Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Бременоста е тежок период од животот на една жена. Не само психички, но и физички таа треба да ги понесе тешките промени во телото и душата, кои сепак конечно го носат најсреќниот момент!
За време на бременоста, исто така некои делови од телото болат доста и предизвикуваат голем број на непријатности и грижи, кои го прават овој период од животот доста потежок!
Што боли за време на бременоста?
Грбот
Го ставаме на прво место, бидејќи речиси и да нема жена која не е чувствувала болки во грбот за време на носењето на своето бебе. Тоа е така поради прекумерната тежина која рбетот ја толерира при бременоста.
Покрај тоа гравитација е нерамномерно распределена, заради зголемувањето на стомакот што ја дислоцира тежината кон напред. Така се добива неправилно извртување на 'рбетот и следствено - болки.
Чувствата
Да, и тие можат да страдаат доста во овој период. Зарем нема од што! Хормоните беснеат и предизвикуваат состојби кои инаку ретко би ги имале. Во извесна смисла бременоста е вистински хормонален хаос кој предизвикува и емоционален ураган.
Нозете
Благодарение повторно на хормоните, вашите тетиви и зглобови омекнуваат и се олабавуваат во текот на бременоста. Тоа предизвикува дополнителни болки и болести или моментални болки при продолжено одење или стоење. Зголемувањето на тежината е исто така предуслов.
Градите
За време на бременоста градите растат и се подготвуваат за доење. Покрај тоа функционалната ткиво на градите се менува, за да го обезбеди доаѓањето на мајчиното млеко. Со приближување на раѓањето градите стануваат потешки, бидејќи почнува да се произведува колострум, која е неопходен во првите 48 часа по раѓањето.
Советот на стручњаците е да се носи посебен градник, кој ќе ја задржи тежината и обемот на градите и ќе ги спречи непријатностите.
Желудникот
Приливот на киселини, кој е вообичаена појава кај бремените жени во втората половина на бременоста, предизвикува стомачни болки. Притисокот што плодот го врши врз желудникот исто е предуслов за појава на болки и непријатни чувства.
Избегнувајте храна која предизвикува или ја зголемува киселоста во желудникот, за да го намалите чувството на гадење. Не јадете мрсна, пржена и премногу тешка храна.
Грлото
Тоа е затоа што за време на бременоста имунолошкиот систем работи послабо. Овој механизам има за цел да го потисне имуниот одговор, бидејќи постои опасност имунолошката заштита да го детектира бебето како "страно тело" и да се обиде да го "неутрализира".
Токму поради тоа многу жени чувствуваат постојана болка во грлото. Можете да се обидете да се борите со патогените бактерии со педантно миење на рацете и здрава пренатална исхрана.
Главата
Хормоните на бременоста се толку сурови! Главоболката во овој период се должи на промените во нивоата на хормоните. Добро е во овој период да биде редуцирано и внесувањето на кофеин, кој уште повеќе ги влошува работите.
Масажа на скалпот и релаксирачките вежби можат да се направат да се чувствувате подобро.
21
10
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Како да го пронајдете својот животен повик?
Во одреден момент од животот сите нас нe допира пронаоѓањето на сопств...
Реакција на бебето при воведување дохрана
Воведувањето дохрана е една од фазите во првата година од родителствот...
Што кога детето сака Facebook профил?
Социјалните мрежи одамна не се „место за возрасни“. Денес, децата уште...
Како кафето влијае на бременоста?
Кафето е омилен пијалак на милиони, но кога ќе дознаете дека сте бреме...
Да бидете сакани такви какви што сте
Има нешто што сите длабоко го посакуваме, а тоа е да бидеме сакани точ...