Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Дизајнерите тврдат дека вашиот дом може многу да открие за вас. Токму затоа овојпат ви ги пренесуваме советите на најдобрите дизајнери по изборот на славниот магазин Elle Decor за тоа што сè една дама не би смеела да чува во својот ентериер.

Премногу женствени детали
Карнери, ресички, пинк украси... Никако не претерувајте со женствените детали коишто би можеле да бидат одлични, сè додека останат само на нивото на детали.
"Целиот стан во пинк боја? Никако!", Порачува дизајнерката Никол Фулер.
Аранжмани од вештачко цвеќе
"Ако во вашиот дом здогледам аранжман од свилено цвеќе, тоа за мене значи само една порака – сум се откажала од сè, и за мене повеќе нема надеж", тврди Сузан Фери.

Плишани животни
"Во домот на една жена мора да биде јасно дека тој едноставно зрачи со љубов, вели дизајнерот Џон Кол", но додава дека тоа сепак не вклучува спомени од детството.
"Ако сте возрасна девојка, подарете им ги своите играчки на оние коишто не се сè уште пораснати", советува таа.
Врамени пораки
"Ако се уште изработени и како гоблен, пораките во стилот – животот ти припаѓа само на тебе, порачуваат дека на таа личност дефинитивно ? е потребна помош и поддршка, вели Сузан Фери.
Козметички производи во секој агол
Ако ги има во бањата, на комодата во дневната соба, па дури и пред огледалото во претсобјето, па тоа е веќе дизајнерски проблем.
"Навистина не е неопходно за секој којшто ќе влезе во вашиот дом да стекне полна слика за тоа колку козметика и шминка употребувате вие", вели дизајнерот Рајан Вајт.

Колекција од кукли
Збирките од играчки, генерално, а особено кукли, покажуваат дека сте засекогаш сте останале заробени во детството.
"Доживувањето е морничаво, а особено ги одбива мажите", вели младата дизајнерка М. А. Ален.
Семејни фотографии под креветот
Дизајнерите имаат само три збора за тоа – Ниту најмалку секси!
Мноштво од фотографии од домашни миленици
"Колку и да се слатки, ако ги исполните ѕидовите со нивни фотографии, тоа никогаш нема да испадне добро", вели Никол Фулер.

Спомени од средношколските денови
Дизајнерите и тука се немилосрдни – тие денови се во минатото!
Многу распарени парчиња мебел
Домот во којшто има многу парчиња коишто не се усогласени едни со други делува конфузно. Еден до два стила се сосема прифатливи и прават ентериерот да делува динамично, но повеќе од тоа – никако.
8
5
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Поддршка од партнерот во бременоста
Бременоста е период на радост, но и на огромни промени физички, хормон...
Се расправате често? Не е крај туку почеток на промена
Кога расправиите стануваат чести, лесно е да помислите дека нешто е „с...
Љубовта што не се изговара, туку се чувствува
Понекогаш најдлабоката љубов не живее во зборовите, туку во малите гес...
Најчести инфекции кај деца. Кога е време за педијатар?
Детскиот имунитет се гради постепено. Токму затоа, во првите години од...
Кога ќе одлучите да не се откажувате, успевате
Успехот не доаѓа случајно. Тој не е резултат на среќа, туку на малите ...