|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Исхрана за време на доењето ( 2 дел)

Редакција Рингераја, 24.10.2021
Некои од производите кои доилката ги конзумира можат да предизвикаат проблеми кај детето, додека други ја поттикнуваат лактацијата

image
/11


Доколку вашето дете реагира чувствително на одредена храна, најдобро е некое време да ја исфрлите од исхраната. Храна која може, но не мора да предизвика проблем кај детето , како што се грчеви, болка во стомакот и црвенило на газот се:

  • Цитрусните плодови и други кисели намирници: (ананас, киви, оцет, домати). Некои мајки приметиле дека при конзумирање на портокали, киви или лимон, газето на бебето се вцрвенува. Обидете се да го исфрлите цитрусното овошје на одреден период од вашата исхрана, за да видите дали тие се причина за црвенилото кај вашето дете.
  • Грав, зелка, кељ, кромид, праз. Кај многу бебиња овие намирници предизвикуваат грчеви. Бебињата после цицање плачат, додека не успеат да го сварат млекото во нивниот организам. Карфиолот и брокулата се полесно сварливи и ретко создаваат такви проблеми. За да ја намалите можноста од грчеви кај бебето при готвењето користете зачин како што е коморача.
  • Какао и чоколада: Исто како и кафето и пијалоците со кофеин и чоколадата може кај некои бебиња да предизвика грчеви.
  • Лути зачини: чили, папар, лук, можат да предизвикаат црвенило на газето или да го променат вкусот на мајчиното млеко и бебето да не сака да цица.


Имате ли малку млеко?

Одредена храна ја поттикнува лактацијата, но пред се за доволно млеко да имате најважно е да внесувате многу течности, треба да бидете смирени, да обезбедите мирен сон, како и често доење од двете гради.

  • Коморача и анасон се дел од составот во чаевите за долики, а помага и чајот од коприва.
  • Сусам
  • Житарици, просо, зоб и јачмен
  • Бадеми и останати јаткасто плодови (внимателно со оревите, бидејќи тешко се варат и кај некои бебиња можат да предизвикаат грчеви)
  • Пивски квасец

За доењето неповолно влијае:

  • Недоволно внесување на храна и течност
  • Стрес, нервоза
  • Пушење
  • Чај од нане

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Ѕвезда на бебе календар за 2022 година - Н...
Да ни ги стопли ладните ноемвриски денови, силно нека блеска оваа ноемвриска ѕвезда
4
Се породила во автобус со помош на возачот
Возач на автобус и помогна на бремена жена да се породи во задниот дел на автобусот, откако доби породилни болки, за вре...
4
Што се случува со бебето во првиот месец о...
Првиот месец од животот е период на огромни промени за новороденчето. Бебето преминува од заштитената средина во утробат...
3
8 позиции со кои ќе го олесните доењето
Доењето може да биде предизвик за секого, но овие пози за доење можат да ви помогнат да започнете одлично
3




Анкета

/
Jana9

Koj go zema vaset_o dete od gradinka?

Mama (0%)

Tato (50%)

Baba (0%)

Dedo (0%)

Nekoj drug (50%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!