dani85 -> Храна која ве прави поплодни (28.7.2009 19:30:32)
|
Промената на навиките на исхрана можат да ја подобрат плодноста? Можат и тоа како! Прочитајте што велат експертите. Не постои одреден вид храна која ќе направи некого сосема плоден. Сепак прехранбените навики имаат силен ефект врз сите органи во телото, вклучувајќи го и репродуктивниот орган. Основи на добрата храна Ако сакате да забремените, внимавајте да внесувате доволна количина витамин Е. Добри извори се житарките, брокулата, јаткастите плодови, квасецот, леќата, зелените листовидни зеленчуци и сојата. Витамин А - Добар извор се брокулата, зелката, кељот и карфиолот. Витамин Ц - Добар извор се брокулата, зелката, кељот карфиолот и портокалот. Витамин Д - Добар извор се млечните производи и лососот. Калциум – Добар извор се сојата, брокулата, млечните производи и лососот. Железо – Добар извор се зелените листовидните зеленчуци. Цинк – Добар извор се квасецот, семките и сојата. Фолна киселина – Добар извор се зелените листовидни зеленчуци, житарките, квасецот, сојата и овошјата од групата на цитруси. Есенцијални масни киселини – Добар извор се растителните масла и рибата. Најважна работа која треба да ја знаете за витамините и минералите е дека телото најдобро ги апсорбира и ги користи во изворен облик, односно преку храна, а не во облик на таблети или суплементи. Исто така може да внесете и преголема количина, што секако може да ви наштети отколку да ви помогне во ситуацијата, Единствен исклучок од тоа правило е фолната киселина за жените кои требаат да је земаат во форма на таблети или како додаток во исхраната (800 микрограма дневно) со внесувањето храна, бидејќи постои силна врска меѓу фолната киселина и неутралните дефекти при раѓањето. Храна која треба да ја избегнувате кога сакате да забремените Алкохол, вештачки засладувачи, бои за храна, ѓумбир, производи од ѓумбир, тоници (пијалаци), кофеин (чоколадо, напивки, кафе, чај) натриум глутаминат и други адитиви, делумно варена или неварена храна, диети, особено оние ригорозните, аспирините и другите лекови против болка, оралните антибиотици, антихистамините и сите други лекови кои вашиот гинеколог не ги одобрил. Макробиотичарите велат дека би требало да се избегнуваат и следните намирници: месо и јајца, шеќер, посебно рафинираните шеќери, млеко и млечни производи, протеини.
|
|
|
|