|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Рубеолата ја предизвикува вирус. Болеста обично е блага, но може да предизвика сериозни оштетувања кај неродени бебиња. Сите деца треба да се вакцинираат на 13 месеци. Сите жени кои планираат бременост треба да проверат дали се отпорни на Рубеола!
Клучни зборови:

image
/11


Рубеола (или German measles) е заразна вирусна болест која се јавува кај луѓето. Иако кај повеќето луѓе болеста е умерена, во раната бременост таа може да предизвика вродени дефекти на фетусот или спонтан абортус.

Вродениот синдром на рубеола се јавува кај 90 проценти од бебињата кои ги родиле жени што биле заразени со рубеола во текот на првите три месеци од бременоста. Вродениот синдром на рубеола може да предизвика вродени малформации вклучувајќи срцеви маани, глувост, оштетување на мозокот и проблеми со очите вклучувајќи катаракт.

Симптоми на рубеолата

Симптомите на рубеола може да вклучуваат умерена треска, осип, течење на носот, болно грло и често, отечени лимфни јазли. Исто така често се јавуваат болки во зглобовите, посебно кај жените. Во ретки случаи, рубеолата може да се комплицира со намалување на бројот на крвните плочки (тромбоцитопенија) што може да предизвика крварење, или со енцефалитис (воспаление на мозокот).

Како се пренесува?

Рубеолата се пренесува преку капки од носот или устата на заразеното лице или со директен контакт. Од рубеола лесно се заразуваат лица кои не се вакцинирани или кои претходно не ја прележале болеста. Периодот откако лицето било изложено на вирусот до појавата на болеста обично изнесува од 14 до 21 ден. Лицата заболени од рубеола обично се заразни седум дена пред да се појави осипот и четири дена после тоа.

Како да се спречи?

Лицата со рубеола треба да останат дома најмалку четири дена откако ќе се појави осипот и треба да избегнуваат контакт со лица кои не се имуни на болеста. Најдобра заштита од рубеола се постигнува со вакцинирање со ММР вакцината, која штити од заболување од мали сипаници, заушки и рубеола. ММР вакцината треба да им се даде на децата кога тие се на возраст од 13 месеци. ММР вакцината е безбедна и ефикасна вакцина која долго време се користи насекаде низ светот. И покрај тоа што многу од постарите возрасни лица се отпорни на рубеола затоа што биле вакцинирани или заразени како деца, младите возрасни лица (посебно мажите) може да не се вакцинирани. Вакцинирањето против рубеола е многу важно за жените (и мажите) на возраст кога може да имаат деца за да се намали шансата бремените жени да дојдат во контакт со рубеола и да се заразат.

Многу е важно за сите жени кои планираат да забременат да знаат дали се отпорни на рубеола. Жените кои планираат да забременат треба да направат крвна слика, тоа може да го направи нивниот локален доктор, за да проверат дали се заштитени од рубеола. Бремените жени не треба да примаат вакцина против рубеола и треба да се избегнува забременување еден месец по примањето на вакцината.

Лекувањето на симптомите на рубеолата вклучува одмор и пиење многу течности.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Секоја жена најзадоволно се смее двапати!
Жената има две насмевки, една кога сфаќа дека е заљубена и друга кога за првпат ќе си го види бебето
3
Што не знаевте за неплодноста?
Жените кои не можат да забременат поминуваат низ многу тежок период и постојано се преплавени со емоции, како што се оса...
3
7 знаци дека имате циста на јајникот
Повеќето цисти на јајникот се бенигни, фоликуларни цисти кои се појавуваат и исчезнуваат со менструалниот циклус и не е ...
3
Приказната на Вишња Томиќ
Рингераја.ба за мене е како мое семејство, мој дом каде секогаш можам да влезам, во кој сите се добредојдени. Место каде...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?