоа во домените на превенција, советување и кризна или пост- трауматска интервенција.

Каков вид на психолошката помош и совети се нудат:

- примарна психолошка помош
- итна интеревенција за заштита од насилството
- психолошка помош и поддршка во услови на долготрајна изложениост на насилство и
- кризна интервенција.

Кој може да се обрати во советувалиштето?
Корисници на психолошкото советувалиште се жените -жртви на семејно насилство, но исто така и децата како секундарни жртви на насилство.

Процесот на помош и поддршка се остварува преку одржување редовни средби на индивидуално ниво или група и по нивно претходно закажување.

Начин на работа на советувалиштето
Советувалиштето работи секој работен ден ( понеделник - петок) во траење од по три часа.
Социјалниот работник го врши првичниот прием и закажувањето .
По првичниот прием и закажување на средбите, жртвите на семејно насилство можат да реализираат средба со советувачот терапевт.



Доколку си жртва на семејно насилтво

БАРАЈ ЗАШТИТА!



Психолошко советувалиште за семејно насилство - ЕСЕ: 02 529 -7166

Центарот за правна помош - ЕСЕ: Скопје 02 3117 866

(Одговор на членот rehana)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Семејно насилство
23.12.2011 11:55:05   
Melanija RR
Едно големо БРАВО за сите постови.Сите информации на едно место,секоја чест за сите рр кои се потрудиле да информираат.Само така ќе си дадеме подршка сите заедно.Заедно да се бориме без оглед дали сме жртви на семејно насилство,имаме блиски личност или немаме искуство.user posted image user posted image user posted image


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?