namesp во 10:12
Средена и убава и по породувањето
Редакција Рингераја, 4.5.2010На заморот и непроспаните ноќи им нема крај.
Вишокот на килограми е прилепен таму каде што најмалку сакате.
Наместо парфеми - „мирис“ полн детски пелени.
Масна коса врз бледото лице.
XXL маица и стара тренерка од маж ви се дел од вашиот стил.
Време е за промени! Можеби ви изгледа невозможно но не е така!
Обидете се:
- Оживејте го вашиот труднички сјај. Користете шминка, ќе изгледате поодморено и посвежо. Најдобро е да се нашминкате наутро. Така ќе бидете самоуверени и подобро ќе се чувствувате, затоа што наутро, влегувајќи во новиот ден, сте помислиле и на себе. Пред се погрижете се вашата коса да е чиста, иако можеби подоцна ќе ја соберете во коњско опавче.
- Не дозволувајте мислите за непотребните килограми да ви ја уништат желбата за купување на ново парче облека. Не сте единствени кои се соочувате со промените на телото по раѓањето на детето. Тешете се дека имате оправдување неколку месеци по породувањето за вишокот килограми на задникот ( што никако не се однесува на масната коса).
- Најверојатно уште некое време после породувањето ќе носите трудничка гардероба. Правете го тоа без лошо расположение. Сепак за да се чувствувате подобро, комбинирајте ја со „нетрудничка“. Во шкафот побарајте пантолони со еластичен и низок појас кои се закопчуваат под струкот. Чувството дека на себе сте навлекле нешто од периодот „пред детето“ ќе биде божествено. Горе покажете малку кожа - облечете маица со длабоко деколте (деколтето никогаш не било така бујно и заводнички како за време на доењето). Секси!
- Не заборавајте дека црната боја го сокрива вишокот на килограми, флеките кои ќе ги направи бебето и вашите гради полни со млеко.
- Одлучете се за купување! Без разлика на тоа што вашето тело има туку што привремена „форма“ и имате намера да ослабете, појдете во купување на нови работи! Побарајте ефтини и едноставни парчиња на гардероба со кои, со помош на различни додатоци, чевли, торбички или шалови секогаш одново ќе изненадувате. Вашето задоволство е поважно од (евентуална) грижа на совест заради трошење. Не заборавајте дека сте жена!
- Во градниците за доење најверојатно нема да се чувствувате баш заводнички, но тие се задолжителен дел од постпородилната облека, затоа што овозможуваат дискретно доење, а и вашите дојки ќе ви бидат благодарни. На пазарот постојат и маици за доење кои имаат отвори во пределот на градите и така се овозможува дискретен пристап на дојката.
- За посебни прилики набавете мало црно фустанче, кое со вистинските модни додатоци, високи потпетици и шминка може да го претворите во одлична вечерна креација. Комбинација на чевли со ниска потпетица и голема торба (во која има место за шишенце и пелени) е одличен избор за долги прошетки. Практично!
- Во станот заборавете на старите маици и развлечени тренерки. Тоа е тотално „out“ и неуредно, дури (или посебно) за вашиот маж.
- Пред се, размислувајте позитивно. За секоја млада мајка ова е најубавиот и неповторлив период кој брзо ќе помине и знајте дека нема ништо поубаво од погледот на среќна и задоволна новопечена мајка која и покрај се е убаво средена, затоа што не заборавила на себе.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Секој нов ден со детето носи нови прашања и дилеми.Дали е нормално бебето да плаче многу, воопшто да не плаче, да има ст...

Кога бебето е навистина мало, неговите родители имаат тенденција да стравуваат во врска со благосостојбата и здравјето н...
