vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Кога ќе го удрите, детето мисли дека и тоа има право да го направи истото
Децата од семејствата во кои се практикува телесно казнување се склони кон агресија како начин на решавање на проблемите со браќата, пријателите и колегите. Познато е дека децата ги имитираат возрасните. Кога вие ќе удрите, му порачувате на детето дека е во ред да се удираат други луѓе.
Детето ќе го понижите со ќотекот
За детето добро да се однесува, мора и добро да се чувствува. Ако скрши чинија и вие го удрите, тоа ќе помисли: Не сум добар. Чинијата која ја скршив вреди повеќе од мене. По удирањето нема враќање назад. Дури ни прегратката, како знак на простување, нема да ја тргне тежината на ударот.
Ќотекот само поттикнува лутина
Децата го доживуваат телесното казнување како неправда, па казната ќе го поттикне да биде уште полошо. Дури и ако ви се чини дека се согласило со вашата постапка, детето може да “врие” во себеси. Испитувајќи ги своите чувства откако го удриле детето, родителите сфаќаат дека само си дале оддишка себеси.
Запомнете дека родителската улога во одгледувањето на децата не е казнувањето, туку поттикнувањето кон подобро однесување.
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Дали во бременоста треба да пиете повеќе течности?
Поголемата жед во бременоста не е необична. Телото постепено се приспо...
Кај некои жени симптомите се појавуваат само неколку дена пред менстру...
Како може да се чувствувате по породувањето?
По раѓањето на бебето започнува нов период исполнет со радост, но и со...
Седењето, лазењето, фаќањето играчка, одењето и трчањето се само дел о...
Како лекарите ги пресметуваат неделите на бременост?
Неделите на бременост не се бројат од денот на оплодувањето. ...