|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Три чаши млеко – подобри од лек!

Редакција Рингераја, 27.3.2015
Децата би требало да пијат млеко секојдневно, а и возрасните не би требало да се одрекуваат бидејќи содржи калиум, магнезиум и фосфати, неопходни за функционирање на внатрешните органи
Клучни зборови:

image
Млеко
/11


 

 

Мајчиното млеко е прва храна која ја внесуваме во организмот. Но млекото има еднакво важна улога и за возрасните, бидејќи е одличен извор на калциум и калиум, па заедно со млечните производи има важна улога во јакнењето на коските и забите. Препорачливо е да се пие по една чаша – три пати на ден.

Млекото се состои од различни ензими, витамини, минерали, протеини, како и масти неопходни за здраво функционирање на телото. Содржи витамини Б6 и Б12, кои докажано позитивно влијаат на кардиоваскуларниот систем. Лактозата од млекото содржи едноставни шеќери - глукоза и галактоза, кои не снабдуваат со енергија. Исто така, во тек на преработката  се додаваат неколку важни бактерии кои го олеснуваат варењето.

Најважни состојки кои му недостасуваат на млекото се витамин Ц и железо, но сепак, тоа не ја намалува неговата лековитост. Децата би требало да го пијат  секојдневно, а и возрасните не би требало да се одрекуваат, бидејќи содржи калиум, магнезиум и фосфати, неопходни за функционирање на внатрешните органи. Калиумот е важен за воспоставување на оптимален крвен притосок, а калциумот ги јакне коските и игра важна улога против мигрената , артритисот и дебелеењето.

Млекото како одличен извор на протеини им се препорачува и на вегетаријанците, бидејќи не јадат производи од животинско потекло. Во 100 гр. кравјо и козјо млеко има околу 3,2 гр. протеини, а во овчото млеко тој процент е поголем. Добро е да се знае и тоа дека кравјото млеко е еден од најдобрите извори на омега 3 масни киселини, кои се важни за имунитетот и нервниот систем.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Меките точки на бебешката глава
Кога првпат ќе го галите главчето на вашето новороденче, ќе забележите нежни, пулсирачки внатрешни вдлабнатини, познати ...
4
Стрес кај бебиња и деца
Се сеќаваме дека не ни се допаѓаше кога родителите нe оставија во градинка - колку се плашевме дали некој ќе дојде по на...
4
Чистотата е половина болест?!
Антибактерискиот сапун не е најдобар пријател на Вашето дете и доколку му посакувате добро здравје, потрудете се од најр...
3
Кога бебето е спремно за цврста храна?
Воведувањето на оваа разноврсна исхрана се случува обично меѓу 4.и 6. месец кога енергетската вредност на нутриентите во...
3




Анкета

Матични клетки
Еца

Дали би ги зачувале матичните клетки од папочната врвка?

Да (81%)

Не (19%)


Број на сите гласови: 48

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!