Еца
|
точно така, за таа приказна јас отворив и нова тема, но сега таа ке биде затворена, а постовите преместени тука ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца Родилката била примена со болки во стомакот, а бидејќи била дебела не и се забележувала бременоста Една 50-годишна жена завчера дошла на Клиниката за абдоминална хирургија, жалејќи се дека неколку дена чувствува болки во стомакот и дека има тврда столица. Лекарите што ја примиле се зафатиле да ја дијагностицираат болеста и по направените ехо и рендген прегледи се подготвувале да и дадат терапија за преплет на црева. Тамам, во ординацијата на еден од хирурзите, се подготвувале да почнат со клистирање, жената почнала да добива напон. " Чекајте, чекајте, добивам напон, да одам во ве-це", извикала таа. Лекарскиот тим ја оставил неколку минути жената, да видат што ќе се случи. И она што го виделе не им се верувало. Жената почнала да се породува. " Леле, леле, колеги, овде се гледа глава од дете. Оваа била трудна, каков преплет на црева", возбудено коментирал хирургот. Збунетите болничари и доктори, во прв момет затечени од породувањето, не знаеле што да направат. Но брзо се созеле и се растрчале да го прифатат бебето. Се се одвивало толку брзо, што додека дошол гинекологот, се било веќе завршено. Тој само потврдил дека хирурзите стручно го извеле породувањето и дека е родено здраво машко дете, тешко 4.800 кг, а долго 52 сантиметра. Родилката потоа била префрлена на Клиниката за гинекологија, а новороденчето го сместиле во Детската болница. Ова не и е прво бебе на 50-годишната пациентка, која е од околината на Скопје. Таа е мајка на три деца. Откако завршила комичната ситуација, лекарите ја прашале жената зошто не им кажала дека е бремена. Таа одговорила дека и самата не знаела оти носи бебе, а бременоста не и се забележувала оти била многу дебела. За оваа приказна, иста како оние од рубриката на Рипли "Верувале или не", говори цел Клинички центар. Таму потврдуваат дека тоа е вистината, но официјално никој не сака да зборува за наивниот лекарски превид. Велат, колку и да е смешен, сепак, целиот случај е сериозен и отвора многу прашања, меѓу кои и основното: Како можело, по толку детални прегледи со ехо и на рендген, искусните доктори да не видат дека жената е пред породување. "Навистина ме чуди како е можно на рендген техничарите да не виделе дека во стомакот на жената има коски, човечка глава, 'рбет. Веројатно сликите само површно ги погледнале, оти на таква снимка се се гледа, а камоли бебе", се чудат гинеколозите во породилиштето на Клиниката. Како што дознаваме, пациентката во болницата била примена преку врски, и тоа од врвно лекарско име во хирургијата. (2003 год)
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
(Одговор на членот Enika)
|