|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Уредување на домот по Фенг Шуи
7.10.2009 16:35:01   
mother 29

user posted image За фенг шуи честопати луѓето мислат дека е начин на уредување на домот кој содржи многу мистичност во себе. Всушност фенг шуи е еден вид уметност и наука за живеењето и работењето во правилно уредено опкружување.

Таа се занимава со протокот и кружењето на енергијата на животот наречена Чи која е зависна од Јинот (позитивната енергија) и Јангот (негативната енергија). Вселената е едно огромно енергетско поле. Фенг шуи ја проучува оваа енергија, нејзиното движење и како таа делува на нас директно или индиректно.
Модерната електро-физика почнува да го прифаќа фактот за интеракцијата помеѓу енергијата на земјата и луѓето. Овие електромагнетни енергии се Чи линии кои се движат во внатрешноста на земјата, и на тој начин создаваат енергија за земјата и за луѓето кои живеат на неа.
Добрата контрола на енергијата во вашиот дом, ќе допринесе вашиот живот да се подобри и вие ќе привлекувате повеќе среќа и богатство. Поради ова се поголем број луѓе ги прифаќаат советите на фенг шуи за уредување на просториите. Како за пример, ќе го споменеме еден од најбогатите луѓе на светот Доналд Трамп кој за уредување на своите резиденции и деловни простории ги има ангажирано врвните експерти за фенг шуи.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Уредување на домот по Фенг Шуи
7.10.2009 16:36:15   
mother 29
user posted image Атрактивен изглед на влезната врата во вашиот дом или канцеларија ќе го охрабри доброто Чи (позитивната енергија) да влезе внатре. Влезната врата треба да ја отсликува целокупната хармонија и просперитет во домот. Бидејќи сета енергија влегува низ оваа врата важно е да нема предмети околу неа за да може секогаш да се отвори без проблеми.
Таа не смее да биде скршена и мора лесно да се отвора. Во спротивно, тоа ќе биде најголема пречка за добрата енергија. Таа не смее да биде ни премала, ни преголема, туку во склад со големината на куќата. Кога врататa целосно ќе се отвори, не треба веднаш да наидеме на ѕид. При целосно отворена врата, тој треба да биде оддалечен од ивицата на вратата најмалку еден метар. Во спротивно, единственото што може да го направите е да поставите огледало на ѕидот. Тоа не е идеално решение, бидејќи влезната врата не е добро да се рефлектира во огледало.
Димензијата на вратата треба да биде во склад со големината на домот, ни премала ни преголема. Премалата врата го спречува протокот на доброто Чи.

user posted image Вратата треба да е широка и да води во предсобје, кое служи како еден вид брана за надојдената енергија. Влезната врата никогаш не смее да се отвора директно во дневната соба без некаков вид на брана кој ќе ја успори енергијата. Ако немате избор, ставете троделен параван (како на сликата) оддалечен на 1-2 метри од вратата со зеленило пред него. Тој ќе го забави доброто Чи и ќе овозможи негово мирно протекување.
Првото нешто што ќе го видат тие што влегуваат во вашиот дом го оформува расположението за време на целиот престој. Неред не смее никаде да има, а особено уште на самиот влез. Луѓето имаат навика да ги ставаат предметите до врата како потсетување дека треба да се ослободат од нив или да ги понесат со себе. Често тие остануваат тука со денови. Ова влијае лошо на подсвеста. За добар Фенг Шуи во домот, овие работи треба да се тргнат што поскоро. Кога ќе влезете низ вратата, не треба да има никакви масивни предмети кои ќе го попречуваат погледот.
Најдобар облик за вратата е овален или правоаголен на врвот. Дрвените врати се подобри од стаклените. Влезот треба да биде во правец кој ќе овозможи да нема остри агли со правците кои покажуваат на други зданија од надвор. Може да поставите пакуа чие огледало ќе одбива дел од негативната која влегува во вашиот дом.
user posted image Може да закачите на дрвени или метални ѕвонци кои ќе помогнат во дефлектирањето на енергијата. Запомнете, ѕвонците мора да бидат шупливи и пакуата да биде поставена надвор од куќата за да бидат ефикасни. Пакуа со огледало поставена во домот носи несреќа.
Вратите обоени во светли тонови се благопријатни и се во склопот на севкупната хармонија во домот. Без разлика која боја се, треба да бидат обезбедат контраст на бојата на останатиот дел од куќата. Црвената е пожелна боја за врата, но само ако е во склад со другите бои во куќата.
Ѕвонците се добри предмети за дополнителна енергија кога се ставени пред влезнта и задната врата. Ти треба да бидат шупливи и доволно големи за да произведат фина мелодија кога се нишаат. Заедно со хармонијата и ритамот, мелодијата е една од трите основни елементи на музиката. Благопријатната музика во домот е важен фактор за подигање на енергијата.
Влезната врата никогаш не треба да гледа во задната врата или во голем прозорец. Во спротивно целата позитивна енергија излегува од домот преку задната врата и прозорецот. Ако сепак тоа е кај вас случај, поставете на одредено растојание пред вашата влезна врата параван и пред него поголемо цвеќе за да се покрие погледот на задната врата.
Денес, голем дел од луѓето живеат во висококатници. Совет е никогаш да не живеете на крајот од долг ходник, или пред лифт или скали, кои овозможуваат брзо одлевање на енергијата по нив. Доколку сте во можност, поставете растение на влезот на ходникот за да го успори одливот на енергијата.
Ако живеете во зграда, зеленилото и свежото цвеќе можат да ви донесат природа во вашиот дом. Свежите цвеќиња овозможуваат да се зачува енергијата на високо ниво.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Уредување на домот по Фенг Шуи
7.10.2009 16:37:41   
mother 29

Боите што ги избирате за вашата дневна соба во многу зависат и од вашиот Куа број кој се пресметува врз основа на датумот на раѓањето. Вашиот Куа број може да го определите со клик на следниот линк (за пресметување потребен е датумот на раѓање и полот):
Определување на Куа број,
Тука може да видите и на кој тип на личност припаѓате (западен или источен тип). На пример, за западен тип личност најмногу одговара гарнитурата да е во златна нијанса, а зелената е најнепожелна.
Ставете зелени растенија по собата, но гледајте да бидат во баланс со другите предмети. Вашиот мебел треба да биде простран, не пренатрупан и пријатен за око. Сликите треба да бидат топли и благопријатни. Избегнувајте држење на кактуси. Најдобро е да имате убав букет од свежи цвеќиња. Луѓето при самиот поглед на цвеќето се чуствуваат многу попријатно. Ова е причината поради која може да забележите цвеќиња во рестораните или во ходниците на хотелите.
Вашата дневна соба треба да дава чувство на свежина и живот во неа. Има многу семејства кои ја чуваат дневата соба за специјални пригоди. Собите во вашиот дом кои не се користат акумулираат статичка енергија и го намалуваат балансот од останатиот дел од домот.

Поминувајте го денот во вашата дневна соба! Затоа и го добила ова име!
Камините, без разлика во која соба се наоѓаат, не треба да бидат отворени. Отворот треба да се покрие со некој параван или стакло, со цел да се спречи одлевањето на позитивната енергија

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Уредување на домот по Фенг Шуи
7.10.2009 16:38:05   
mother 29
user posted image Вашата спална соба има ефект на квалитетот на вашиот сон, и е многу важен фактор за вашето здравје, среќа и успех. Кога го планирате вашиот живот, треба да го осмислите и делот за ваша ревитализација.
Вашиот кревет треба да биде удобен, и енергијата треба мирно да протекува низ вашата соба. Под креветот не треба да имате ништо, за да енергијата може да циркулира правилно.
Спалната соба треба да биде обоена во меки бои кои и одговараат на вашата енергија за да може мирно да се одморите. Таа никогаш не треба да биде обоена во црвено. Свеж воздух треба секогаш да циркулира низ вашата дневна соба и исто така низ остатокот на домот. Вашата спална соба не треба да има огледало кое гледа во креветот или да е поставено позади креветот, бидејќи пречи за мирен сон. Истотака вашите стопала не треба да гледаат во вратата.
Во спалната соба не треба да има греди на таванот или на подот, бидејќи го нарушуваат протокот на доброто Чи. Секаде треба да се избегнуваат, а особено во спалната. Ако постојат греди на таванот, покријте ги, или ставете зеленило близу нив. За гредите на подот како решение може да биде поставување на шупливи ѕвонци.

Погодни правци за положба во која спиење во зависност од вашиот Киа број:
Киа број 1 – север, југ, исток, југоисток
Киа број 2 – југозапад, североисток, запад, северозапад
Киа број 3 – исток, југ, север, југоисток
Киа број 6 – југоисток, север, исток, југ
Киа број 7 – северозапад, југозапад, запад, североисток
Киа број 8 – североисток, југозапад, запад, северозапад
Киа број 9 – север, југ, исток, југоисток


(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Уредување на домот по Фенг Шуи
7.10.2009 16:39:03   
mother 29


user posted image Трпезаријата треба да биде централно поставена во домот со цел да се обезбеди изобилство на добро Чи.
Кружна, овална и октагонална маса поставена во трпезаријата е многу посоодветна отколку коцкастата или правоаголна, бидејќи нема остри ивици кои ги раздвојуваат луѓето. Трпезаријата треба да биде добро осветлена, со слики поставени на ѕидот кои се пријатни за гледање и делуваат смирувачки.
Јадењето на тивко место, или место на кое има тивка музика, влијае добро на варењето на храната. Добро е да има лустер над масата кој ја надополнува енергијата. Порано било вообичаено да се употребува кристал за лустерите, но со тек на време, често бил заменуван со други материјали, кои од аспект на фенг шуи не можат да го заменат кристалот.Трпезаријата е едно од најдобрите места за големо огледало. Тоа ја “удвојува“ храната (богатството) и овозможува добар Чи. Огледалата не треба да се поставуваат така да се огледува во нив само делумно лицето. Само еден ѕид од трпезаријата треба да има огледало.



(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Уредување на домот по Фенг Шуи
7.10.2009 16:40:12   
mother 29





Фенг шуи



Боите во домот (фенг шуи)

user posted image

Многу научни истражувања ја потврдиле теоријата за силното влијание на боите на нашето расположение, однесување, мисли, чувства и животната мотивација. Изборот на бои е исклучително важен, но и индивидуален. Секој ги доживува боите на различен начин. Правилно избраните бои може да не мотивираат, инспирираат или одморат, па според тоа обрнете внимание на тоа како одредена боја ја доживувате. Боите кои (свесно или несвесно) сме ги внеле во просторот често многу знаат да кажат за нас самите.
Фенг шуи му придава големо значење на правилниот избор на боите. Не постојат добри и лоши бои, туку поволни и неповолни бои за одреден дел од домот. При изборот на боите основен водич е теоријата на петте елементи. Освен самата нијанса, важен е и интензитетот. Во просторијата со поголема динамика (како дневна соба или кујна) се внесуваат поинтензицни, додека во просториите за одмор (како спалната соба) се користат поблаги нијанси. Не се препорачува користење на силни бои за големи површини (ѕидови, големи теписи и прекривки). Таквите бои во просторот се внесуваат со помали парчиња мебел, декор и украсни предмети. При изборот на боите, нивниот интензитет и карактеристики, обрнете внимание на вашата реакција на одредена боја. Важно е да се постигне хармонија во просторот и да се усогласи уредувањето по сопствен вкус.
Белата боја е добра подлога која помага при истакнувањето на други бои и предмети. Во Кина тоа е боја на жалоста, но истотака симболизира и цврстина. Светло белата боја е погодна за предворија. Кај простории во кои подолго се престојува се препорачува нијансирана бел (крем, нечиста бела, беж, седефесто бела и сл). Поволна е и за кујните.
Црната, ако правилно се употребува, може да создаде импресивна атмосфера или квалитетна позадина за други бои. Во спротивно може да делува депресивно. Се препорачува умерено да се употребува. Не е поволна за детски соби, трпезарии, како и за простории за рехабилитација.
Сивата боја е боја на компромис и рамнотежа, но исто така може да делува депресивно. Потребно е сивите премази да се одржуваат свежи за да не доведат до малодушност. Често создаваат службена, формална атмосфера. не се поволни за кујни, додека во работната соба и просторот за учење имаат поволно влијание.
Сината боја го намалува стресот и напнатоста, ја поттикнува мудроста, па често се користи и во спалните каде луѓето знаат често да се караат. Исто така симболизира самоувереност и трајност. Не се препорачуваат големи површини со сина боја во дневната соба и кујната.
Виолетовата боја се поврзува со интроспекција и медитација, како и со чесноста. Потемна нијанса е поволна за спалните соби и за просториите за одмор, додека посветлата виолетова (во која има прилично црвена) се употребува за поттикнување на динамиката.
Црвената е силна, поттикнувачка боја која се употребува за зголемување на активностите. Ако се чуствувате доволно исцрпено и ви недостасува енергија, внесете во својот дом црвена боја – ќе ви биде потребно неколку црвени цвеќиња, декоративно перниче или некој друг украсен предмет. Со црвената треба внимателно да се постапува и не смее да се внесува во големи количини како не би предизвикала раздразливост и хиперактивност. Не се препорачува во работната и спалната соба (освен во по некој детал заради зголемување на страста).
Портокаловата боја се поврзува со здравје, виталност, ентузијазам и оптимизам. Може да се употребува во простории кои се свртени кон север. Поволно влијае за потикнување на комуникација. Не се препорачува во работната или во спалната соба, додека е поволна во трпезаријата и дневната соба.
Розевата боја е смирувачка нијанса на црвена боја и е ислучително женствена боја. Ја зголемува романтиката и детската разиграност, па затоа е поволна за спални и детски соби.
Жолтата исклучително стимулира, а се поврзува со интелектот, долговечноста и доброто расположение. Ја симболизира енергијата на сонцето. Добра е за стимулирање на комуникациите, менталната енергија и бистрината на мислите. Поволна е за сите семејни и дневни простории. Силната нијанса е неповолна за спалната соба.
Зелената го поттикнува чувството на хармонија и мир. Тоа е смирувачка боја која се наоѓа помеѓу ладниот и топлиот дел на спектарот. Поволна е за работни и спални соби, а во светли нијанси и за кујните, додека не се препорачува за просториите во кои е пожелна голема динамика. Светлите тонови симболизираат раст, додека потемните тонови во големи количини можат да делуваат смирувачки.
Кафената боја има стабилизирачки ефект, но премногу кафена боја може да делува уморно. Не е поволна за постарите луѓе бидејќи се поврзува со есента. Прикладна е за работни простории.



(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Уредување на домот по Фенг Шуи
23.11.2009 12:36:08   
profesorica
Фенг шуи за подобро здравје

Ви нудиме неколку совети за тоа како треба да го уредите вашиот животен простор, со цел низ него да струи енергијата, која ќе ви го подобри здравјето и ќе ви донесе благосостојба.

Овие древни правила за среќа и хармонија се извадоци од бестселерот „Фенг шуи – формули за здравје и благосостојба“.

1. На прозорската даска ставете било каква фигура од брусен кристал со што ќе ја распрскате енергијата која доаѓа од уличното осветлување. Со тоа ќе ги избегнете здравствените проблеми.

2. Сите членови на семејството ручајте заедно, на кружна или елипсовидна маса. Меѓу вас сигурно ќе има хармонија и разбирање, а енергијата на кругот ќе ве зајакне.

3. Не држете кактуси или други растенија со остри боцки, затоа што се извор на негативна енергија. Одберете внатрешни растенија со заоблени листови. Ќе ви се подобри и здравјето.

4. Не претерувајте со жолтата боја, затоа што ве поттикнува на грижи. Со самото тоа ќе сте поподложни на стрес и изложени на бројни болести.

5. Кујната не ја бојадисувајте со темни бои, затоа што се извор на лоша енергија. Употребувајте пастелни бои и ќе имате подобар метаболизам и здравје.
user posted image
6. Доколку имате проблеми со црниот дроб, распоредете дрвени предмети низ куќата. Енергијата на дрвото посебно позитивно влијае врз црниот дроб и жолчката.

7. Ставете бамбус да расте во вода во дневната соба, затоа што е симбол за просперитет. Ќе бидете поздрави.


8. Доколку страдате од асма или од други болести на белите дробови, украсете го станот со што повеќе метални предмети. Нивната енергија го помага дишењето.

9. Доколку сте често жедни или имате проблеми со дијабетес, во вашата куќа нека има што повеќе предмети од камен, мермер или гранит. На овој начин, добрата енергија ќе работи за вас.

10. Во источниот дел на собата на болен човек ставите грутка сол, со што во воздухот ќе внесете повеќе негативни јони и на тој начин ќе го стимулирате подоброто здравје и побрзото заздравување.

user posted image
11. Пред спиење, во спалната соба запалете свеќа од пчелин восок за подобро да се одморите. Оваа свеќа испушта позитивни јони кои поволно ќе влијаат врз вашето здравје.

12. Во дворот засадете што повеќе борови. Кинезите веруваат дека тие обезбедуваат долг живот и добро здравје, со тоа што во воздухот испуштаат благотворна енергија.

13. Не претерувајте со кристалите и камењата во декорациите, затоа што поголемата колчичина земјени елементи предизвикува тешкотии во варењето, несоница и чести главоболки.

Извое:Имресс.цом.мк



_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Уредување на домот по Фенг Шуи
26.1.2011 23:41:49   
Nadezna
Najbitno vo Feng -shui filoofijata e cuvstvotot na prijatnost vo dommot. Koga toa ke go postignete, se e vo red, drugoto se samo detali.
Za site koi sakaat da citaat knigi, izvolte

http://nadeznan.blog.mk/2009/05/04/feng-shui-seminar/

< Поракaта ја уредил Maca25 -- 28.1.2011 0:57:59 >

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Уредување на домот по Фенг Шуи
4.3.2015 14:05:09   
LoveableMe RR
Ме интересира дали верувате во Фенг шуи, дали го уредувате домот по фенг шуи и дали сте почувствувале ефекти од тоа? Јас доста време читам за ова, но не знам што да мислам па ме интересира ваше мислење.user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Nadezna)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Уредување на домот по Фенг Шуи
4.3.2015 14:36:23   
AneLav RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Ме интересира дали верувате во Фенг шуи, дали го уредувате домот по фенг шуи и дали сте почувствувале ефекти од тоа? Јас доста време читам за ова, но не знам што да мислам па ме интересира ваше мислење.user posted image

LoveableMe RR , фенг шуи се базира фактички на правилно распоредување на енергијта во домот. Значи да се направи баланс меѓу јин и јанг. Едно време додека се уште не бев во брак многу бев уфилмана со моментот фенг шуи дури и книга си имам купено и ја проучив цела книга и цел стан. Малку имам подзаборавено. Во куќава во која што сега живеам ако сакам да биде по фенг шуи треба да направам многу промениuser posted image . Единствено што испочитував беа боите во просториите. Значи ако сакаш да се водиш по фенг шуи и бои и форми и поставеност на врати и прозори е битно, но постојат и предмети со кои можат да се поправат и тие неправилно распоредени моменти. Убаво што ме потсети ќе си ја отворам книгата да се потсетамuser posted image . А во однос на тоа дали верувам, да верувам во позитивна и во негативна енергија, затоа што нели и енергијата не се губи туку само преминува од еден во друг вид. Верувам и во тоа како формите, боите и предметите влијаат на распложението. Се пресметуваше мислам и тоа кои бои кои форми и кој камен одговара според датумот на раѓање. Треба да се потсетам. Ајде ќе разговараме за ова и мене многу ме интересираuser posted image

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Уредување на домот по Фенг Шуи
2.2.2016 1:51:38   
marchi

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

Фенг шуи за подобро здравје

Ви нудиме неколку совети за тоа како треба да го уредите вашиот животен простор, со цел низ него да струи енергијата, која ќе ви го подобри здравјето и ќе ви донесе благосостојба.

Овие древни правила за среќа и хармонија се извадоци од бестселерот „Фенг шуи – формули за здравје и благосостојба“.

1. На прозорската даска ставете било каква фигура од брусен кристал со што ќе ја распрскате енергијата која доаѓа од уличното осветлување. Со тоа ќе ги избегнете здравствените проблеми.

2. Сите членови на семејството ручајте заедно, на кружна или елипсовидна маса. Меѓу вас сигурно ќе има хармонија и разбирање, а енергијата на кругот ќе ве зајакне.

3. Не држете кактуси или други растенија со остри боцки, затоа што се извор на негативна енергија. Одберете внатрешни растенија со заоблени листови. Ќе ви се подобри и здравјето.

4. Не претерувајте со жолтата боја, затоа што ве поттикнува на грижи. Со самото тоа ќе сте поподложни на стрес и изложени на бројни болести.

5. Кујната не ја бојадисувајте со темни бои, затоа што се извор на лоша енергија. Употребувајте пастелни бои и ќе имате подобар метаболизам и здравје.
user posted image
6. Доколку имате проблеми со црниот дроб, распоредете дрвени предмети низ куќата. Енергијата на дрвото посебно позитивно влијае врз црниот дроб и жолчката.

7. Ставете бамбус да расте во вода во дневната соба, затоа што е симбол за просперитет. Ќе бидете поздрави.


8. Доколку страдате од асма или од други болести на белите дробови, украсете го станот со што повеќе метални предмети. Нивната енергија го помага дишењето.

9. Доколку сте често жедни или имате проблеми со дијабетес, во вашата куќа нека има што повеќе предмети од камен, мермер или гранит. На овој начин, добрата енергија ќе работи за вас.

10. Во источниот дел на собата на болен човек ставите грутка сол, со што во воздухот ќе внесете повеќе негативни јони и на тој начин ќе го стимулирате подоброто здравје и побрзото заздравување.

user posted image
11. Пред спиење, во спалната соба запалете свеќа од пчелин восок за подобро да се одморите. Оваа свеќа испушта позитивни јони кои поволно ќе влијаат врз вашето здравје.

12. Во дворот засадете што повеќе борови. Кинезите веруваат дека тие обезбедуваат долг живот и добро здравје, со тоа што во воздухот испуштаат благотворна енергија.

13. Не претерувајте со кристалите и камењата во декорациите, затоа што поголемата колчичина земјени елементи предизвикува тешкотии во варењето, несоница и чести главоболки.

Извое:Имресс.цом.мк



mene ova mi e ubava tema i bi sakala da praktikuvam ama nemam vreme,nemam dovolno prostor ni sopstven dom.del od citiranovo mozam da primenam ama voglavno bi se posvetila koga ke ja izgradime nasata kukja

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Уредување на домот по Фенг Шуи
12.6.2016 10:07:41   
marchi
Фенг шуи совети за детска соба


Како родители сите сакаме нашите деца да бидат здрави и среќни во текот на нивното животно патување.

Главната цел на фенг шуи трансформацијата на детската соба е да создадеме здраво, полно со љубов и сигурно опкружување.

Детската соба организирана според Фенг шуи правилата ќе послужи како емоционална и физичка потпора во текот на многу различни искуства на детското растење.

Во продолжение дознајте неколку основни Фенг шуи правила до кои би требало да се придржувате при уредувањето на детската соба:

Многу е важно да го поставите креветот така да е централно парче мебел во собата кое не смее да биде опколено со скоро ниту една страна на ѕидот.

Децата никако не треба да спијат свртени со грб кон вратата или под прозорот. Плус, немојте да им дозволите да држат електронски апарат покрај креветот.

Исфрлете од домот се што ви пречи, домот мора да го одразува она што сте во моментот, не она што сте биле.

Немојте во детската соба да имате ништо што има врска со вода (аквариум), особено ако детето ви боледува од асма.

Секогаш собата нека биде средена, односно по играњето, а пред спиењето средете го нередот. Децата се многу покреативни и одморни во чист простор.

Немојте целиот мебел да го поставите до ѕидот. Набавите тепих и на него поставете работна маса и столче.

Некои или сите парчиња мебел во детската соба нека бидат во пар за да создадете енергија на заедништво и делење.

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 37
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2]
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Оди на:






Анкета

Цуцла.
пеперутка16

До кога вашето дете имало цуцла?