ripce
|
Совети при воспаление на мочниот меур (цистит) Воспалението на мочниот меур (цистит) најчесто се јавува кај жените. Најчести причинители за циститот се бактериите. Посебно циститот се јавува кога се намалува природниот одбрамбен механизам на мочниот канал и на мочниот меур. Естрогените се, според зборовите на австрискиот Prof. Dr. Hademar Bankhofer, заштитници на мочниот меур. Кога студот делува на организмот, се намалува нивото на естрогенот. Тоа значи дека мочниот меур го нема повеќе својот „заштитник", имунитетот ослабува и се јавува циститот. Циститис Ако вашиот организам е склон кон чести воспаленија на мочниот меур, треба да внесувате несолена и не многу зачинета храна. За зајакнување на имунитетот, односно отпорноста на мочниот меур, потребно е да се пие компот од јаболка. Многу е корисно секој ден да џвакате една лажичка зелени семки од тиква. Тие содржат растителни хормонски состојки кои ја зајакнуваат отпорноста на мочниот меур. Исто така, се препорачуваат: една чаша сок од цвекло, сок од црно грозје, пола чаша расолница или две лажици сок од глуварче да се помеша со малку вода. Секако, покрај сето ова, многу е важно да во исхраната се внесуваат многу витамини, посебно витаминот Ц. Овој витамин го има во големи количини во пиперката, брокулата или лимонот. Превентивно може да се пие сок од брусница. Сокот или чајот од брусница помага и при присутно воспаление на мочниот меур (цистит). Prof. Dr. Hademar тврди дека дури и Индијанците, уште многу одавна, користеле брусница, чие ефикасно делување е и научно докажано во 90-тите години од минатиот век. Кога бактериите ќе навлезат во мочниот меир, тие се „закачуваат" за слузницата и така доведуваат до воспаление. Пигментите од брусницата го спречуваат задржувањето на бактериите во мочниот меур. Ако при тоа се внесуваат доволно течности, бактериите брзо се исфрлаат со мочката. Течностите го „плакнат" мочниот меур. Доколку сокот од брусницата е многу кисел, може да се заслади со малку мед. Кога веќе постои цистит, тогаш е потребно 2 до3 дена да се мирува во кревет. Топлиот кревет и гуменото шише со топла вода делуваат посебно благотворно на мочниот меур и ги ублажуваат присутните симптоми од циститот. Prof. Dr. Hademar потсетува на еден стар рецепт: Компирот се вари на пареа, се изгмечува и се става на пешкир кој се замотува околу стомакот, во пределот на мочниот меур. Компирот долго ја акумулира топлината, што е многу важно, бидејќи топлината поволно делува на циститот. Во текот на циститот, не би требало да се конусмираа зачинета храна, лута и солена храна, како и не треба да се пијат ладни и газирани напитоци.
< Поракaта ја уредил ripce -- 15.1.2010 20:14:27 >
_____________________________
"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."
(Одговор на членот Enika)
|