Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Физиолошки функции на витаминот Ц
Витаминот Ц, познат и под називот аскорбинска киселина, припаѓа на групата витамини кои се растопуваат во вода. Тој е еден од најиспитуваните витамини и прв витамин кој е создаден синтетички.
За влијанието на витаминот Ц во синтетичките процеси се знае многу. Општо позната е користа на витаминот Ц во борбата против сезонската настинка и грип, но помалку е познат фактот дека витаминот Ц, од сите хидросолубилни витамини е најсилен антиоксиданс.
Освен во намалувањето на оксидативниот стрес, витаминот Ц учествува и во цела низа исклучително важни физиолошки функции;
Оптимална доза на витамин Ц
Долготрајниот недостаток на витамин Ц се манифестира со замор, губење на апетитот, нервоза, па дури и невролошки пореметувања како депресија, па го прави организмот подложен за бројни инфекции. Потполниот недостаток на витамин Ц резултира со крварење на непцата, отпаѓање на забите, отекување на зглобовите и кршливост на коските – болест позната под називот скорбут.
Порано, препорачаната доза на витамин Ц изнесувала 60 мг. Денес таа граница е поместена на 75 – 90 мг. дневно, зависно од тоа дали се работи за маж или жена. Но бидејќи за превенција од заболувања е потребно десет пат повеќе витамин Ц од препорачаната дневна доза, научниците сериозно размислуваат за зголемување на препорачаната доза од 100 мг. на 200 мг. дневно.
Витаминот Ц и заболувањата
Во есен и зима се зголемува свеста за користа од витаминот Ц. Без оглед на тоа дали се работи за вирусна или бактериска инфекција, витаминот Ц игра важна улога во зацврстување на имунитетот.
Во периодот на настинки ии грипови, витаминот Ц им помага на леукоцитите во борбата против предизвикувачот на инфекции. Иако не лечи настинка и грип, витаминот Ц го скратува времетраењето на болеста и ги ублажува симптомите.
Витаминот Ц делува како природен антихистаминик, во дневни дози меѓу 1 и 2 грама, па е пожелно да се дава при лечење на алергија.
Исто така постојат повеќе истражувања кои ја потврдуваат користа од зголемено внесување на витамин Ц при регулација на холестерол, дијабетес, срцеви болести и канцерогени заболувања.
Извори на Витамин Ц
Витаминот Ц е неопходен за зачувување на здравјето и нормалното функционирање на организмот. Најдобро е да се внесе во организмот со разновидна исхрана. Најбогати извори на витамин Ц се свежото овошје и зеленчук, а исто така го има и во школките.
Цитрусни овошја како портокал (50мг./100 гр.), лимон (40 мг./100 гр.) и цитрон (30 мг./100 гр.) се најпознатите и најквалитетни извори на витамин Ц. Исто така шипката (2000 мг./100 гр.) е најбогатиот извор на витамин Ц од овошја и магдоносот од зеленчук (130 мг./100 гр.)
Овошје и зеленчук со големи количини витамин Ц
Овошје Зеленчук
шипка магдонос
киви црвена пиперка
рибизли брокула
папаја спанаќ
црна рибизла кељ
цитрусни овошја компир
Витамин Ц во додатоците за исхрана
Иако е широко распространет во производите кои секојдневно ги консумираме, често се случува потребите за витамин Ц да не се задоволуваат во редовната исхрана. Причините се различни: од слаб квалитет на производите и губење на витаминот Ц при термичка обработка, до едноличен избор на производи. Исто така, на недостатокот на витаминот Ц влијае и неможноста на човечкиот организам да го складира и користи според потреба витаминот Ц.
Иако хипервитаминозата е многу ретка состојба, предозирањето со витамин Ц се препознава по симптомите на стомачни тегоби како што се пролив, мачнина и болки во стомакот. Доколку се појави некој од овие симптоми, потребно е да се намали дневната доза.
Пред земање на витамин Ц како додаток во исхраната, потребно е да се консултирате со лекар, посебно ако имате дијабетес и проблеми со бубрезите.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Првите 40 дена со бебето: Разбивање на илузијата
Во македонската култура, па и пошироко, често ќе слушнете за „првите 4...
Перинаталната депресија е состојба која многу често се појавува кај же...
Крварењето од нос, познато и како епистаксис е честа состојба кај деца...
Вежби за дишење во бременост и на породување
Дишењето е нешто што сите го правиме автоматски, без да размислуваме. ...
Колку треба да јаде вашето мало дете?
Исхраната на малото дете е една од најважните грижи на родителите. Кол...
Филмови за возрасни.
пеперутка16
Дали сакате да гледате „филмови за возрасни“?