|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Разговор со Кате @lilys.daughter.kitchen

Марина Кљајиќ Петковски, 20.9.2021
Мајка е на три деца (13,10,2), сопруга, а преку нејзиниот инстаграм профил секојдневно ни дава пристап до своето секојдневие и особено до нејзиното омилено катче каде се раѓаат сите вкусни рецепти - @lilys.daughter.kitchen

image
/11


 

На наше големо задоволство, Кате издвои време за една виртуелна кафе дружба и одговори на нашите прашања.
Рингераја: Пред с?, ти благодарам што издвои време за гостување во нашата рубрика. Како дојде до идејата за да создадеш еден ваков профил? Морам да кажам дека ме освои од првиот пост. А она што е највпечатливо е името на истиот. Зошто го избра баш тоа име? 
Кате: Благодарам за поканата и вашиот интерес за мојата пасија. Инспирација за името на истиот е мајка ми Лиле, која отсекогаш готви многу убаво и вкусно, а нејзините трпези секогаш изгледаат прекрасно средени и аранжирани, уживање за сите сетила. 
Јас долго време не пројавував интерес дека би можела да готвам, иако сите во моето семејство се големи гурмани.  
Минатата пролет кога останавме сите дома, кај мене се појави голема желба да ја совладам и вештината на готвење. Јас сум личност која е динамична, која сака предизвици, да учи и да се развива, А тогаш се појави вистинскиот момент. 
Неколку месеци подоцна на мојот пат за личен развој кај мене созреа идејата, ова мое искуство што го открив, и го унапредив, да го зачинам со инспирација и на други жени како мене. Така решив да отворам форма преку која ќе го споделувам. На мојот роденден го објавив профилот @lilys.daughter.kitchen, а неколку месеци подоцна и мојот вебсајт www.lilysdaughter.co каде што се објавуват моите рецепти и идеи за сервирање. 
2
Рингераја: Готвиш со љубов за семејството, кое како што може да се види од твојот профил, вклучува сопруг и три деца. Која е Кате во приватниот живот? Имаш ли слободно време? Како го исполнуваш? 
Кате:  Многу интересно прашање што подразбирате под “слободно време”. Моето време го распределувам за обврски како директорка на производствена компанија, мајка на три деца од сосема различна возраст и сопруга. Грижа за себе, свој личен развој, своето здравје и кондиција, а готвењето и мојата пасија ги доживувам како хоби и релаксација, а не како обврска. 
Од таму дојде и слоганот на мојот профил со кој што сакам да ги инспирирам и другите жени -  From hard to art - значи ако нешто ни било тешно на почетокот, можеме постепено да го претвориме во уметност и да ни носи уживање.
Рингераја: Поседуваш домашна библиотека која одзема здив. Кои автори може да се сретнат во неа? Кој ти е омилен жанр? 
Кате: Е, љубовта кон книгите ми е наследена од двајцата родители. Она што децата го гледаат кај нас родителите, подоцна ќе го пренесат во нивните животи. Многу читам историски биографии, книги за личен развој, а во последно време библиотеката ја полнам и со книги од врвна светска литература за готвење и креативно аранжирање. 
2
Рингераја: Беше ли девојче кое од мала уживаше во игри кои вклучуваат готвење или оваа страст ја откри подоцна во животот?
Кате:  Не, јас никогаш немав влезено во кујна (освен да направам сендвич), до минатата пролет. 
Никогаш не е доцна да започнете нешто, што е и ќе биде ваша страст. Да научите нови вештини, да освојувате нови хоризонти. 

Рингераја: Како дојде до тоа да имаш часови по готвење кај шеф Марк? 
Кате:  Патот кон успехот во која било област води преку учење и менторска поддршка. Голема љубов имам кон француската кујна,  сметав дека најсоодветна личност да ја усовршувам оваа вештина е шеф Марк.  
Неговата поддршка и совети во готвењето ми помогнаа да се усовршам во насока на она што најмногу ме интересира и што е печат на мојот бренд, а тоа е медитеранската кујна и стил на живеење. 
Рингераја: Што најмногу сакаш да подготвуваш? Имаш ли омилен рецепт? Има ли нешто што ти е на листата на кулинарски предизвик и чека на ред? 
Кате:  Немам омилени рецепти, а најмногу сакам да подготвуам нешто што ќе измами воодушевување и задоволни насмевки од моите најблиски. Секако, предизвик ми се јадења кои никогаш не сум ги пробала. Научив и да месам и сукам, како и да припремам деликатни француски десерти. 
Нареден предизвик ми е да направам ширден, кој што мојата баба го подготвуваше на феноменален начин, а мојата мајка го усоврши.
Рингераја: Имаш три деца. Колку тие се интересираат за она што мама го прави во кујната? Пројавуваат ли интерес ? Ги вклучуваш ли во подготовките? 
Кате:  Заедно ги набавуваме состојките и често одиме на пазар, за да ја развијат љубовта кон природни и свежи намирнци. Секое од моите деца има своја омилена тезга на пазарчето Буњаковец. Исто така тие уживаат да помагаат во подготовките, миење на овошјето и зеленчукот, сортирње, а понекогаш и сецкање. 
Ви велам, јас од обврската направив уживње, уметност и забава. Целото семејство уживаме во ова.  
Рингераја: Со оглед на тоа дека имаш три деца од кои едното е тодлер и често си во кујна што вклучува и дегустација на зготвеното, изгледаш фантастично. Која е твојата тајна за одличната линија? Имаш ли некој режим на исхрана, спортуваш? 
Кате:  Денот го почнувам многу рано, речиси секое утро вежбам јога уште пред да станат децата, завршувам со медитација и уживам во моето прво кафе со мојот сопруг. Не се лишувам од ниту едно јадење, меѓутоа внимавам на количината, дури и во моите вкусни десерти. 
Повремено пешачам и пливам.  
9
Рингераја: Кажи ни ја твојата приказна за бременостите и породувањата, доење, раното детство... . Како и колку те промени мајчинството?
Кате:  Имав релативно лесни бремености, и со трите деца бев на работа до последен ден. Со првото дете се породив со царски рез, а вториот и третиот пороѓај ми беа спонтани. За жал и трите деца не ми се доени повеќе од еден месец, затоа и покрај сите обиди немав доволно млеко. 
Мајчинството ме направи поодговорна, попосветена и погрижлива  личност. 
Рингераја: Кој е најдобриот совет поврзан со мајчинството кој некогаш ти го дале? Кој е твој совет до новите мајки? 
Кате: Родителството не е лесно и секој ден учам. Од се што сум слушнала, видела и доживеала лично,а во голем дел сум го научила од моите родител,  би сакала да го споделам : “Децата не се дојдени на овој свет да ги остварат нашите соништа, туку своите, а ние сме тука да им помогнеме во тоа”  и јас целосно верувам во тоа. 
Рингераја : Веќе една година живееме во пандемија која на сите ни ги измени животите. Како на вашето семејство се одрази истата?
Кате: Пред се благодарни сме што сме сите здрави и живи. Имавме можност да поминеме уште повеќе време заедно. Еве произлегоа некои убави и нови работи како @lilys.daughter.kitchen
Рингераја: На профилот споделуваш фотографии од вашите патувања. Кое е најубаво место кое сте го посетиле? Која дестинација ти е неостварен сон? 
Кате: Јас нашите патувања повторно ги доживувам преку моите активности со @lilys.daughter.kitchen, готвењето, сервирањето како да сме некаде на Азурниот брег или брегот на Амалфи, што ми се најомилени места. Желба ми е тоа да го поттикнам и кај другите жени. 
Неостварен сон и голема желба ми е да го посетиме Рио де Жанеиро.

Рингераја: Летово бевте  на семеен одмор. Какво беше патувањето со три деца? 
Кате:  Весело, како и секое ново искуство, бара  и нови вештини. Прв пат имавме можност да патуваме со сите три деца и беше доста интересно, и на моменти предизвикувачко. Децата се на различна возраст и секое од нив има различни потреби. Секако сите уживавме и добро се одморивме. Секој уживаше на свој начин. 
1
Ти благодариме за издвоеното време, уживавме во разговорот со тебе исто колку што секојдневно уживаме во твоите објави на инстаграм.
Ти посакуваме многу успеси на сите полиња и во иднина.
А вам драги читатели, толпа препорака да го заследите прекрасниот инспиративен инстаграм профил на Кате lilys.daughter.kitchen

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вештачката интелигенција ги управува апара...
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќинството имаат функции напојувани од алгоритми за ...
8
Дренвин - Извонреден природен помошник про...
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле производот и забележале значителни подобрувања во нив...
4
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Соф...
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петковска опстојува веќе четири години. Оваа година, на ...
4
Релаксирана бременост
Бременоста во животот на една жена е исклучителен период и зависно од чувствителноста и нејзиниот карактер може да ја до...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?