|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Забременив, ги носев, ги родив, а не сум им мајка?

Редакција Рингераја, 3.2.2014
Како ќе се чувствувате ако забремените, водејќи љубов со сопругот, ги носите вашите деца девет месеци, ги раѓате и се утврдува дека не сте им биолошка мајка, бидејќи немате иста ДНК со децата? Прочитајте ја ова шокантна приказна!
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Тоа е токму она што и се случи на Лидија Ферчајлд од САД кога, бремена со четврто дете, побара финансиска поддршка од Владата за издржување на нејзините деца, по распадот на бракот со нејзиниот сопруг.

Како дел од рутинската процедура, двајцата родители на децата, Лидија Ферчајлд и Џејми Таунсенд, морале да направат ДНК тестирање со цел да се докаже дека се родители на децата, пред Владата да им одобри финансиска помош.

Резултатите биле шокантни! Шокирана била дури и бабицата која три пати ја породила мајката. Децата имале различна ДНК со мајката.

“Јас ги носев девет месеци и јас ги родив! Нема сомнеж во мојот ум дека сум им мајка!”- изјави Ферчајлд  за американската телевизија АБЦ.

Со цел да се отстрани можноста за грешка направена во лабораторијата, направено е уште едно тестирање на ДНК во друга лабораторија. Резултатите биле исти: Таунсенд е татко, а Ферчајлд нема биолошка поврзаност со своите деца.

По тоа следел 16 месечен кошмар во кој Ферчајлд можела да ги изгуби децата кои ги родила, пред да се открие дека е една од 30-те луѓе во светот кои имаат химеризам – состојба во која поединецот носи две различни и одделни насоки на ДНК.

Државата испратила и судски службеник кој присуствувал на раѓањето на нејзиното четврто дете, за веднаш да му се направи тестирање на ДНК. Повторно се открива дека Ферчајлд не е негова мајка, по што таа беше обвинета за сурогатство.

За среќа, оваа несреќна мајка имаше пожртвуван адвокат на нејзина страна. Тој најпрво се сомневаше во нејзината приказна, но одлучи да го истера случајот до крај откако виде колку Ферчајлд е непопустлива во тврдењето дека не направила измама.

На инсистирање на адвокатот, лекарите зеле примероци од ДНК  од целото тело на мајката. Сето тоа било неуспешно се додека мајката не кажала дека имала отстранет тироиден јазол пред неколку години. Еден примерок од тироидното ткиво се чувал во лабораторија и тој бил клучот за решавање на медицинската мистерија. Во него се открила ДНК која била идентична со ДНК на нејзините деца.

Во крвта Лидија Ферчајлд е една личност, но во одделни ткива е друга. Со тоа се потврди дека Ферчајд е една од 30-те лица во светот, со химеризам.

Химера е организам со најмалку две генетски различни типови на клетки. Тоа се случува кога некој првично, во утробата на мајката е близнак, но подоцна станува еден ембрион со што другиот се апсорбира во него. Кај химерите, нивните близнаци живеат микроскопски некаде во внатрешноста на телот, како ДНК. Во суштина двајцата близнаци живеат во едно тело.

Потоа се направило генетско тестирање на мајката на Ферчајлд, чија ДНК покажала врска меѓу неа и нејзините внуци. Подоцна и цервиказниот брис од Ферчајлд покажал ДНК клетки кои ги има и кај нејзините деца.

Тоа беше доказ дека Ферчајлд е навистина химера и дека нејзиниот невидлив близнак живее во нејзините јајници. Токму нејзиниот близнак е биолошка мајка на нејзините деца.

Благодарение на ова истражување случајот Ферчајлд е разрешен и таа конечно може да продолжи нормален живот со своите деца.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Најчести инфекции кај деца. Кога е време з...
Детскиот имунитет се гради постепено. Токму затоа, во првите години од животот инфекциите се чести, особено кај деца кои...
9
Детска Новогодишна работилница
Детската еуфорија за Нова Година е огромна, а нивната желба за учествуваат во подготовките за празникот – незапирлива. И...
6
Како да одгледате силна, самостојна ќерка?
Она што е најважно во односот меѓу мајката и ќерката, во текот на развојот – е да се откажете од инсистирање кон соврше...
5
12 најубави посни салати
Велигденските пости започнаа. Ви предлагаме 12 рецепти за убави посни салати
4




Анкета

Чипс или смоки
predrag

Што повеќе сакате да грицкате

чипс (32%)

смоки (42%)

Мммм двете :) (26%)


Број на сите гласови: 84

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!