namesp во 10:12
Зошто мајките ги бакнуваат своите бебиња?
Редакција Рингераја, 3.7.2022Овие причини го зајакнуваат верувањето дека нашите тела имаат внатрешна мудрост која ретко кој од нас ја признава или и верува. Исто како што нашите тела знаат како да се породат, дури и ако немаме интелектуално знаење за процесот, биолошките системи во нашето тело, исто така, имаат причини за сложената социјална интеракција меѓу мајката и бебето. Со тоа само се покажува дека повеќе од на било што друго, треба да им веруваме на мајчинските инстикти.
Кога животните ќе ги родат своите млади. може да се забележи дека мајката поминува долго време во лижење на своето бебе. Се изложува на петте сетила, така што го знае вкусот, мирисот, чувствата, звукот и погледот на нејзиното бебе. На овој начин мајката го потврдува бебето како свое.
Кога мајката ќе го роди своето бебе и тоа го прави во средина која овозможува непосреден и слободен пристап до бебето, може да се забележи дека во одреден период мајката извршува одредено однесување, со кое бебето го потврдува како свое. Таа го стиска бебето во прегратка ја истражува мекоста на неговата кожа, го гали за малечките прсти на рацете и нозете. Таа веројатно сака визуелно да потврди на кој од членовите од семејството најмногу наликува бебето, по бојата на косата и очите и по другите фзички карактеристики. Таа го слуша неговиот плач и учи како да го препознае и разликува од плачот на другите бебиња. Кога ќе се наведне и ќе го бакне своето бебе, таа недвосмислено сака да го почувствува неговиот мирис и преку самиот чин на бакнување таа всушност го учи вкусот на бебето. Треба да се напомене дека не е невообичаено тоа што жените кои се лишени од можноста за поврзување со своите бебиња често изјавуваат дека постои емоционална дистанца межу нив и бебето и дека им треба време за да бидат сигурни и бебето да го потврдат како свое.
Бакнувањето на бебето е не само емоционален, туку и биолошки пристап. Освен тоа, постои и многу реална здравствена корист за бебето од бакнувањето. Кога мајката го бакнува бебето, таа со своите усни ги собира патогените бактерии од бебешкото лице, кои подоцна стануваат антитела кога ќе преминат во телото на мајката. Во организмот на мајката, на тој начин, се создаваат само оние антитела кои му требаат на бебето.
Денес многу се зборува за користа од мајчиното млеко и за тоа како преку него се пренесуваат антителата од мајчиниот во организмот на бебето. Сепак, антителата кои мајката ги создава додека е бремена се од околината и многу малку може да му помогнат на бебето. Заради тоа бакнувањето е многу важна активност која освен што им дава задоволство на мајката и бебето, туку го штити бебето од болести.
Па мајки, бакнувајте ги своите бебиња!
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Количината на минерали, јагленохидрати и белковини кои ги содржи, го прават цвеклото супер здрав зеленчук. Цвеклото е бо...

Тоа може да биде омиленото плишано животно, ладна гума за гризење, па дури и играчката на кучето...сите тие имаат начин ...

Се породив по природен пат и пресреќна сум, рече Анабела која на свет ја донесе ќерката Бланкица
