|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14 - 18.04.2014) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Скрининг на нухална транслуценција
9.8.2009 18:45:13   
Еца
Скринингот за нухална транслуценција претставува ултразвучен (ЕХО) преглед при што се мери едно определено растојание на задниот дел на вратот на вашето бебе. Ова мерење ни помага во проценката на ризикот на бебето за присуство на Даунов синдром и други хромозомски пореметувања.

Кај бебињата кај кои постои пореметување најчесто доаѓа до зголемување на количеството на течност на задната страна на вратот, при што се добива зголемено растојание на нухалната транслуценција кое се мери при ултразвучниот преглед. Овој преглед НЕ МОЖЕ ДА ДОКАЖЕ дека сигурно постои пореметување (за разлика од т.н. хорионбиопсија или амниоцентеза), но може да ни помогне во одговорот на прашањето ДАЛИ понатаму да се направат наведените дијагностички тестови. И, за разлика од нив, ова ултразвучно мерење е безболно и НЕМА НИКАКОВ РИЗИК за бебето.
Прегледот мора да се направи во периодот од 11-14 гестацискa неделa. Лекарот прво со помош на ултразвучниот (ехо) апарат, со користење на абдоминална сонда (поставена на стомакот на мајката) го мери бебето од темето до тртката и точно ја определува гестациската недела. Потоа се мери растојанието на нухалната транслуценција. Вредноста на ова мерење, како и некои други податоци, како што е возраста на мајката и други, се внесуваат во компјутер кој потоа го пресметува ризикот од присуство на хромозомско пореметување кај бебето.

Особено е важно да се нагласи дека со ова мерење не може да се постави крајна дијагноза. Ако при прегледот се утврди зголемен ризик, неопходно е генетско советување со лекарот за да се договорите за понатамошните постапки (евентуална хорионбиопсија или амниоцентеза).

Многу трудници кога ќе останат бремени стравуваат дали се ќе биде во ред со детето, па затоа мислам дека е убаво да знаат малку повеќе за овој скрининг.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Скрининг на нухална транслуценција
9.8.2009 21:31:37   
karla
Tokmu za ovoj skrining pisuvav na prethodnata tema za Down-ov sindrom pa zatoa nema da se povtoruvam, samo ke kazam deka vo svetot toj (skriningot) se smeta za redovna neinvazivna metoda isto kako sto e kaj nas eho pregledot. Smetam deka kaj nas mnogu od trudncite se nemat zapoznaeno so ova pa zatoa ja pozdravuvam inicijativata na Elena za trudot koj go vlozila za da iznese povekje informacii okolu ovoj pregled.
P.S. dokolku ste go propustile prviot skrining od 11-14 nedela, vtoriot se pravi vo periodot od 19-21 gestaciska nedela.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Скрининг на нухална транслуценција
10.8.2009 0:22:34   
Викторија
zdravo od mene.davi kazam deka jas imam praveno skrining na vtorata bremenost bidejci prvoto dete go rodiv so daunov syndrom.toa e obicen pregled na eho taka da sekoja trudnica bi mozela dago napravi.a pokasno napraviv i amniocenteza taa se pravi pokasno ja pravev vo 18 nedela.

(Одговор на членот karla)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Скрининг на нухална транслуценција
10.8.2009 20:51:40   
Viki73
I jas sega na 17 ke pravam skrining za Daunov sindrom,jas mislev za mene vazi poradi vozrasta no doktorot rece deka se preporacuva site da go pravat.

(Одговор на членот Викторија)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Скрининг на нухална транслуценција
10.8.2009 22:29:07   
BEBICA
I jas imam praveno skrinig ne e nisto strasno i e obavezen za site trudnici od 19 pa nagore inaku e poznat kako dubble test, a tripple test ili aminocinteza ese pravi na trudnici nad 30 godini.

(Одговор на членот Viki73)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Скрининг на нухална транслуценција
15.8.2009 18:15:24   
alex_mo
Da se priklucam.Pobarav od dr da gi napravime site ispituvanja,zatoa sto imam 32 god,a i edna moja bliska prijatelka imase loso iskustvo i nekako bev isplasena.Vo 12 nedela dr mi zeme brisovi vaginalni ,za klamidija i uste 2 i cekavme rezultati.Koga rezultatite bea ok mi napravi detalen eho pregled so vaginalna sonda i gi izmeri site parametri.Rece deka se e odlicno i odgovara na vozrasta na plodot.Kaza deka ako ovie ispituvnja se ok nema potrerba da odam na podetalni.Znaci sega za sega sum malku mirna..

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Скрининг на нухална транслуценција
1.9.2009 23:34:31   
Bile
jas pravev skrining na 12 nedela za njuhalen nabor i nosna skolka i bese vo red. potoa na 21 nedela skrining za fetalni anomalii isto vo red, brisevi ok osven candida, i vo 32 skrining isto fetusot mu se premerija site parametri i plus dopler na krvni sadovi i papocna vrvka i se vored. Za edna nedela odam pak na pregled i 300 problemi mi najdoa i me ispanicija i pocnaa so zreenje na plukata i podgotovka za predvremeno poroduvanje za da na kraj nikoj ne znaese sto prevzema i zosto. toa e moeto gorko iskustvo vo vrska so pregledite taka da veruvajte pa i ne mnogu na eho pregledite.

(Одговор на членот alex_mo)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Скрининг на нухална транслуценција
22.1.2010 23:46:38   
Еца
ИЗВОРНА ПОРАКА: BEBICA

За откривање на Дауновиот синдром постојат тестови кои даваат дефинитивни информации и се викаат дијагностицки тестови.
Меѓутоа, изведувањето на овие тестови го зголемува ризикот од спонтан абортус.
Од оваа причина не се препорачуваат на сите жени.Наместо ова тестовите се вршат во две етапи.Во почетокот на сите жени им се нудат тестови кои немаат ризик од спонтан абортус.Ваквиот тип на тестирање се вика Скрининг тест.
Овие тестови не даваат дефинитивен одговор, туку ни говорат дали постои ризик од појава на Даунов синдром, Едвардсов синдром и Патау синдром.
После тестирањето, кај жените кои постои ризик од појава на овие синдроми,им се препорачуваат горе наведените дијагностички тестови.
Ако резултатот од скинингот е помеѓу еден во два и еден во 250, тогаш се препорачува да се направи дијагностички тест.(Ризикот од едено во 250 во исто време е ризик од 0.4%)
Битно е да се знае дека со скрининг тестовите неможе со сигурност да се одреди дали бебето има Даунов синдром или било кој од горе наведените синдроми, туку само се користи за да се избегнат дијагностичните тестови.


Кај кои жени не се потребни понатамошни испитувања?
Ако скрининг тестот покажува дека за појава на Дауновиот синдром е понизок од еден во 250, не се прават понатамошни дијагностички тестови.Повеќето резултати од скрининг тестовите(околу 95%)спаѓаат во оваа категорија и представуваат резултати со низок ризик.


Колку скрининг тестови постојат?

Испитување на крвта
Тестовите за испитување на крвта одредуваат количината на супстанциите кои природно се наоѓаат во мајчината крв.
Овие супстанции преоѓаат од бебето на мајката.Крв од мајката се зема помеѓу 10 и 20 недела од бременоста.
Компјутерски програм ги обработува резултатите од анализата на крвта, заедно со годините на мајката, телесната тежина и староста на бременоста,за да се одреди веројатноста дали бебето има Даунов синдром.


Ултразвучен скрининг

Нухеална транслуценција е посебен ултразвучен преглед кој се прави помеѓу 11 и 14 недела.Со овој тесто се одредува количински колку течност се наоѓа испод кожата од бебешкиот врат.
Компјутерски програм ги обработува овие податоци, со големината на бебето и годините на мајката се утврдува дали постои ризик од Даунов синдром.


Комбиниран скрининг во раната бременост
(Dubble test)
Нухеалната транслуценција и резултатите добиени од крвта можат да се комбинираат со цел да се одреди степенот од ризик за појава на Дауновиот синдром.


Комбиниран скрининг во касната бременост(Triple test)
Овие тестови се засноваат на резултатите добиени од нухеалната транслуценција заедно со резултатите од два примерка од крвта - првиот земен во 10 недела а вториот во 15 недела.
Ако резултатите покажат ризик за појава на дауновиот синдром постојат две опција.Едната е мајката да одбије понатамошни испитувања а другата е дијагностички тест кој е ризичен поради тоа што може да дојде до спонтан абортус.
Постојат два дијагностички теста:испитување на хорионските купови и аминоцентеза.

За аминоцентезата ќе напишам во друга тема.

Инаку јас лично имам направено комбиниран скрининг во раната бременост и се беше во ред.наодот беше ваков:
Тризомија 21 (даунов синдром) е : 1 : 19353
Тризомија 13+18 ( Патау и Едвардсов синдром) е: 1 : 38236.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Bile)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Скрининг на нухална транслуценција
24.1.2010 14:40:49   
marina82
kaj koj doktor e najdobro da se napravat tie skrininzi na plodot? KOj vazi za najgolem strucnjak za taa problematrika od doktorite na klinika

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Скрининг на нухална транслуценција
15.4.2010 19:23:02   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: penelopa

Нухална светлина е испитување што се прави кај бремените жени во 11 до 14 недела од бременоста. Се врши за испитување на аномалии кај плодот посебно  Даунов синдром.
Во земјите од ЕУ ова е задолжително испитување. Мене докторката ми закажа за неколку недели. Иако здравстевното осигурување не го покрива а и не е толку ефтино- тука чини околу 60 евра, јас сепак се одлучива да го правам, барем ке бидам помирна и посигурна дека се е во ред со бебето.
Ме интересираат вашите искуства. Дали сте го правеле ова испутување?



ИЗВОРНА ПОРАКА: Leonida

Јас не. Само јас не сум репер, бидејќи мојата докторка не ми ја водеше бременоста како што треба. Имам пишувано дека не ми мереше ниту притисок, ниту тежина кога идев на контроли. Нека кажат другите како е кај нас.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25

Јас правев во Систина. Иако матичниот доктор ми велеше дека се е во ред, јас отидов само за да бидам сигурна. 


ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz

Jas go pravev toa ispituvanje tuka e uste poskapo okolu 100 evra e. Mislam deka sekoja bremena zena treba da go napravi ova ispituvanje no ne sekogas e 100% tcni ovie rezultati



_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот marina82)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Скрининг на нухална транслуценција
21.4.2010 22:08:11   
strelec27

Dali nekoj znae kolku vo re medika kosta horion biopsija

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Скрининг на нухална транслуценција
21.4.2010 22:38:50   
strelec27

dali nekoj znae kolku e vo re medika horion biopsija

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Скрининг на нухална транслуценција
21.4.2010 22:42:04   
mother 29
не знам јас и барав нешто на нет,ама цени нема......утре јави се и прашај на пулт ке ти кажат.ако сакаш ке ти го кажам бр.од ремедика.
поз

(Одговор на членот strelec27)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Скрининг на нухална транслуценција
21.4.2010 22:42:17   
Maca25
стрелец најдобро да се јавиш во ремедика и да прашаш

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот strelec27)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Скрининг на нухална транслуценција
21.4.2010 22:59:47   
strelec27

fala mnogu sepak ke se javam

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Скрининг на нухална транслуценција
22.4.2010 15:43:14   
Sandric
Ako veke odis vo remedika baraj ja Adamova, ona e specijalist za rano otkrivanje na anomalii na plodot ;)

(Одговор на членот strelec27)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Скрининг на нухална транслуценција
22.4.2010 16:28:06   
strelec27

jas i onaka ke odam vo re medika posto invitroto go pravev tamu,a mi zakazaa kaj nekoja Petrova posto nuhalniot nabor mi e mnogu visok.

(Одговор на членот Sandric)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Скрининг на нухална транслуценција
22.4.2010 16:29:40   
Sandric
Kolku ti e? KOj ti go gledase?
Ne panici zasto najcesto e lazna trevoga

(Одговор на членот strelec27)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Скрининг на нухална транслуценција
22.4.2010 16:32:29   
strelec27

vo 10nedela 5mm mislam deka e mnogu, a sum kaj Petanovski

(Одговор на членот Sandric)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Скрининг на нухална транслуценција
22.4.2010 16:42:13   
Sandric
da, nad normalnata vrednost e, ama sepak ne panici posto jas se iznacitav na internet eden kup raboti za toa i vo mnogi golem procent izleguva se normalno

(Одговор на членот strelec27)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Скрининг на нухална транслуценција
22.4.2010 20:30:11   
strelec27

Da ama za vo 10nedela e mnogu visok ,i jas citav.Prvata nedela mi bese mnogu tesko samo placev,sega treba vo ponedelnik da pravam horion biopsija.Sega mi e strav od rezultatite sto ke izlezit , tesko e posle 7god.brak da se slucit i ova.

(Одговор на членот Sandric)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Скрининг на нухална транслуценција
19.5.2010 18:47:56   
penelopa
Во Понеделникот правевме скрининг на нухална светлина- резултат 1.7 мм или 1: 3964 одличен резултат, се е окuser posted image

_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот strelec27)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Скрининг на нухална транслуценција
25.5.2010 23:43:42   
strelec27

Vo 12nedela mi bese izmeren nuhalen nabor od 3,6mm,istiot den pravev horion biopsija i posle 2nedeli rezultatite bea dobri i deka nema nikakov rizik.Posle edna profesorka ni rece posto vo 10nedela bese videno nuhalen nabor od 5mm so higroma colli vo 20nedela da napravite skrining na srce.sega navistina neznam sto ke ispadnit sega vo 16nedela e se vo red so bebeto , no sepak mnogu e tesko da cekas vo neizvesnost.

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Скрининг на нухална транслуценција
25.5.2010 23:47:05   
Julie1
ИЗВОРНА ПОРАКА: strelec27


Vo 12nedela mi bese izmeren nuhalen nabor od 3,6mm,istiot den pravev horion biopsija i posle 2nedeli rezultatite bea dobri i deka nema nikakov rizik.Posle edna profesorka ni rece posto vo 10nedela bese videno nuhalen nabor od 5mm so higroma colli vo 20nedela da napravite skrining na srce.sega navistina neznam sto ke ispadnit sega vo 16nedela e se vo red so bebeto , no sepak mnogu e tesko da cekas vo neizvesnost.


Заедно чекаме драга стрелец27, се надевам барем малку е полесно ... Се ќе е во ред со бебчето само позитивно мила!

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот strelec27)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Скрининг на нухална транслуценција
25.5.2010 23:51:33   
Палешка РР
Се ќе биде во ред, знаев user posted image , помалку стрес, повеќе смеа стрелец и бебчето ќе си биде во ред!user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

koga pocnavte so dohrana?
zzaa

koga pocnavte so dohrana?

na 4 meseci (43%)

na 5 meseci (33%)

na 6 meseci (24%)


Број на сите гласови: 84

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!