|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Храна која ве прави поплодни
28.7.2009 19:30:32   
dani85
Промената на навиките на исхрана можат да ја подобрат плодноста? Можат и тоа како! Прочитајте што велат експертите. Не постои одреден вид храна која ќе направи некого сосема плоден. Сепак прехранбените навики имаат силен ефект врз сите органи во телото, вклучувајќи го и репродуктивниот орган.
Основи на добрата храна

Ако сакате да забремените, внимавајте да внесувате доволна количина витамин Е. Добри извори се житарките, брокулата, јаткастите плодови, квасецот, леќата, зелените листовидни зеленчуци и сојата.

Витамин А - Добар извор се брокулата, зелката, кељот и карфиолот.

Витамин Ц - Добар извор се брокулата, зелката, кељот карфиолот и портокалот.
Витамин Д - Добар извор се млечните производи и лососот.

Калциум – Добар извор се сојата, брокулата, млечните производи и лососот.

Железо – Добар извор се зелените листовидните зеленчуци.

Цинк – Добар извор се квасецот, семките и сојата.

Фолна киселина – Добар извор се зелените листовидни зеленчуци, житарките, квасецот, сојата и овошјата од групата на цитруси.
Есенцијални масни киселини – Добар извор се растителните масла и рибата.

Најважна работа која треба да ја знаете за витамините и минералите е дека телото најдобро ги апсорбира и ги користи во изворен облик, односно преку храна, а не во облик на таблети или суплементи.

Исто така може да внесете и преголема количина, што секако може да ви наштети отколку да ви помогне во ситуацијата, Единствен исклучок од тоа правило е фолната киселина за жените кои требаат да је земаат во форма на таблети или како додаток во исхраната (800 микрограма дневно) со внесувањето храна, бидејќи постои силна врска меѓу фолната киселина и неутралните дефекти при раѓањето.

Храна која треба да ја избегнувате кога сакате да забремените
Алкохол, вештачки засладувачи, бои за храна, ѓумбир, производи од ѓумбир, тоници (пијалаци), кофеин (чоколадо, напивки, кафе, чај) натриум глутаминат и други адитиви, делумно варена или неварена храна, диети, особено оние ригорозните, аспирините и другите лекови против болка, оралните антибиотици, антихистамините и сите други лекови кои вашиот гинеколог не ги одобрил.

Макробиотичарите велат дека би требало да се избегнуваат и следните намирници: месо и јајца, шеќер, посебно рафинираните шеќери, млеко и млечни производи, протеини.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Храна која ве прави поплодни
28.7.2009 19:33:03   
dani85
mislam deka edno kafe dnevno ne moze da nasteti ili pak nekoja kocka cokolado kolku da se zadovoli potrebata od blago. sakam mislenje od onie koi sto imaat rodeno deca da kazat po nestouser posted image .

(Одговор на членот dani85)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Храна која ве прави поплодни
28.7.2009 19:38:37   
Еца
Се што е умерено е добро да се конзумира, подобро едно кафе и еден ред чоколадо во денот отколку стрес на организмот.Тоа е моето мислење.И за газираните пијалоци,тие никако не се здрави, но од една чаша па и не мислам дека нешто многу ќе се промени.Којзнее можеби грешам.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот dani85)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Храна која ве прави поплодни
29.7.2009 9:11:25   
mami
па што знам, јас и мм на пример јадеме чоколадо за ручекuser posted image user posted image значи постојано сме со нешто благо во уста- чоколадо, еурокрем,слатко а останав бремена многу лесно...Јадам житарици доста често и млеко обожавам, на соја се префрливме откако решивме да ги исфрлиме кикириките од употребаuser posted image user posted image
можеби и игра некоја улога, но кај мене немаше ништо посебно

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Храна која ве прави поплодни
29.7.2009 15:11:37   
milijana
I jas pijam po edno kafe dnevno..poveke i ne mozam.Kako devojce..pa nekade do moi 25 god..voopsto ne piev kafe. Gaziranite sokovi ne stetat ako se pijat vo tekot na denot po 200ml(edna casa) poveke bilo stetno-taka imam slusnato.Sepak sodrzele vestacka boja i vestacki zasladuvac.Cokolado..ako sme odbirale da sme go birale crnoto.Samo toa bilo najzdravo.Verojatno poradi sostavot. Citav po dr. forumi deka zenive pred da zabremenat jadele cveklo, ananas,morkov..i piele prirodni sokovi od limon, morkov, protokal i cveklo.(ako znae nekoja od vas, jas ne sum go pravela -toa se varelo se malku seker pa se melelo se , proceduvalo..taka nesto.Ako znae nekoj neka pise za voj recept.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Храна која ве прави поплодни
19.9.2009 14:44:21   
mother 29
user posted image


primarna-medicina.com


< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 14.1.2014 14:38:18 >

(Одговор на членот milijana)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Храна која ве прави поплодни
25.12.2009 20:52:22   
Еца
Поради фактот што јагодите содржат фолна киселина, тие го помагаат забременувањето и ја намалуваат депресијата.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Храна која ве прави поплодни
25.12.2009 20:54:35   
Еца
 Жените што јадат два или повеќе нискокалорични оброци дневно имаат за 85% поголем ризик од неплодност од жените што јадат еден таков оброк неделно, откриле американските научници. Кај жените што јадат еден висококалоричен оброк дневно, шансите дека ќе бидат неплодни се за 27% помали од жените што избегнуваат калорична храна. Нутриционистите што го воделе истражувањето велат дека не очекувале такви резултати.

- Сакавме само да дознаеме дали консумирањето млечни производи влијае на плодноста. Од претходните истражувања направени врз лабаротариските животнии имавме цврсти докази дека лактозата и шеќерот во млечните производи може да биде штетна – изјавиле тие.

Затоа одлучиле да ги проучат податоците од анкетата во која учествувале неколку десетици илјади жени, кои одговарале на прашања за исхраната, физичката активност и здравјето. Повеќето од испитаничките, кои изјавиле дека се неплодни, јаделе претежно нискокалорична храна.

- Нема јасно објаснување зошто никокалоричната храна влијае на плодноста. Можеби причината е во маснотијата на млечните производи или во хормоните на стелните крави кои влијаат врз овулацијата кај жените - велат научниците и додаваат дека ова не би требало да биде изговор на жените што сакаат да забременат, па да јадат тони сладолед, бидејќи за тоа е доволно и помалку од една порција дневно.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Храна која ве прави поплодни
3.2.2010 14:47:53   
arh_diz
Здрава храна - нездрава плодност?
Не само што науката откри дека нивото на хормони опаѓа со внесувањето на намирници богати со влакна, туку и дека предизвикува ановулација. Станува збор за појава во која жената минува низ менструален циклус, но нејзините јајници не ослободуваат јајца.

Може ли здравата исхрана да ги змали можностите за забременување? Така барем гласи загрижувачкиот заклучок на новото истражување според кое конзумирањето на храна богата со влакна може опасно да ја загрози плодноста на жената.

Студијата покажа дека храната како био лебот или тестенините прети на развојот на женските хормони. Колку повеќе жената внесува од овој тип на продукти во својот организам, со тоа нивото на нејзините хормони за репродукциски процеси е пониско.

Истражувањето направено во САД ги извади на површина овие шокантни заклучоци после набљудувањето на 250 жени (односно нивните прехрамбени навики) кои неуспешно се обидуваат да забременат во период од две години.

Слични последици по нивото на хормони кај жените може да има и прекумерното вежбање, тегобите и стресот.


_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Храна која ве прави поплодни
14.1.2014 14:47:41   
Melanija RR
Многу интересни совети ,не само за забременување туку воопшто за женското здравје user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Храна која ве прави поплодни
14.1.2014 15:21:03   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz

.....Студијата покажа дека храната како био лебот или тестенините прети на развојот на женските хормони. Колку повеќе жената внесува од овој тип на продукти во својот организам, со тоа нивото на нејзините хормони за репродукциски процеси е пониско.

Истражувањето направено во САД ги извади на површина овие шокантни заклучоци после набљудувањето на 250 жени (односно нивните прехрамбени навики) кои неуспешно се обидуваат да забременат во период од две години.



Добро што ти текна Меланија. Јас за ова го читав д-р Димитров од Ремедика, во новогодишното издание на весникот КАПИТАЛ, баш истото дека жените кои имаат проблем со забременување, треба да ги исфрлат тестенините. Многу ми беше чудно, а јас ептен сум мераклија на тестениниuser posted image ......

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Храна која ве прави поплодни
15.1.2014 11:42:04   
Kvisko
И јас го читав тоа од Димитров ама многу ме збуни. ПИшуваше да се исфрли брашното и производите од брашно. Не знам дали мислеше на се што е житарка или само преработено бело брашно. Сега сум уште позбунета. Се префрлив на леб од хељда бидејќи прочитав дека хељдата нема глутен, ама сеуште не сум сигурна дека е тоа тоа. ИСто така за доруќек јадам мусли и сега се мислам дали и тоа треба да го исфрлам зашто е само житарки. Ако е така што треба да јадам user posted image
Ова веќе навистина станува напорно и само го зголемува стресот.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Храна која ве прави поплодни
15.1.2014 12:02:01   
Hopeful RR
Се замислив и јас сега... што подразбираат под биолеб?
Не знам дали кај нас има воопшто леб без глутен, освен ако сами не си го направиме, бидејќи секогаш мешаат и пченично брашно... А тестенини од ориз ок се?
Мене па млечните производи ми прават многу проблеми, ги јадам ептен ептен ретко, а тестенини ептен сакам... И што да јадеме, овошје и зеленчук само? user posted image


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Храна која ве прави поплодни
15.1.2014 12:18:16   
Melanija RR
Веројатно се мисли на она истражување дека лицата не толерантни на глутен имаат проблем со забременување. Како општо имаме тема Целијакија

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Храна која ве прави поплодни
15.1.2014 12:52:45   
Kvisko
Melanija и јас прво така мислев, ама таму пишуваше жени со нормална тежина полесно забременуваат ако исфрлат брашно и производи од брашно. И толку. Дали е новинарска грешка не знам.
Знам само дека колку повеќе читам и истражувам на темата толку позбунета сум.
Едни совети се дека за ПЦОС и инсулинска резистенција требад а се јадат целозрнести прозиводи, други викаат не никако житарки. Со овошје да не се претерува итн, итн. Не знам зајци да станеме и само моркови да јадеме веројатно треба.
Од друга страна жени остануваат трудни со јадење глупости, издрогирани, пијани, неухранети, предебели и што ти ја знам. Ако сака да биде ќе биде, ако не сака и на глава да стојаиме по цел ден пак нема да биде. Тоа е тоа, да ти се плукнам среќата.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Храна која ве прави поплодни
15.1.2014 13:05:31   
Melanija RR
Kviskо баш така со џанк храна и во секакви состојби, така што нема правило.Една познаничка ,ова нема врска со забременување, но многу здраво се хранеше едноставно пазеше што јадеше ,многу сакаше овошје.Приметила дека се дебелее сега не многу ама качила килца,и докторката и рекла и многу здравата исхрана поинаку делува на органите.
Тоа од Димтров не сум читала.Може линкче во пп user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Храна која ве прави поплодни
15.1.2014 13:31:34   
Hopeful RR
Така е, многу арно не е на арно user posted image Јас знам и за случај на човек кој од толку пазење што јаде и како јаде, и од толку внесување здрава храна, завршил на детоксикација...
Мислам дека генерално треба да се внимава, заради општа добросостојба, но не и да се стане аскет. Јас стварно пазам, и овошје, и глутенски и неглутенски житарки, и шеќер не, и млечни не, и што се не, ама да ти се плукнам на животот ако не можам од време на време да изедам макарони со кашкавал во рерна, симит погача или торта! И си ги јадам кога ќе ми се пријаде! user posted image
А за забременувањето, еве гледам, сите наоколу пазат со хамбургери од 7ца, џанк, алкохоли и слично, па имаат деца. Кога сака, само ќе си дојде, јас верувам во тоа user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Храна која ве прави поплодни
15.1.2014 15:11:01   
LoveableMe RR
Меланија, еве ќе ти пратам линк од интервјуто во порака, има посебен прилог за забременување и бременост. Конкретно, интервјуто е на 82-83 страна. Позз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Храна која ве прави поплодни
19.2.2014 10:26:41   
sasaiciko
moze da te zamolam ina mene vo pp da mi pratis link od intervjuto na D-r Dimitrov

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 19
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?