|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Саем на книгата
26.1.2010 11:39:20   
mami
„Клубот Матица“ и годинава традиционално по деветти пат од 21 до 31 јануари ќе го организира својот саем под мотото „Книга во секој дом“.

На книжевната манифестација на читателите ќе бидат понудени повеќе од 5.000 наслови од белетристика, уметност, архитектура, дизајн, економија, маркетинг, менаџмент, историја, филозофија, право и политика, гастрономски прирачници од сите кујни во светот, речници и лексикографија, музика и филм, медицина, книжевност, детска литература, друштвени и креативни игри итн.
Просечната цена на насловите кои се понудени е 169 денари. Ќе бидат застапени книги од позначајните македонски издавачи, како и над 2.000 наслови по симболични цени од познати американски, британски и германски издавачки куќи. Цената на англиските и германските изданија ќе се движи од 100 до 400 денари.
Промоција и средба на читателите со македонските автори ќе се одржува секој ден.

- Посебен акцент на овој саем ќе ставиме на промоција на неколку македонски автори. Идејата ни беше конечно да почнеме со интеракција меѓу читателот и авторот. Читателите ќе имаат можност на одредени датуми и периоди од денот да се сретнат и поразговараат на теми кои ги интересираат и да им поставуваат прашања на авторите, рече на денешната прес-конференција директорот на „Матица“ Дејан Павлески.

Членовите на Клубот и сите читатели ќе имаат можност во рамките на книжевната манифестација да ги најдат сите книги од позначајните македонски издавачи како што се „Темплум“, „Или или“, „Култура“, „Табернакул“, „Македонска реч“, „Детска радост“, „Просветно дело“, „Макавеј“ итн.
Саемот „Книга во секој дом“ е распространет и во Охрид, Струга, Битола, Кавадарци, Прилеп, Неготино, Гевгелија, Штип, Струмица, Радовиш, Делчево, Куманово и Тетово.
Во изминатите девет години, посочи Павлески, саемот „Kнига во секој дом“ бележи зголемување на бројот на посетители и читатели. Статистиката покажува дека на првиот организиран саем во 2001 година биле продадени 7.000 книги, а имало посетеност од 3.000 читатели.

Минатата година продажбата достигнала 80.000 книги, а посетеноста е зголемена за повеќе од дваесет пати односно 60.000 луѓе го посетиле саемот.
- Очигледно саемот ја остварува својата цел како книжевна манифестација, а тоа е да ја направи книгата достапна за сите граѓани во Македонија. Овие бројки покажуваат дека македонските граѓани се образовани, ја сакаат и почитуваат литературата и книгата и ги следат сите светски трендови од сите области, додаде Павлески.
Авторот Блаже Миневски изрази благодарност што издавачката куќа „Матица Македонска“ во акцијата го земала предвид неговиот роман „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“.
- Се надевам дека годинава бројката од 80.000 продадени книги можеме да ја заокружиме на 100.000. Оваа акција во „Матица“ со приближување на книгата кон читателите со 80.000 купени книги минатата година е една наша квалификација да излеземе надвор и да бидеме рамноправен натпреварувач на полето за културен натпревар во Европа, истакна Миневски. Тој рече дека книгите кај нас досега се печатеа и најголем дел остануваа во подрумите.

- Треба дефинитивно да престанеме да печатиме книги за подруми, за квантитет. Сега ни треба квалитет и продажба на книгата. Ова е прекрасна акција за книгите да стигнуваат до читателите и преку ниските цени и големиот интерес, додаде Миневски.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Саем на книгата
26.1.2010 11:42:35   
mami
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

прво сликовници за Лука , Ловец на змејови, Цената на едно дете, Ќерката на Магда, Чарли и фабриката за чоколади, Париска опција, Московски вектор, Убиство во Месопотамија. Ама имаше многу гужва, денес ке излезам од работа малку за книгите на Анушка и Мотхер29 а и да доразгледам убаво што имаше друго и мм ке ме убие

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Саем на книгата
26.1.2010 11:48:54   
vezilka RR
Ова со саемот е супер идеа, еден начин да се мотивираат луѓето да појдат до книжарата и да си купат некоја книга..иако можам да кажам дека нема баш некој голем попуст. Исто така сакам да ги пофалам Матица за големиот број преводи во последно време исто како и брзото време на издавање на новите наслови скоро во исто време со „другиот“ дел од светот.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Саем на книгата
26.1.2010 13:25:27   
mami
бев сега пак до Матица, Мотхер29 ти ги земав книгите само пиши ми пп за адреса, а Анушке твојата ја нема, ми рекоа дека дури на лето ке ја имало, сега завршила.
А и ја купив Петтото дете, не издржав.И толку, не влегувам повеќе таму оти ке снемам париuser posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Саем на книгата
26.1.2010 13:31:17   
Tanja K.
Odlicen izbor za petotto dete.Mnogu potresna kniga,no so vistiski cuvstva i emocii.Mnogu dobar izbor.Zemija ako imas moznost i isceznat od Daniela Stil(ako uste ja ima,i ne e potrosena),nesto sto nemoze da se opise.Istite knigi i istiot popust duri mislam i poveke,kako sto me informiraa ima i vo knizarata na rekord,Makedonska kultura.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Саем на книгата
26.1.2010 13:31:59   
mother 29
e super bas se izraduvav!!!!!!
fala mami

(Одговор на членот Tanja K.)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Саем на книгата
26.1.2010 13:33:49   
pacuvce
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

А и ја купив Петтото дете, не издржав.


Чекам впечатоци...

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Саем на книгата
26.1.2010 22:36:36   
Izabella
I jas iznakupiv knigi, bravo za Matica, ama sepak tie sto najmnogu me interesiraa bea po 500 denari...

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Саем на книгата
27.1.2010 9:23:31   
Cacko
so mm bevme i se vrativme so 3 kesi knigi,od koi plativme 1000 den a dobivme gratis knigi za 2000 denuser posted image ,posto mm peese del od himnata sea so ja pravea matica,epten se isporaduvavme.inace ima mnogu interesni detski enciklopedii na makedonski i na angliski po 150 den na popust,super se.druga dobra kniga so ja zemav e soprugata na diplomatot,

(Одговор на членот Izabella)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Саем на книгата
27.1.2010 9:34:29   
mami
Енциклопедиите се супер, ама веќе дадовме доволно пари, па ке почекаат некој следен патuser posted image

(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Саем на книгата
29.1.2010 8:54:52   
Еца
user posted image Јас не сум била, ама не е доцна, денес мм е дома, кога ќе стане од спиење ќе го натерам да одиме, да си земам и јас некоја книгаuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Саем на книгата
29.1.2010 9:15:00   
zami
Jas bev prviot den i bese mnogi uzva, kupiv Beleznikot na Mikelandzelo od Pol Kristofer(ja procitav), Cetvrtiot kenedi od Mario Puzo i Carli i fabrikata za cokolado za Mitko. Se spremam utre pak da odam ako ostanalo nesto.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Саем на книгата
29.1.2010 9:19:57   
pacuvce
Попуст има и во Книжарница Три во ГТЦ...Јас одам утре...Барем да ѕирнам...А може и нешто ќе купам...

user posted image

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот zami)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Саем на книгата
29.1.2010 9:28:25   
mis.
ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.

Фестивал, промоции и попусти во книжарницата "Феникс"

Издавачката куќа "Феникс", заедно со Фондацијата "Македонија презент", од утре до 15 февруари ја организира манифестацијата "ФАКТ" (Фестивал, акции, книги, трибини).
Фестивалот ќе се одржува во новоотворениот Културен центар на "Феникс" кај Универзална сала, од 12 до 20 часот, а ќе бидат презентирани најновите изданија: "Љубовница" од Аманда Квик, "Страв од летање" од Ерика Јонг, "Шехерезада", "Дневник" од Ог Мандино, "Убаво однесување" и "Пророкот" од Калил Џибран.
Сите книги ќе се продаваат со попуст од 50 отсто, а посетителите ќе добијат бесплатни членски карти на Клубот на книгата, со постојан попуст во текот на целата година.
Од "Феникс" најавуваат дека од 20 до 27 јануари ќе се одржи еднонеделниот Фестивал на чајот, со промоција на книгата "100 чаеви", а ќе биде претставена и едицијата "Здравје". Ќе има и пладневни промотивни средби со писатели под заеднички наслов "На чај со...", при што ќе бидат претставени и најновите изданија на Радован Павловски, Ристо Ѓ. Јачев, Ката Мисиркова - Руменова и на Христо Петрески.


Знае некој кај има книжарница на Феникс?

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Саем на книгата
29.1.2010 9:34:14   
jovanka
dali nekoj ima informacija za popust na recnicite po angliski i germanski jazik.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Саем на книгата
29.1.2010 9:39:09   
pacuvce

ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.

Знае некој кај има книжарница на Феникс?



Една имаш до Тинексот,спроти Лотарија на Македонија...На ул.Даме Груев...



_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Саем на книгата
29.1.2010 9:48:03   
mis.
фала пацувче  ако имам прилика ќе отидам да видам што има.

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Саем на книгата
29.1.2010 10:02:14   
zami

ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.

Фестивал, промоции и попусти во книжарницата "Феникс"


Фестивалот ќе се одржува во новоотворениот Културен центар на "Феникс" кај Универзална сала






kade tocno e ova, jas sekoj den recisi pominuvam otkaj univerzalna, kade da go baram

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Саем на книгата
29.1.2010 10:06:51   
mis.
И ние пред некој ден поминавме од таму и ајде да ја најдеме демек и не можевме да се снајдеме и си отидовмеuser posted image

(Одговор на членот zami)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Саем на книгата
10.4.2010 18:22:59   
mother 29
ИЗВОРНА ПОРАКА: Rossana

Меѓународниот саем на книга и либрографика, претставува водечки настан за љубителите на убавиот збор и една од најпосетените саемски манифестации кај нас. Во деновите на Саемот, посетителите, освен најновите изданија на домашните и странските издавачки куќи, ги очекуваат бројни промоции, тематски средби и пригодни изложби... Издавачките куќи годинава љубителите на пишаниот збор ќе ги привлекуваат со наслови од странски автори и со попусти до 80 проценти. На годинешниот Саем на книгата, кој ќе се одржува од 13 до 18 април, издавачите најавуваат големи попусти, понуда на дела главно од странски автори, а гости од надвор ќе имаат само издавачките куќи „Феникс“ и „Три“.1. Во понудата на Матица ќе доминираат дела од македонски писатели како: „Токму така“ од Гане Тодоровски, „Свеченост“ од Цане Андреевски и „Слоеви“ од Јован Стрезовски. 2. Икона ќе понуди многу нови наслови на светски познати автори како на пример: „50. закон“ од Роберт Грин и Фифти Цент, „Чоколадо“ од Џоана Харис, „Мак Мафиа“ од Миша Глени, „Левијатан“ од Пол Остер и „Вторниците со Мори“ во Мич Елбом. 3. Култура ќе понуди 11 нови изданија од странски автори и четири од македонски. Дел од понудата се „Приказни за Скопје“ од Томислав Османли, „Монотонија“ од Бобан Богатинов, „Избраниот“ од Александар Блажевски, „Заробени сништа“ од Марина Немаат, „Писмата за Џенифер“ од Џејмс Патерсон и други. 4. Издавачката куќа „Три“ меѓу другото ќе го презентира првиот дел од трилогијата „Милениум“ големиот светски хит „Девојката со тетоважа на змеј“ од Стиг Ларсон, третиот и четвртиот дел од „Самрак“ од Стефани Маер. 5. Или - или на понуда ги има следните дела: „Викенд“ од Берхард Шлинк, „Стравот на голманот од пенал“ од Питер Хандке, „Ќе ви плукам на гробовите“ од Борис Вијан, „Гол живот“ од Луиџи Пирандело и други. 6. Феникс ќе промовираат над 100 нови изданија, меѓу кои е „Животни во срцето“ од Херта Милер и „Смелоста на надежта“ од Барак Обама, а ќе презентираат и шест нови книги за деца.  

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Саем на книгата
14.4.2010 15:23:17   
Mila na mama
Саемот секоја година посиромашен. Годинава ретко има ново издание. Барем има ефтини бестселери за пополнување време.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Саем на книгата
16.1.2012 19:15:31   
Snowhite RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija

Конечно попусти 

Во Матица од 20.1-20.2.2012г.


Незнам дали сеуште трае попустот во Култура,a во Три трае до 31.1.2012г.




_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Саем на книгата
23.4.2012 12:46:57   
Felly RR
Почнува Саем за книгата

user posted image

Издавачи од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Турција, Албанија, Италија и Велика Британија ќе се претстават на 24. Меѓународен саем на книгата што почнува вечер во Скопје.

Саемската манифестација ќе ја отвори министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

На 5.000 метри квадратни на Скопскиот саем, покрај изложбено-продажниот дел, секојдневно ќе се одржуваат промоции на автори и нови изданија. Најавени се над 30 промоции.

Саемот на книга е втора саемска манифестација по бројот на посетители, кој се движи околу 40.000.

Скопски саем, втора година по ред Саемот на книга го промовира под мотото „Подари книга, подари богатство“, поддржувајќи ја токму книгата како најсоодветен подарок за сите пригоди.

Од утре на Скопски саем почнува Саемот за туризам, а од задутре почнуваат Деновите на образование и кариера.

извор:курир.мк

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Саем на книгата
23.4.2012 12:57:19   
Gardenia
а јас пак се чудам зошто нема уште саем,а тоа да ти било оваа недела,ааа мора де се посете обавезно

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Саем на книгата
28.10.2012 15:14:22   
Melanija RR
Од 25 октомври до 10 ноември посетете го саемот во книжарницата на Култура,на поштадот Македонија.

Набавете ги книгите кои ќе Ви го стоплат духот оваа зима
Бестселери од 99 денари
Многу нови наслови
И подарок книга за верните купувачи

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Gardenia)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Пелени.
пеперутка16

Кога почнавте да го одвикнувате вашето бебе?