namesp во 10:12
Зошто бебето `рчи?
Редакција Рингераја, 8.5.2012
Многу родители се изненадени од сознанието дека бебињата прилично често 'рчат. Во повеќето случаи, 'рчењето во најрана возраст не е загрижувачки, туку е досадна појава која повремено се случува. Но ако Ви се чини дека има врска со некаков проблем, посоветувајте се со педијатар.
Што го предизвикува 'рчењето кај бебињата?
Новороденчињата предизвикуваат многу чудни звуци. Тоа е нормално, а исто е и со 'рчењето. Повременото 'рчење кај новороденчињата е вообичаено, но хроничното 'рчење кај постарите бебиња може да претставува проблем.
Физиологија
Новородените бебиња многу често дишат бучно, затоа што дишните патишта им се тесни и полни со слуз. 'Рчењето се појавува кога поминува воздух низ тој секрет, заради што вибрираат меките ткива на дишните патишта. Обично 'рчењето се смирува како што новороденчето расте и учи да го голта вишокот плунка.
Опструкција на дишните патишта
До 'рчење може да дојде кога на проодноста на дишните патишта на бебето му пречи вишокот на секрет кој се наоѓа во нив.Тоа се случува за време на настинка, кога зголемената количина на слуз – која се наоѓа во носната шуплина, го прави дишењето бучно. Слично се случува ако бебето има некаква алергија. Исто така, деформациите во носот, како што е девијација на носната преграда, се вбројуваат во состојби кои можат да бидат одговорни за појава на 'рчење. Постојат и некои анатомско – морфолошки фактори, кои зачително поретко влијаат на таквата појава.
Зголемени аденоиди
Ако Вашето бебе страда од хронично 'рчење, тоа би можело да биде знак на сериозни проблеми. Некои бебиња имаат зголемени аденоиди (трет крајник) кој се наоѓа во горниот дел на ждрелото, зад носот, што го спречува адекватниот проток на воздух низ дишните патишта. Тие го спречуваат дишењето низ нос, па детето почнува да дише низ уста, што предизвикува низа на пречки.
Апнеа за време на спиење
'Рчењето може да биде знак за апнеа за време на спиење, или моментална, потполна опструкција на дишните патишта, кога дишењето повремено ќе престане. Апнеата многу често предизвикува многу гласно 'рчење, како и будење во текот на ноќта.
Бебињата и малите деца, кои доживуваат апнеа за време на спиење, често се чувствуваат уморно во текот на денот.
Може ли бебето да има последици заради 'рчењето?
Ако 'рчењето кај Вашето дете се влошува, го нарушува неговиот сон, или влијае на неговите дневни ативности и расположение, се препорачува посета на лекар. Хроничното 'рчење често доведува до лош квалитет на спиењето, што може да предизвика разни проблеми: главоболка и дебелеење.
Како да му помогнете на бебето?
Кај бебињата и малите деца под две години, бучното спиење може да се намали ако спие со цуцла. Имено, таа помага да се држи устата малку подотворена и низ неа да поминува воздух. Неодамнешните испитувања потврдија дека цуцлата лажовка поволно делува на мирниот сон, бидејќи седум од десет бебиња кои ја користат – не 'рчат! Исто така, не дозволувајте Вашите миленичиња да спијат во истата соба, бидејќи бебето можеби е алергично на животински влакна, што предизвикува 'рчење.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Германската организација за заштита на потрошувачите Foodwatch спровела истражување за квалитетот на производите кои се ...

Доколку на детето помало од една година сакате да му дадете зачинета храна, претходно информирајте се дали одредени зачи...

Ова се трошоци за првата година од животот на детето, ако се храни со вештачко млеко, кое по својот состав е далеку од м...

Имунитетот на децата се разликува од имунитетот на возрасните и бара поголемо внимание
