|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Мама во 35. недела



Уште добри месец дена и готово. Крај на убавиот период кој ќе продолжи во уште поубав период. Тоа ќе биде еден нов живот кој ќе стави сенка на се што досега ви се случувало. Верувајте, уште малку и ќе се прашате: што воопшто сум правела пред да станам мајка?

Повеќето од идните мајки веќе престанале да се прашуваат дали нивниот стомак може уште да расте, бидејќи не престанува и не престанува. Малку да се насмееме, па ќе ви откриеме дека ќе престане да расте, но баш во моментот кога ќе помислите дека ќе експлодирате. Мора малку и да се пошегуваме, нели?

Во овој период повеќето идни мајки ги мачи несоница. Во тоа помага и честото одење во вц, тешко подвижно тело, кое тешко пронаоѓа состојба во која пријатно се чувствува, а можеби и напнатост поради породувањето кое се ближи и размислувањето за тоа дали ќе бидете добра мајка. Сето тоа е дел од последните недели од бременоста, иако има и мајки кои немаат ама баш никакви проблеми и на нивна среќа така ќе остане до крајот на бременоста. Но, тоа никако не значи дека нивното тело не се подготвува за породување, напротив некои од нив многу брзо и раѓаат.

Дали веќе ги подготвивте работите за во породилиштето? Не брзајте, но имајте на ум дека не е ниту прерано. Бебињата кои ќе се родат по 36. недела од бременоста во принцип стручните лица (секако многу зависи и од самото новороденче) не ги сметаат како недоносени.

Што е она што обавезно мора да го земете со себе во торбата што ќе ја носите во породилиштето? На прво место, работи за лична хигиена (четка за заби, сапун, чешел, крема...), а што се однесува на шминките, одлучете сами (притоа не заборавајте дека во тој момент нема да имате многу време за својот изглед). Понесете си влошки (што се однесува до изборот, послушајте го советот кој сте го добиле во школото за идни родители и одберете ги оние памучните. Верувајте дека оние влошки кои ги употребувате за време на менструацијата нема да ви одговараат). Во некои породилишта, со себе можете да понесете папучи и спаваќа, иако би ве посоветувале да се послужите со болничка спаваќа. Вистина е дека во вашата би се чувствувале попријатно, но болничката има израз прикладен за доење. Со себе носете и мобилен телефон за врска со надворешниот свет и никако немојте да го заборавите фотоапаратот. Другите работи кои сте ги заборавиле може да ги донесе таткото, но ако не земете фотоапарат можете да останете без драгоцени први фотографии од тукушто роденото бебе.

Дали веќе разгледувавте градници за доење? Веќе е крајно време. Но ви препорачуваме да не претерувате со купување. Некои идни мајки ќе купат само еден градник, а по породувањето го праќаат таткото да купи. Мора да внимавате на тоа дека по породувањето градите можат прилично да пораснат, односно да се наполнат со млеко и однапред купениот градник може и да не одговара.

Значи, разгледајте каде и што има и не заборавајте идниот татко да го запознаете со сите детали, за да не се најде во голема дилема при купување на правиот градник.


Прочитајте уште


>>  Плод во 35. недела
>>  Тато во 35. недела



Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?