Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Секој од нас посакува да има убаво уреден дом во кој ќе се чувствува прекрасно... Дали обрнувате внимание на ситниците во домот, дали сметате дека еден современ дом треба да е уреден по правилата на фенг шуи и дали верувате во тоа на пример јас знам дека во спалната соба по фенг шуи не треба да има огледало, затоа што наутро кога се будиме негативната енергија која сме ја ифрлиле во текот на спиењето се рефлектира од огледалото повторно во нас, а од друга страна каква е таа спална без огледало за жената во неа, друго знам дека по фенг шуи има влијание и бојата на вашата спална.. на пример знам дека во плава спална имало најмногу караници ??? Што мислите вие за ова..
RE: Уредување на домот по Фенг Шуи 1.10.2009 9:38:49
ivche
Малку подзаборавена тема, ама според мене многу интересна. Во последно време читам на оваа тема и мислам дека има вистина во филозофијата за фенг шуи-то. За почеток почнав дома да менувам некои ситници и многу ме исполнува. За тие што сакаат да прочитаат нешто повеќе еве една статија
За фенг шуи честопати луѓето мислат дека е начин на уредување на домот кој содржи многу мистичност во себе. Всушност фенг шуи е еден вид уметност и наука за живеењето и работењето во правилно уредено опкружување. Таа се занимава со протокот и кружењето на енергијата на животот наречена Чи која е зависна од Јинот (позитивната енергија) и Јангот (негативната енергија). Вселената е едно огромно енергетско поле. Фенг шуи ја проучува оваа енергија, нејзиното движење и како таа делува на нас директно или индиректно.
Модерната електро-физика почнува да го прифаќа фактот за интеракцијата помеѓу енергијата на земјата и луѓето. Овие електромагнетни енергии се Чи линии кои се движат во внатрешноста на земјата, и на тој начин создаваат енергија за земјата и за луѓето кои живеат на неа.
Добрата контрола на енергијата во вашиот дом, ќе допринесе вашиот живот да се подобри и вие ќе привлекувате повеќе среќа и богатство. Поради ова се поголем број луѓе ги прифаќаат советите на фенг шуи за уредување на просториите. Како за пример, ќе го споменеме еден од најбогатите луѓе на светот Доналд Трамп кој за уредување на своите резиденции и деловни простории ги има ангажирано врвните експерти за фенг шуи.
< Поракaта ја уредил Snowhite RR -- 6.3.2012 16:04:59 >
RE: Уредување на домот по Фенг Шуи 1.10.2009 9:44:52
mis.
Да интересна тема но за жал подзаборавена.Еден период сакав да се исчистам од сите ситници и непотребни работи но никако целосно да ги тргнам постојано викам, ааа оваа ќе ми треба сигурно и пак не го фрлам и само трупам и трупам а никогаш не го употребувам повторно.
RE: Уредување на домот по Фенг Шуи 1.10.2009 9:49:04
mami
леле јас имав пред некој период момент на чистење фатив пола од работите ги исфрлив, мм нормално не ни забележа, а и јас не видов разлика, освен што ми се отвори простор треба некој ден пак да направам чистка. Обично во такви моменти фрлам се, и гледам побрзо да фрлам се тоа во контејнер за да не се предомислам за нешто.. а здравје еден ден кога ке имаме сопствен дом, ке се посветам убаво на уредувањето
RE: Уредување на домот по Фенг Шуи 1.10.2009 9:58:25
ivche
и јас не сум во сопствен стан, т.е. во куќа сме и некако не ми беше драго да средувам. Сепак решив додека сме тука да си средам убаво барем нешто, да ми биде попријатно. Тргнав се што ми беше вишок, обоивме бело за да ни биде посветло, пошто сме на приземје и не влегува доволно светлина од надвор и ставив свежо цвеќе на неколку места што до сега не ми било практика. Може не е од тоа, ама чувствувам како да ми заживеа куќата.
RE: Уредување на домот по Фенг Шуи 1.10.2009 10:01:37
mami
ма не да немам желба...не ми се мрда со прст..ептен во спалата колку толку си редам по мое и во другата соба каде што најчесто седиме...а во остатокот од куката- ништо..не ми се крева ни едно хартивче а не па да преуредувам
RE: Уредување на домот по Фенг Шуи 1.10.2009 10:09:59
niki
Леле спалната ни е во два тона сино на ѕидовите, а мебелот е бел. За мене најодвратната комбинација на свет. Кога ке влезам во неа се смрзнувам толку ми е ладна собата, безживотна до бескрај. Ставив слики со потопли бои, столни ламби, детали, свеќи во различни бои, каменчиња и малку живна, ама пак синилото преовладува. И сега сме во план да се селиме па новата спална ако треба на глава ке стојам, ама сина никако нема да е. И со фенг шуи и без мене негативно ми влијае оваа боја.
RE: Уредување на домот по Фенг Шуи 1.10.2009 10:15:28
mami
хехеххе те разбирам, кај мене свеки ни окречи во праска боја( неа така и се допага, не сме важни ние) а мене ужасно ме нервира што е се во една боја, сакам шаренило...
RE: Уредување на домот по Фенг Шуи 1.10.2009 10:22:12
elle
единствено спалната е уредена по мој вкус . Јас инсистирам да се среди кујната по мој вкус,ама кујната била нова само 20 години овие новите не биле практицни
RE: Уредување на домот по Фенг Шуи 1.10.2009 10:24:50
niki
Најсмешно е што ние така си сакавме. Мене собата кај мајка ми ми е во тегет тонови, завеси, прекривачи тепих, ама има и многу дрво па сосема друг филинг, си ја обожавав, собата. А овде на ѕидовите сино и ко да се давиш, незнам, неможам да опишам. Да знаев дека толку ладно ке биде ке инсистирав повеќе на некоја друга боја, јас сакав некоја комбинација на бледо розева и сива, или некоја нијанса на зелена, ама ај да оставам на мм, за дневна и детска бирав јас па и он да биде вклучен во изборот и ете...
RE: Уредување на домот по Фенг Шуи 1.10.2009 10:28:35
ivche
кај мене, сопругот уште пред да се запознаеме, по некоја случајност а не според фенг шуи, спалната ја обоил сина со крем боја елементи и убаво е не изгледа ладно. Како декорација ги иман ставено плишаните мечиња на Мартина. А ова со свекевиве што кажувате, бог да чува од такви чудовишта што не знаат за соживот
RE: Уредување на домот по Фенг Шуи 1.10.2009 10:33:45
Bogdancanka
во куката се е по мој вкус средено по свадбата ни следуваше во новата ќука празен простор немаше ништо само изградено и така да се сами си средивме со мм али некако сега и тоа не ми е баш нешто сакам да менам,а спалната ми е бела и не ми е во боја и има огромно огледало на тоалетната и едно на вратите.......а дневната ми е со потокал боја и по нешто на тегет е сега ова тегетот не ми се свига би ја променила бојата....али сепак преднос е сами сме со мм па можеме да мениме што сакаме
RE: Уредување на домот по Фенг Шуи 1.10.2009 10:47:28
big_mama817
Фенг шуи (традиционално: 風水; упростено: 风水; пинјин: fēng shuǐ; мак. транскр.: фенг шуи; се изговара /ˈfəŋˌʃueɪ/) е древен кинески систем кој синтетизира повеќе учења, вештини и техники, со цел човекот да се врати или да се задржи во допир со природата. [1] Оргиналната апелација за дисциплината е Кан Ју (традиционално: 堪輿; упростено: 堪舆; пинјин: kānyú; мак. транскр.: Кан ју; буквално: Тао на небото и земјата)[2]. Зборовите фенг шуи буквално би се превеле како „воздух-вода“ на македонски. Ова е кратенка која е земена од следниот пасус на Џангшу (Книгата на закопот) од Гуо Пу од династијата Џин:
Чи го јава ветрот и се распрснува, но се задржува кога ќе дојде во допир со водата.
Многумина модерни ентузијасти тврдат дека фенг шуи е праксата на аранжирање на предметите (како мебелот) со цел да им помогне на луѓето да ги постигнат своите цели. Но, традиционално, фенг шуи се користи првенствено за да се одбере местото на живеење, за работа и за гробни места. Целта на фенг шуи, онака како што денес се практикува, е да се постави градбата онаму каде што поминува добрата енергија „чи“ или „ки“. Постојат места кои не се добри за домови на луѓето, и се вели дека е подобро да бидат оставени во нивната природна состојба. Поларитетот во фенг шуи е изразен преку теоријата за јин и јанг, што понатаму се поврзува со биполарното магнетно поле, но и со теоријата за петте елементи. [14] Петте елементи кои се користат за потребите на фенг шуи се: вода, дрво, оган, земја и метал. Умешноста на фенг шуи мајсторот е да ги избалансира јин и јанг, како и петте елементи во просторот. Затоа се вели дека фенг шуи е во врска со балансирањето на енергијата. Четирите главни правци во просторот се поврзуваат со четири големи соѕвездија, познати во Кина како четири небесни животни. Тие се: Исток:Зелен Змеј (пролетна рамноденица) --- Niao (птица), α Hydrae Југ:Феникс (летен солстициум) --- Huo (оган), α Scorpionis Запад:Бел Тигар (есенска рамноденица) --- Xu (празнина), α Aquarii, β Aquarii Север:Црна Желка (зимски солстициум) --- Mao (коса), η Tauri Pleiades
RE: Уредување на домот по Фенг Шуи 3.10.2009 14:14:44
mother 29
Според Фенг Шуи, кујната ги претставува просперитетот и процутот. На крајот на краиштата, човечката природа ја поврзува храната со развојот и одржувањето на животот. Според луѓето кои веруваат во Фенг Шуи, дизајнот и уредувањето на кујната може да делуваат врз вашиот просперитет и здравје. Во овој прв дел од статијата ќе го разгледаме прашањето на утврдување на местото на кујната. Прво и основно прашање е изнаоѓање на местото на кујната, во рамки на целиот стан или куќа. Доколку градите куќа или подготвувате комплетно реновирање на станот, тогаш според оваа филозофија кујната ќе треба да ја поставите во задниот дел од просторот или барем зад централната линија која го пресекува просторот. Во кратки црти, најдобро е кујната да не се гледа кога влегувате во просторот, затоа што тоа може да донесе проблеми во исхраната и дигестивниот систем. Ако кујната се наоѓа на самиот влез на просторот, тоа би можело да ги натера гостите да дојдат, да се најадат и веднаш да си заминат. Тоа веројатно никој не го посакува. Но, ако сепак кујната се наоѓа на вакво место, не кревајте паника. Постојат начини како да се надмине таа ситуација. Обидете се со поставување на завеси или висечки ленти, кои би го затвориле погледот. Дозволено е и да ставите врати на кои ќе има отвор за воздух. Друга идеја е да поставите некаков предмет (со јаки бои или необична форма) во претсобјето или холот, кој ќе го освои вниманието на гостите. На тој начин, интересот не е насочен кон кујната
RE: Уредување на домот по Фенг Шуи 3.10.2009 15:57:00
niki
Значи кај мене ништо не е по фенг Шуи. Сина спална, со огледало огроооооомно, ама бар не гледа во кревет, а имаме и тв таму. Кујната ми е десно од влезна врата и единствено што ја разграничува од дневна и влезот е еден пулт на кој се наоѓа шпоретот и од сите страни во неа гледаш. Ве-цето е во центарот на домот и уште едното се наоѓа под скали кои водат горе, а другото на скалите. И после се чудам што сум толку негативна.......
RE: Уредување на домот по Фенг Шуи 4.10.2009 15:23:44
kiki_riki
колку читав за фенг шуи, најлоши делови од куѓата каде излегуваат работите се кујната и бањата, еве ви идеја свеки нека спие во кадата, а денот нека го поминува во кујната покрај шпоретот и садоперот (у ама сум злобна)
_____________________________
ne pravi go na drugite ona sto ne sakas tebe da ti go pravat