Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Интензивниот развој на медицината во областа на матичните клетки, вроди со зголемена свест за придобивките од долгорочното зачувување на матичните клетки, добиени од папочната врвца при раѓањето. Македонија е една од 38-те земји во светот, во која веќе четврта година се достапни услугите на Cryo-Save, првата и најголема банка за чување на матични клетки во Европа.
„Со цел да им помогне на семејствата од Македонија, кои имаат член (прво колено) кому му е дијагностицирана болест опасна по живот, а која може да биде третирана со матични клетки, Cryo Save започна програма за бесплатно семејно зачувување на матични клетки од папочна врвца. Акредитација за влез во програмата се добива според резултатот од евалуацијата на медицинската документација од стручна комисија при Cryo-Save, Белгија“, изјави д-р Даница Алачка, Cryo Save менаџер во Би-МЕК.
Cryo-Save Македонија досега има реализирано донации за две семејства со деца со сериозни заболувања и активно продолжува со хуманата програма за зачувување на матични клетки без никаков надомест за семејства на кои третманот со матични клетки навистина може да им помогне.
Рингераја партнер за рубриката матични клетки е Би-МЕК, ексклузивен преставник на Cryo Save. Cryo-Save е водечка европска банка за матични клетки. Cryo-Save гарантира највисок квалитет на услуга во поглед на транспорт, подготовка и сигурност на матични клетки од папочна врвца на Вашето дете. Со Cryo-Save имате можност да одберете помеѓу две различни услуги за зачувување на матичните клетки од Вашето дете:
Доколку сакате да знаете повеќе за криопрезервацијата на матичните клетки и Cryo-Save како Ваш потенцијален сервис провајдер, Ве молиме Вашите контакт информации, име, презиме, емаил и поштенска адреса да ни ги пратите на емаил mk@cryo-save.com или cryo-save@bimek.com.mk . Информативниот пакет ќе Ви биде доставен на посочената адреса. Доклку сакате да прочитате повеќе за Cryo Save и Би-МЕК на интернет, тоа може да го направите на Рингераја, или на веб страницата на Би-МЕК и Cryo Save. |
забава Бремените
Автор: bobik
Да си добар родител: очекување или вистинска приказна?
Денес, родителите живеат под лупа со присуството на социјалните мрежи,...
Превентивни прегледи за жени – што, кога и зошто?
Во свет каде што темпото на живот е брзо, жените често се тие се грижа...
Помогнете му на вашето дете да порасне
Растењето на децата не е само прашање на висина. Тие не растат само со...
Летото е време кога косата добива нова улога, да изгледа природно, раз...
Што значи вистинска љубов во реалниот живот?
Во филмовите љубовта често изгледа како магија, толку интензивна, стра...
Мобилен телефон.
пеперутка16
Дали сте застапник на купување мобилни телефони за деца на возраст од 2, 3, 4 години...?