Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Лануго, нежните влакненца кои го покриваа телото на плодот, се изгубиле, белите дробови сега се подготвени за самостоен живот и сето тоа покажува дека фетусот полека се подготвува за породување. Немојте да се изненадите доколку некое влакненце остане по телото и после породувањето, пред се на рамениците и ушите. Тоа не значи дека засекогаш ќе останат таму. Брзо по породувањето и тие ќе паднат.
Како што веќе рековме, во цревата на фетусот се создава мекониум, првата столица на бебето. Тоа е густа црна материја која многу тешко се чисти од газето на новороденчето. Веднаш ќе треба да се навикнете на какушките. Кога цревата ќе дојдат во контакт со првите бактерии кои ќе се сместат таму, бебешката столица почнува да добива непријатен мирис кој во моментот на воведување на нормална храна почнува навистина лошо да мириса. Но се вели дека родителите секогаш го поднесуваат мирисот на своето дете дури и кога е непријатен. Природата се погрижила за се!
Некои мајки во овој период веќе не го чувствуваат детето во стомакот. Фетусот сега е толку голем, така да има се помалку место во матката. Тоа значи дека не може да се движи како што можел порано. И покрај тоа ќе мора да изброите барем 10 движења дневно, обично меѓу 8 и 17 часот. Во спротивно обратете се кај својот гинеколог.
Имунолошкиот систем се уште не е доволно зрел, затоа антителата сеуште ги добива преку плодовата вода, а по раѓањето ќе ги добива преку мајчиното млеко. Затоа доењето е предност, бидејќи најдобриот другар за здрав живот тече од мајчините гради. Затоа вреди да се потрудите.
Просечниот фетус во оваа недела тежи околу3,3 килограми, а долг е околу 49 см. Постелката е тешка скоро колку и самиот фетус, а папочната врвка е приближно колку и неговата должина.
ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ?
Плодовата вода се обновува на секои три часа и во тек на породувањето. Стручните лица сеуште не успеале да го разрешат прашањето каде се создава плодовата вода. Се знае дека е составена од урина, пот и оснатати течности кои ги лачи фетусот.
Мама во 39. недела
Тато во 39. недела
Слични артикли:
Велигден – најубавиот христијански празник
Рубеола
Календар на вакцинација
Ланолин - лек за воспалени и напукнати брадавици
Претходна недела: 38. недела
Следна недела: 40. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
забава Бремените
Автор: bobik
Кога е безбедно да имате секс за време на бременост?
Сексуалните односи за време на бременоста во најголем број случаи се б...
Чести сексуално преносливи инфекции и како се лекуваат
Полово преносливите болести (ППБ) претставуваат инфекции што се пренес...
Момент што го менува животот засекогаш
Постојат моменти што не можат да се опишат со зборови, можат само да с...
Природно породување и царски рез, предности/предизвици
Начинот на породување е лична, но и медицинска одлука. Некои жени имаа...
Полина Тас ја објави новата песна „Феномен“
Македонската пејачка Полина Тас ја претставува својата нова авторска ...
Јасли.
пеперутка16
Дали вашето дете почна да се разболува многу повеќе откако почна да оди во јасли?